Промовирана апликацијата за дигитални документи – личната карта и возачката отсега и на мобилните телефони
2Промовирана апликацијата за дигитални документи – личната карта и возачката отсега и на мобилните телефони
КошаркаМЗТ Скопје – Кожув дербито на 1 коло во Суперлигата низ директен пренос на Канал 5 +Од утре започнуваат вистинските возбудувања во македонската кошарка. Стартува Суперлигата, од која Канал 5 + ќе врши редовни директни преноси, почнувајќи од натпреварот меѓу актуелниот шампион МЗТ Скопје и лидерот по првиот дел Кожув утре во 19 часот и 30 минути. Покрај враќањето на МЗТ во домашното првенство утре против Кожув, Суперлигата почнува со уште два натпревари. Јован Марковски ќе го има дебито за Фени Индустри на домашен терен во Кавадарци против тимот на Куманово од 19 часот, во последниот натпревар меѓу овие два тима имаше и продолженија, а во салата Градски парк Работнички е домаќин на Лирија, тренерот на најтрофејниот клуб во земјава Емил Рајковиќ најави дека неговиот тим ќе се бори за плејофот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗначајни средби на директорот на македонската финансиска полицијаЗначајни средби на директорот на македонската финансиска полиција, на свечената церемонија за затварање на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во САД.На завршниот дел на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во Орландо, Флорида, директорот Ивановски оствари средби со директорот на ICITAP- Грегори Дукот, помошник-директорот на ICITAP- Стив Филдс, како и со високата претставничка на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законот (INL) при Стејт демартментот на САД, Лесли Зиман. Овој настан претставува исклучителна можност за размена на искуства, споделување добри практики и унапредување на меѓународната соработка во полето на откривање и справување со финансискиот криминал и борба против корупцијата. Конструктивните дискусии и сесии со претставници на меѓународните безбедносни структури, споделување искуства со релевантни институции и средби со еминентни професионалци во оваа област, претставуваат важна потврда на партнерството, институционалната посветеност и заедничко делување во насока на остварување на стратешките цели на Управата. Во рамки на свеченатa церемонија, на т.н. Годишен банкет на IACP 2026, беше избран и новиот претседател на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во САД, началник Вил Џонсон, како и новите членови на Извршниот одбор. Конференцијата заврши со пригодна прослава, посветена на заслужни признанија и лидерство. Поддршката од страна на САД и ICITAP, во процесот на дигитализација на оперативните истраги и координирани заеднички акции се од особен интерес и значење за Управата за финансиска полиција. Директорот на институцијата, останува посветен на примена на стекнатите знаења и искуства, за унапредување на ефикасноста и квалитетот во работењето. Управа за финансиска полицијаТагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаПромовирана апликацијата за дигитални документи – личната карта и возачката отсега и на мобилните телефони „Доколку апликацијата добро си ја врши својата работа ќе имате помалку причини за посета на институција.“Вака преку робот на екранот наречен „Диги“ што наликува на поранешниот дигитален асистент Ада, владините претставници ја промовираа апликацијата „Муслуги“ која има за цел државните услуги и личните документи, за почеток личната карта и возачката дозвала „да се преселат во мобилниот телефон“ и да служат како електронски паричник за граѓаните да можат да ги користат и да пристапуваат до електронски услуги од јавната администрација. Целта е услугите да бидат подостапни, а потребата од одење на шалтер да се намали. Успехот на апликацијата нема да се мери според бројот на преземања, туку според завршените услуги и заштеденото време, порача на промоцијата Премиерот Христијан Мицкоски. Еврокомесарот Михалис Рокас ги поздрави направените чекори кон дигитализацијата и исполнувањето на дел од обврските од европската агенда. Апликацијата „М услуги“не можае преку ноќ да започне со целосна примена, сето тоа ќе се работи во фази и неоходна е адаптација, а и менување на правилниците на администрацијата, порача Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски. „МУслуги“ треба постепено да го олесни пристапот до државните услуги, но колку навистина ќе им го скрати патот и времето на граѓаните до институциите, ќе покаже практичната примена. Дотогаш, дигиталната лична карта и возачката дозвола ќе бидат само првиот чекор кон администрација во која работите ќе можат да се завршат со неколку клика на телефон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерствоПретседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот. Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00