МЗТ Скопје Аеродром значително ослабен ја пречекува Цедевита - Канал 5

МЗТ Скопје Аеродром значително ослабен ја пречекува Цедевита

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром се соочува со сериозни проблеми пред вечерашниот дуел на домашен терен со хрватска Цедевита во рамки на 3. коло од кошаркарскиот Еврокуп, со оглед што тренерот Александар Јончевски за оваа средба нема да може да смета на дури тројца стандардни првотимци.

МЗТ Скопје Аеродром значително ослабен ја пречекува Цедевита
Поради повреди, средбата ќе ја пропуштат Шарлон Клоф, Ѓорѓе Дреновац и Марко Симоновски, што значи дека македонскиот тим ќе биде исклучително ослабен на надворешните позиции, кои и онака беа најтенкиот дел од составот на „металците“. Холандскиот интернационалец има истегнување на препоните, непријатен спомен од неодамнешниот меч против Карпош Соколи на кој Дреновац ја обнови повредата на бутниот мускул на десната нога.

Симоновски, пак, има истегнување на задната ложа поради што не настапи на дуелот против „соколите“. Првичните лекарски прогнози се дека тројцата ќе бидат најмалку десетина дена отсутни од тренажниот процес на МЗТ Скопје Аеродром, со тоа што би можело паузата дополнително да биде продолжена во зависност од успешноста на рехабилитацискиот период.

- Ќе ни биде многу тешко утре против Цедевита, бидејќи ќе играме без тројца првотимци. Сега имаме само четири играчи на позициите еден, два и три, од кои двајца се уште се младинци. Но, нема однапред да се предадеме и покрај големите проблеми, туку ќе дадеме се од себе и ќе пробаме да го изненадиме силниот противник, кој зад себе има искуство и од настапи во престижната Евролига, вели тренерот Јончевски.

Отсуството на Клоф, Дреновац и на Симоновски ќе значи и поголема шанса за младите Адем Мекиќ и Андреј Цветковски, кои сигурно ќе добијат голема минутажа на утрешниот дуел.

Средбата почнува од 19 часот во салата „Јане Сандански“, а судии ќе бидат Јанис Фуфис (Грција), Ерсан Картал (Турција) и Ингус Бауманис (Летонија). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза!

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности.

✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план.

🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина.

Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер