МЗТ Скопје ја пречекува Цибона во АБА лигата - Канал 5

МЗТ Скопје ја пречекува Цибона во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе ја пречекаат екипата на Цибона во рамките од 7.коло на АБА лигата.

МЗТ Скопје ја пречекува Цибона во АБА лигата
Аеродромци се во обид да ја постигнат третата победа во серија во регионалното натпреварување. Цибона во досегашните три гостувања, трипати е поразена оваа сезона, а МЗТ на двата домашни дуели забележа победи.

- Ни доаѓа екипата на Цибона, која е составена од неколку искусни играчи, а воедно и неколку млади и талентирани играчи. Секој противник го респектираме, па така е и со Цибона, меѓутоа ние како МЗТ Скопје се гледаме себеси и нашата игра. Сигурен сум дека ќе го дадеме својот максимум и дека тоа ќе биде доволно за триумф.

Ги повикувам сите наши фанови да дојдат и да ни дадат поддршка затоа што со нив сме многу посилни, изјави Марко Љубичиќ организаторот на играта на македонскиот шампион.

МЗТ Скопје и на овој меч против Цибона, поради повреди нема да може да смета на Немања Протиќ и Марко Симоновски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

 Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти  портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар.

„Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка.

Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP).

Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер