Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност
2Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност
КошаркаМЗТ Скопје и Работнички финалната серија од плеј офот ќе ја играат во арената Борис Трајковски Двата најтрофејни кошаркарски клуба во Македонија, бранителот на тронот МЗТ Скопје и 14- кратниот шампион Работнички се договорија целата финална серија од плеј офот во три добиени средби да се игра во нашата најголема сала , арената Борис Трајковски во Скопје.Раководствата на МЗТ Скопје и Работнички денеска одржаа состанок на кој договорија заедничка организација на финалните натпревари. Сите мечеви од годинешното финале ќе се играат во нашата најголема сала, односно СЦ Борис Трајковски. Двата тима излегоа со заеднички заложби финалето во домашното кошаркарско првенство да помине во беспрекорна организација, со фер и коректно навивање на двете страни. Сите обиди за инциденти и за нарушување на безбедноста ќе бидат осудени и од двата клуба, а во исто време најстрого санкционирани од органите за безбедност. На средбата беа договорени и термините за финалните средби и цените на влезниците. Серијата започнува во вторник (27.05.2014) во 19.30ч, а потоа продолжува во четврток (29.05.2014), недела (01.06.2014), вторник (03.06.2014) и петок (06.06.2014). Влезниците за овие дуели ќе бидат со цена од 100 денари за горните трибини и 150 денари за партерните трибини и истите ќе бидат дистрибуирани преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС, стои во заедничкото соопштение од МЗТ Скопје и Работнички. Претставниците на финалистите ги повикуваат сите искрени љубители на кошарката да присуствуваат на престојаните натпревари и заеднички да придонесат вечното дерби да биде празник на кошарката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТоплотниот бран пристигнува и во МоскваТоплотниот бран пристигнува и во Москва, еве ги очекуваните температури во руската престолнина.Москва се подготвува за топлотен бран што ќе трае до почетокот на втората декада од август, при што температурите утре ќе достигнат 32 степени, а во петок 33 степени, соопшти Московскиот метеоролошки институт. За градот веќе е издадено портокалово предупредување за опасни временски услови, што подразбира ризик од природни непогоди и штети. Ова предупредување важи до вечерните часови на 7 август. Се очекува температурите во Русија да го надминат прагот за „голема жештина“, кој за Москва изнесува 30 степени Целзиусови, додека за другите региони тој праг е 35 степени. Рускиот хидрометеоролошки центар појаснува дека поимот „голема жештина“ се однесува на периодот меѓу мај и август, кога температурата ги достигнува или надминува овие вредности. Во меѓувреме, температурата на главната метеоролошка станица во Москва, лоцирана во ВДНХ, во средата се спушти под 30 степени и изнесуваше 28,1 степен Целзиусов.Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПоранешниот селектор на Хрватска, Далиќ доби фантастична плата во ОАЕ!Фудбалскиот стратег Златко Далиќ ќе стане нов селектор на Обединетите Арапски Емирати по завршувањето на неговиот мандат на клупата на Хрватска.Како што потврдија „Спортске новости“, хрватскиот селектор дефинитивно заминува на „Емирати“, каде што ќе започне ново поглавје од својата тренерска кариера. Според неофицијални информации, Далиќ ќе заработува пет милиони евра годишно, без бонусите. Тоа е речиси трипати поголема плата од онаа што ја имаше во Хрватскиот фудбалски сојуз, па така тој ќе стане најплатениот хрватски тренер во историјата. Со Далиќ во Емиратите треба да замине и Даниел Субашиќ. Поранешниот голман на хрватската репрезентација ќе биде задолжен за работа со голманите во стручниот штаб. Посебна улога треба да има и искусниот Бранко Иванковиќ, кој ќе стане советник во Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!Изјавата на министерката за образование дека оваа учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку е најтешката оценка за политиките на Владата. Ова не е само статистика, ова е аларм дека Македонија забрзано се празни. Додека министерката се обидува да ја претстави државната матура како успех, вистинското прашање е: кому ќе му предаваме утре, ако секоја година имаме илјадници деца помалку? Не може да се зборува за успешен образовен систем кога училиштата остануваат без ученици, а младите ја напуштаат државата. Демографскиот пад е директна последица на погрешните политики, економската несигурност, недовербата во институциите и отсуството на визија. Секоја година со помалку првачиња значи помалку млади луѓе, помалку работна сила и послаба иднина за Македонија. Либерално-демократската партија предупредува дека ова не смее да се третира како обична бројка во извештај. Потребна е итна национална стратегија за демографска обнова и поддршка на младите како и донесување на конкретни мерки за создавање услови за граѓаните да останат и да ја градат својата иднина дома.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter