8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада
18 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
КошаркаМЗТ Скопје и следната сезона во АБА лигата Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, ќе биде дел од АБА лигата и следната сезона без разлика на крајниот епилог во домашното првенство.На Собранието на регионалното натпреварување одржано во Загреб, беше договорено лигата да се „затвори“ и листата на учесници однапред да се одреди без разлика на пласманот во националните шампионати. Челниците на клубовите решија да го намалат бројот на екипи од 14 на 12 со цел да се засили квалитетот како и поради проблемите со календарот со оглед на новиот систем квалификации за Мундобаскетот во Кина. Така во следната сезона сигурно ќе учествуваат по четири екипи од Србија, три од Хрватска, две од Црна Гора и по една од Словенија, БиХ и Македонија. Со оглед на фактот што единствено Кошаркарската лига на Србија (КЛС) ја има признато АБА лигата, единствено кај нашиот северен сосед пласманот ќе биде репер по кој ќе се одредат тимовите кои ќе настапат во следната сезона. Останатите екипи веќе се одредени, а тоа се Цедевита, Задар, Цибона, Будуќност, Морнар, Унион Олимпија, Игокеа и МЗТ Скопје Аеродром. Причина за ваквата одлука е фактот што ниту една од националните федерации не ја признава АБА лигата, а со цел да се заштитат интересите на тимовите кои важат како основачи на ова натпреварување. На Собранието во Загреб е решено да се организира и „Суперкуп“ во Бар кон крајот на септември на кој ќе настапат домаќинот Морнар, четирите најдобри екипи од плејофот (Црвена Звезда, Партизан, Цедевита и Будуќност) како и една или три екипи (постојат варијанти со шест и со осум екипи) кои би добиле специјална покана. Истовремено, решено е да се формира младинска АБА лига на која ќе настапат кошаркари до 19 годишна возраст, која би се играла според турнирски систем. Исто така, најавен е почеток на проектот за формирање Втора лига во која секоја од шесте земји би имала по двајца претставници. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасадаОсум месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје. Инцидентот што се случи на 15 јуни годинава. Пресудата е за кривично дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита. 44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата. Инцидентот предизвика осуда од македонските власти и зголемени тензии и реторика меѓу Скопје и Софија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПознати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028,Македонија во третиот шешир По одигрувањето на сите преостанати натпревари во Лигата на нации, познат е составот на сите шешири за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по очајните резултати во Лигата на нации е во третиот шешир, што значи дека за противници во квалификациите не може да ги добие селекциите на Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија.... Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 7 декември во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, еден од кодомаќините на ЕУРО 2028 заедно се Велика Британија., Составот на шеширите е следен: Прв шешир: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Холандија, Грција, Италија, Белгија, Данска, Германија, Хрватска, Норвешка Втор шешир: Велс, Чешка, Србија, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Ирска, Унгарија, Ирска Трет шешир: Македонија,, Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија, Словачка, Црна Гора, Исланд, Албанија Четврти шешир: Белорусија, Финска, Кипар, Естонија, Бугарија, Луксембург, Фарски Острови, Ерменија, Молдавија, Казахстан, Латвија, Сан Марино Петти шешир: Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн . Термините за одигрување на квалификациските кола за Европското првенство 2028 се следни: 1. коло: 26–27 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 2. коло: 29–30 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 3. коло: 11–12 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 4. коло: 14–15 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 5. коло: 23–25 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 6. коло: 26–28 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 7. коло: 30 септември – 2 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 8. коло: 3–5 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 9. коло: 11–13 октомври 2027 г. Ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) 10. коло: 14–16 ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) . Полуфиналните натпревари од плеј-офот се играат од 23 до 25 март 2028 година, а финалето од плеј-офот – од 26 до 28 март.Тагови: ЕУРО 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветВидео: И Трамп пристигна во ШенженПретседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Шенжен, град во јужната кинеска провинција Гуангдунг, каде што ќе присуствува на дводневниот 33-ти самит на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).Претседателот на Кина Си Џинпинг лично го пречека Трамп на аеродромот во Шенжен. Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако ја презеде функцијата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави. Трамп инаку е првиот американски претседател кој го посетил овој град во Кина за време на неговиот тековен мандат. Шенжен инаку е еден вид престолнина на вештачката интелигенција (ВИ) и кинески одговор на Силиконската долина, каде што се наоѓаат кинеските технолошки гиганти, според CNN. Le président américain Donald Trump est arrivé ce mercredi matin à Shenzhen, dans le sud-est de la Chine, où il doit participer ce jeudi à un sommet inédit avec ses homologues chinois Xi Jinping et russe Vladimir Poutine en marge d'une réunion régionale, dans #HDPros https://t.co/9PGj1PhS60 — CNEWS (@CNEWS) November 18, 2026 Се очекува Трамп во Шенжен да оствари историска средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, а невидената трилатерална средба е закажана за утре. Пред Трамп, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шенжен, а тој веќе се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми. Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости.Тагови: Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook