МЗТ Скопје и Кожув вечерва во Борис Трајковски ја започнуваат битката за тронот - Канал 5

МЗТ Скопје и Кожув вечерва во Борис Трајковски ја започнуваат битката за тронот

Вечерва во спортската арена Борис Трајковски во Скопје бранителот на титулата МЗТ Скопје и најдобриот тим од регуларниот дел на првенството Кожув со директен пренос на Пет Плус ја отвораат финалната серија до четири победи во кошаркарскиот плеј оф.

МЗТ Скопје и Кожув вечерва во Борис Трајковски ја започнуваат битката за тронот
Актуелниот шампион МЗТ Скопје во ова големо финале против дебитантот во завршницата Кожув влегува како благ фаворит, поради квалитетот на тимот и поголемото искуство на кошаркарите во вакви финални средби.

Избраниците на Пипан финалната серија ја очекуваат по одморени од нивните ривали од Гевгелија, металците полуфиналето против Фени Индустри го завршија експресно уште во вторникот по само две средби, за разлика од нив Кожув последниот дуел во полуфиналето против Работнички го одигра во петокот вечер по што во Гевгелија се славеше историското прво финале.

Марјан Србиновски предводникот на Кожув презадоволен од досегашните резултати и покрај заморот најавува долга серија во финалето . Кожув е единствениот тим сезонава на домашната сцена кој успеал да го победи актуелниот шампион МЗТ Скопје.

Играчки МЗТ Скопје има поквалитетен тим но секако ,металците тој квалитет ќе мора да го покажат и на теренот.
Ако Кожув успее да го запре ударното трио на металците Гечевски, Чековски и Дамјан Стојановски ,гевгеличани може да се надеваат на долга серија. Србиновски на клупата како ниту еден друг супер лигаш од Македонија има неколку квалитетни и силни центри кои покажаа дека може да му парираат на репрезентативниот центарски тандем на МЗТ Гечевски -Чековски .

Одбраната на МЗТ Скопје пак во оваа финална серија најголем проблем се очекува да има од својот поранешен член бекот Игор Мијаловиќ од непредвидливиот Димитар Караџовски и од силниот центар Слободан Божовиќ.
Финалето започнува од 19 часот во Борис Трајковски пет минути порана на Пет Плус телевизија стартува директниот пренос од ова големо финале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хајди Клум повторно во топлес

Славната манекенка и топ модел Хајди Клум повторно привлече внимание со провокативни фотографии што ги објави на социјалните мрежи. 

Фото: Хајди Клум повторно во топлес

Својата слободна недела ја поминала релаксирајќи се покрај базенот, каде што позира без горниот дел од костимот за капење во топлес , а покрај фотографијата напиша едноставно: „Неделаааа“.

Клум го користи секој слободен момент за одмор и релаксација, а редовно ги почестува своите следбеници со фотографии на кои ужива во сончањето.

За оние што ја следат со години, ваква глетка не претставува никакво изненадување.

Манекенката и претходно има објавувано свои фотографии на кои се сонча топлес, а во минатото објаснила дека ваквиот начин на сончање е прилично вообичаен во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

-Мини-фустанот малку криеше.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг.

Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание.

Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња.

Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките.

Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации.

Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Организираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. 

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Касно е за перење.

Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ.

Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО.

Граѓаните паметат и знаат.

Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап.

Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште.

Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија.

Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски .

Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ.

Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот.

Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ.

Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО.

Но ние знаеме зошто е паниката.

Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност.

Скопје, 27.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер