МЗТ Скопје Аеродром нема да се откаже од настапот во Еврокупот - Канал 5

МЗТ Скопје Аеродром нема да се откаже од настапот во Еврокупот

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром преку соопштение испратено до медиумите ја информира јавноста за својата решеност да продолжи со настапот во престижниот Еврокуп, пред се, како што стои во обраќањето, поради фактот што тоа е во интерес на македонската кошарка во моментите кога репрезентативните селекции бележат катастрофални резултати на сите полиња

МЗТ Скопје Аеродром нема да се откаже од настапот во Еврокупот
Во соопштението на македоскиот шампион стои:

Читајќи го последниот допис од ФИБА Европа (приложен со ова соопштение), не гледаме толку ригорозни ставови во врска со евентуална казна на клубовите кои настапуваат во Еврокупот, како што некој сакаше тоа да го претстави на денешниот состанок на УО на МКФ. Во него се споменува дека екипите што играат под капата на УЛЕБ немалo да ги пуштаат своите репрезентативци, без да се дообјасни дека таквото нешто би можело да се случи дури следната сезона, а не оваа во која се спори нашиот настап во Европа. Згора на тоа, во дописот никаде не е конкретно наведено дека е загрозено учеството на репрезентацијата на Македонија во натпреварите во кои треба да се бориме да не испаднеме во дивизија Б.

Затоа, нѐ зачудува константниот притисок кој го трпиме од челниците на МКФ за напуштање на кошаркарскиот крем, кое е под закрила на некакво си барање од ФИБА, кое ниту еднаш досега не дошло во конкретна писмена форма. Знаејќи ги можните правни последици, Европската федерација само испраќа опоменувачки писма со наводни последици за своите членки, оставајќи им ја валканата работа на националните федерации. Во тој контекст ја сфаќаме и денешната закана од УО на МКФ за евентуална казна ако не се повлечеме од Еврокупот, нешто што не само што нема да го прифатиме туку и нешто против кое ќе се бориме со сите расположиви правни аргументи и средства.

МЗТ Скопје Аеродром е сериозен клуб, кој своите планови, а со тоа и буџет ги прави многу пред почетокот на сезоната. Веќе имаме потпишано спонзорски договори со реномирани коминтенти и преземено обврски кои се тесно поврзани со настапите во Еврокупот. Тука е и договорот за телевизиски права, кој исто така е значајна ставка во нашата годишна пресметка. Ова значи дека

евентуалното откажување од ова натпреварување ќе нѐ доведе во непријатна ситуација да плаќаме пенали и да се најдеме во ситуација во која би била загрозена целосната егзистенција на петкратниот шампион на Македонија. И, се прашуваме, дали во една вакво црно сценарио за нашиот клуб, МКФ или ФИБА Европа би ни ги покриле овие огромни загубите. Или само би биле колатерална штета во војната на големите кошаркарски сили.

Ова е глобален проблем кој засега многу пореномирани земји, речиси сите учесници на следниот Евробаскет, на кој, за жал, нема да се најде и Македонија, а по чија вина тоа допрва треба да се утврди, ако одговорните решат да поднесат извештај. Затоа, на луѓето од МКФ им порачуваме да не избрзуваат при донесувањето на одлуките и своите постапки да ги координираат со останатите засегнати федерации, пред сѐ тие од просторот на поранешна СФР Југославија. Не бараме ништо повеќе, само заштита и поддршка каква што имаат матичните клубови од националните федерации на Црна Гора, Хрватска, Србија... Да се наштети е многу лесно, да се помогне во проблематична ситуација е доблест, која и тоа како треба да биде во описот на задачата на луѓето кои ние клубовите ги избравме за свои предводници.

Главен интерес на МЗТ Скопје Аеродром секогаш е развојот на кошарката и доброто на луѓето кои живеат во нашата потесна, но и поширока заедница. Поради тоа, борбата за сопствените права ја сфаќаме максимално сериозно, бидејќи со тоа истовремено се бориме за секој што сино-белата боја му е при срцето, но и за сите кои му мислат добро на македонскиот спорт. Уверени сме дека немаме направено грешка и подготвени сме да се бориме за своите права и тоа на идентичен начин како илјадниците играчи кои минале низ нашиот тим – до последниот атом енергија и до последната капка пот, се вели во писмената реакција на МЗТ Скопје по заканат со санкции од Македонската кошаркарска федерација. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

.Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада.

Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта Кос

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер