3Националната единица за борба против криминалот од свети николе поднесе кривична пријава против скопјанка
КошаркаМЗТ Скопје домаќин на ИгокеаМакедонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечер пред својата публика ја пречекува екипата на Игокеа во натпревар од 24.коло на регионалната АБА лига.Императив за тимот на МЗТ Скопје А. е победа со која и на две кола до крајот би можеле да го обезбедат опстанокот во регионалната лига, имајќи во предвид дека триумф би им донел предност од две победи повеќе во однос на екипите на Крка и Задар кои се на последните две позиции. Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Игокеа кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 21 часот, е еден од трите кои се играат денеска во АБА лигата. Во истиот термин ќе започне и средбата Мега Лекс – Партизан, а претходно во терминот од 18 часот ќе старува мечот меѓу лидерот и актуелен шампион Црвена Ѕвезда и Унион Олимпија. Оваа рунда во АБА лигата ќе биде заокружена во среда со натпреварот Задар – Цибона. Табела: Црвена Ѕвезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 18-6, Будуќност 17-7, Партизан 17-6, Цибона 12-11, ФМП 10-14, Игокеа 11-12, Олимпија 10-13, Карпош Соколи 9-15, Мега Лекс 9-14, МЗТ Скопје Аеродром 8-15, Морнар 8-16, Крка 7-17 и Задар 7-16. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври12:02Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
МакедонијаВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомвриВладата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомвриВладата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати. Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати. По усогласување на одлуката во рамки на владините процедури истата ќе биде доставена до Собранието на разгледување и донесување, согласно законските надлежности.Тагови: Владата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЌерката на Роџер Федерер во врска со синот на неговиот противник?Сè почести се гласините дека синот на Лејтон Хјуит е во врска со една од ќерките-близначки на Роџер Федерер и дека Круз и Мила се заедно...Дали на повидок е нова тениска романса – меѓу синот на Лејтон Хјуит и ќерката на Роџер Федерер? За ова се зборува веќе некое време, особено по Вимблдон. Таму, Круз Хјуит го загуби мечот во финалето на јуниорскиот турнир, а притоа помина многу време со Мила и Шарлин Федерер. Токму за ова пишуваше британскиот „Дејли мејл“, наведувајќи дека постојат информации оти Круз и Мила се во врска и дека поминале многу време заедно на Вимблдон. Круз има 17 години (роден на 11 декември 2008 година), додека Мила Роуз и Шарлин Рива се близначки родени на 23 јули 2009 година. Според тоа, тој наскоро ќе стане полнолетен, додека тие две наскоро ќе го прослават својот 17-ти роденден. Нивните семејства се блиски и тие се познаваат уште од детството. Беа заедно на турнирот „Австрија опен“, а британскиот портал исто така тврди дека Мила била присутна на финалето на Вимблдон, каде што Круз играше и загуби од квалификантот Џордан Ли. Тагови: Роџер Федерер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗабележана најголемата бела ајкула - „Ѕверот“ од 770 килограми се врати од длабочинитеПо неколку месеци без никаков сигнал, најголемата голема бела ајкула некогаш забележана во Атлантскиот Океан повторно е видена, а експертите сметаат дека таа се упатува кон север во потрага по храна.„Контендер“, најголемата голема бела ајкула некогаш регистрирана во Атлантскиот Океан, повторно е забележана по неколкумесечно отсуство од системите за сателитско следење. Ајкулата, која е долга повеќе од четири метри и тешка околу 770 килограми, последен пат била регистрирана во април во близина на заливот Памлико Саунд во американската сојузна држава Северна Каролина, по што исчезнала од радарите бидејќи нурнала на големи длабочини. Истражувачкиот тим на OCEARCH, кој ги следи движењата на големите бели ајкули, минатата среда изјави дека тракерот повторно испратил сигнал. Сепак, станува збор за слаб сателитски сигнал, познат како „Z-пинг“, што значи дека перката на ајкулата не била над површината на водата доволно долго за уредот да испрати прецизни податоци за нејзината локација. Поради ова, истражувачите во моментов не можат со сигурност да утврдат каде се наоѓа ајкулата. Врз основа на претходните истражувања и шемите на миграција на големите бели ајкули, експертите веруваат дека „Контендер“ (Contender) би можела да се упати кон Кејп Код во американската сојузна држава Масачусетс или кон бреговите на атлантскиот дел на Канада. Според организацијата OCEARCH, големите бели ајкули во западниот дел на Северниот Атлантик редовно мигрираат кон север во потрага по храна во текот на летото и раната есен. „Кејп Код и атлантскиот дел на Канада нудат соодветни температури на морето и изобилство од плен, првенствено фоки и големи видови риби“, соопштија од OCEARCH. ONE YEAR. ONE GIANT. 🦈 CONTENDER, the largest male white #shark ever tagged by #OCEARCH in the W. N. Atlantic, was tagged 1 year ago! His pings have provided critical insight into the movement & behavior of mature male white sharks.#FactsOverFear #SharkTracker pic.twitter.com/jvDIjMXASo — OCEARCH (@OCEARCH) January 17, 2026 Изминати повеќе од 11.000 километри Ајкулата „Контендер“ беше означена со сателитски уред во јануари 2025 година во Северниот Атлантик, недалеку од бреговите на американските сојузни држави Џорџија и Флорида. Оттогаш, според истражувачите, таа има изминато повеќе од 7.000 милји (околу 11.300 километри) долж источниот брег на Северна Америка, што ја прави една од најследените големи бели ајкули во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври12:02Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08