МЗТ Скопје поразен во Гевгелија

Во македонската кошарка сезонава веќе нема непоразени екипи. Бранителот на титулата МЗТ Скопје во Гевгелија од одличниот Кожув го претрпе премиерниот пораз на домашната сцена сезонава .


Во уште еден одличен натпревар со поддршка од публиката кошаркарите на Кожув го победија и големиот МЗТ Скопје со 83-80.
Поранешниот член на металците Игор Мијајловиќ во последниот напад ја презеде одговорноста и со кош го реши прашањето на победникот на големото дерби.
МЗТ Скопје во последните минути остана без искусните Гечевски и Оташевиќ( Гечевски се повреди а Оташевиќ ја заработи петтата лична грешка ) што домаќините знаеја да го искористат и да ја запишат четвртата победа во досегашните 6 кола од Супер Лигата.

Во победничкиот тимм одлично одиграа и Миладин Пековиќ и Слободан Божиќ кои со по 19 односно 18 поени беа најефикасните кошаркари во редовите на Кожув.
Прв стрелец на дербито беше центарот на МЗТ скопје Ѓорѓи Чековски со 22 поени.
И покрај поразот МЗТ Скопје останува на врвот на табелата во Суперлигата со скор од 5 победи и 1 пораз , пред Кожув и Работнички со четири победи и два порази.
Во преостанатите две средби од 6 коло Работнички како гостин во Сарај ја совлада Лирија со 89-81 , а Куманово пред својата верна публика славеше победа над Фени Индустри од 91-86.
По 6 кола МЗТ Скопје е лидер со скор од 5-1, пред Кожув и Работнички со 4-2, по нив се Куманово и Фени И. Со 2-4 , на последното 6 место е Лирија со само една победа.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер