КошаркаМЗТ Скопје со амбиции за пласман меѓу осумте најдобри во АБА лигатаМакедонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром е подготвен за стартот на новата сезона во регионалната АБА лига закажан за в петок кога во „СЦ „Јане Сандански“ ќе гостува Партизан.Амбициите на клубот се двојната круна на домашна сцена како и место меѓу осумте најдобри и учество на идниот Суперкуп од АБА. - За мене предизвикот ќе биде поголем затоа што нема да ги имаме истите услови во минатото. Но, не секогаш буџетот има пресудно влијание на резултатите. Наша идеја како стручен штаб, со четири странци во ростерот е да направиме резултат во АБА подобар од минатите години. Би сакал да го видиме МЗТ на следниот Суперкуп во Бар, што значи дека целиме на пласман меѓу најдобрите осум. Би сакал да ги видам „Фемили Аеродром“ на трибините, особено задутре против Партизан. Секогаш е многу поубаво да ги слушнеш сопствените фанови како те бодрат отколку во своја сала да слушаш гостински навивачки песни, затоа и јас лично ги повикувам Фемили да дојдат и да ни дадат поддршка, изјави тренерот Александар Тодоров. Слични се размислувањата на новата аквизиција, Бојан Трајковски, кој исто така верува во освојување на двојната круна со помош на навивачите на трибините. - Се надевам дека навивачите ќе се вратат и конечно салата „Јане Сандански“ ќе заличи како што треба. Ние ќе даваме максимум, ќе играме со срце и се надевам дека со победи ќе успееме да ја вратиме и публиката на трибините. Потребна ни е поддршка, за да се кренеме на повисоко ниво на сите натпревари кои нѐ очекуваат. Во домашното првенство атакуваме на двојна круна, тоа воопшто не е тајна одека во АБА-лигата сакаме подобар пласман од минатата година. Сите екипи се засилија, имаат добар ростер на играчи и ќе биде навистина тешко. Скратен е буџетот на МЗТ, има многу повеќе домашни играчи и ќе биде тешко, но ќе се бориме, изјави Трајковски./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДржавниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евраОсумнаесет нови возила, донација од ЕУ, беа промовирани денеска, а кои се за потребите на државниот инспекторат за транспорт. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија, посочувајќи дека сега вработените ќе може да ги има на секоја точка од државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУставен одговори на протестот на ДУИ за преименуваните улици во ТетовоГруба политизација со апрсурдни и бесмислени напади упатени кон Уставниот суд...Вака првиот човек на Уставен Дарко Костадиновски го оцени протестот организиран од ДУИ поради преименувањето на улиците во Тетово, кои беа укинати со одлука на судот. Порача дека ваквите протести се насочени против владеењето на правото, а нападите од партиите за работата на судот кои како што посочи Костадиновски траат од почетокот на неговиот мандат ги смета за комплименти и смета дека тие се доказ дека Уставен добро си ја врши работата. Порача дека судот ја донел одлуката во во законски пропишана постапка. Уставниот суд како што најави Костадиновски наскоро ќе постапува по иницијативата за намалените плати на јавните обвинители. Според него нивните примања треба да бидат усогласени со нивниот статус, обврски и должности. За ниската доверба во правосудството Костадиновски прстот го впери во дел од обвинителите и судиите но и во извршната власт и нејзината супериорна надмоќ на над другите власти, како и во ниската политичка култура. За начините на зајакнување на довербата во правосудството ќе се разовара и на меѓународна конференција на Балканскиот форум на уставни судии со кој во измнатата година претседава македонскиот уставен суд, а на која ќе бидат споделени искуствата авта од над 30 уставни судови. Конференцијата ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРокас: Се надевам дека многу работи за македонските евроинтеграции се прават зад радаротОчекувам Македонија да го следи примерот на четирите земји кандидатки кои денеска вОчекувам Македонија да го следи примерот на четирите земји кандидатки кои денеска во Брисел отворија или затворија пглавја и кластери и да го искористи расположението за пропирување во унијата – рече ЕУ амбасадорот во земјава Михалис Рокас прашан која е неговата порака за Македонија чии почеток на преговори е усовен со носењето на утавните измени.... „ Значи веќе имаме притиснато, згазено на гас. Значи веќе има четири земји со коишто процесот на проширување оди многу брзо. Ние искрено се надеваме дека и Македонија ќе може наскоро може да ги почне пристапните преговори и кога ова ќе се случи целиот моментум ќе се промени и убеден сум дека ќе го зграпчи тој моментум брзо. “- Михалис Рокас – ЕУ амбасадор. По денешниот исчекор во преговите на Украина, Молдавија, Црна Гора и Алабнија, лидерот на опозцииската СДСМ Венко Филипче повторно упати низа критики до Владата за нејзните политки поврзани со европскиот напредок на државата. „Вчера имаше средба во Париз по повод националниот ден на Франција и таму на местото каде се собрани сите европски лидери ние сме претставувани од вицепремеирот Беким Сали. Немам забелешка на протоколарниот дел но да не биде присутен на местото каде се сите европски лидери и може да ги искористи за да се бори за државата но избира да не оди таму. Само уште еден показател дека овој премиер за Македонија не се бори.“ - Венко Филипче – претседател на СДСМ. Во однос на исполнувањето на реформаската агенда чии рок истекува утре а изборниот законик и натаму е во ќорсокак – Рокас е оптимист дека и последната реформа може да се донесе во последен момент. Тој рече дека има инфомрација оти координаторите разговараат на дневна основа и дека се надева дека ќе постигнат консензус. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter