МЗТ Скопје Аеродром поведе против Пелистер во финалната серија за шампионската титула - Канал 5

МЗТ Скопје Аеродром поведе против Пелистер во финалната серија за шампионската титула

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа во финалето од плејофот за шампионската титула во македонската Суперлига, откако вечерва во воведниот натпревар го совладаа Пелистер на домашен терен со 84-64 (41-29).

МЗТ Скопје Аеродром поведе против Пелистер во финалната серија за шампионската титула

Актуелниот шампион стекна резултатска предност во втората четвртина која со серија од 13-0 ја реши во своја корист со 23-11 и без поголеми проблеми во второто полувреме го приведе натпреварот до самиот крај.

Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Американецот Абдул – Малик Абу со 20 поени.

Финалната серија се игра до три победи, а вториот натпревар, исто така, ќе се игра во салата „Јане Сандански“, на 31 мај од 19 часот.

Серијата потоа се сели во Битола, а МЗТ Скопје би бил домаќин на евентуалната мајсторка.

Тимот од Аеродром ќе се обиде да ја освои јубилејната десетта шампионска титула, додека со евентуален триумф Пелистер прв пат во клупската историја ќе слави шампионска титула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес што ја погоди земјата.

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени

„Јас лично ќе бидам на чело на оваа национална криза и неуморно ќе патувам низ земјата за да ги преземам неопходните мерки“, напиша претседателот Абелардо Де Ла Есприеља на платформата Х.

Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи вчера во општината Сан Хозе дел Палмар, околу 250 километри северно од главниот град Богота.

Според првичните податоци на владата, загинале повеќе од 110 лица, а над 1.500 објекти моментално се ризични за живеење.Како итна мерка, владата испрати војска која ќе учествува во потрагата по преживеани под урнатините.

Земјотресот ги погоди најсиромашните региони на земјата. Големи делови од регионот, исто така, се под контрола на вооружени групи.

Десетици згради се урнати во западниот дел од Колумбија, земјотресот био почуствуван и во Еквадор и Венецуела.

Се проценува дека бројките на загинати и повредени ќе растат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната

Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје.

Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение  за ограничениот престој во Шенген-зоната

Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена.

На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Превозниците веќе испратиле писмо до Европската унија со барање за директна средба со цел надминување на проблемот со кој се соочуваат.

Тие го поставија 10 август 2026 година како рок до кој очекуваат од брисел да каже како ќе се реши статусот на професионалните возачи, но засега останаа без конкретен одговор.

Министерот за транспор Николоски минатиот месец изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан бидејќи, според него, ова прашање се злоупотребува од дел од нив за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ дизелот поевтин за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

Големо намалување на цените на дериватите.

Од полноќ дизелот поевтин за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

По неколкунеделен пораст од полноќ цената на дизелот падна за осум денари. Со новата одлука на Регулаторна и оваа недела се намалува цената на бензините, и тоа за 4 денари за литар. Новите намалени цени се пресметани со пониските акцизи..

Новата цена на Еуросупер -95 од ноќеска на полноќ изнесува 87 денари додека на Еуросупер -98 е 89 денари за литар. Дизелот од полноќ се продава по цена од 91,5 денари за литар

Од владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер