МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи во финалето на кошаркарскиот куп - Канал 5

МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи во финалето на кошаркарскиот куп

Двете најдобропласирани екипи во Првата кошаркарскалига, шампионот МЗТ Скопје Аеродром и тимот на Карпош Соколи ќе се борат за трофејот во 24. издание на Купот на Македонија.

МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи во финалето на кошаркарскиот куп


За МЗТ Скопје ова ќе биде 12. финале во кое ќе го брка осмиот трофеј, додека Карпош Соколи ќе го игра првото финале во националниот куп.
Синоќа во второто полуфинале, шампионот од Аеродром го победи домаќинот Кожув со 72:62.

И покрај големата поддршка од полната сала „26 Април“, Кожув немаше сили за изненадување. Избраниците на тренерот Марјан Илиевски по одличната игра посебно во одбраната во првите дваесет минути, во третиот период имаа пад во играта во нападот, постигнаа само осум, а примија 14 кошеви, што беше решавачко за конечниот исход на полуфиналето. Искусните кошаркари на МЗТ Скопје го искористија заморот на противникот и пократката клупа на Кожув и на крајот обезбедија сигурна победа за ново финале.

Пет кошаркари на МЗТ Скопје постигнаа двоцифрен број на поени, Марко Луковиќ со 12 беше првиот стрелец веднаш до него беа Дамјан Стојановски, Ѓорѓе Дреновац и Марко Љубичиќ со 11, Данило Мијатовиќ реализира 10 поени.

Најефикасни во домашниот тим беа Брендон Пен со 21 и Алексеј Нешовиќ со 20 постигнати поени.

Претходно, во првото полуфинале Карпош Соколи го совлада Куманово со 71:69.

Финалето е закажано за 19 часот и 30 минути.

Четири часа претходно (15:30) ќе стартува финалната пресметка кај дамите меѓу Бадел 1862 и Лотос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложение

Поплавата во зградата на поранешна „Нова Македонија“ уште еднаш покажа колку е важно државните институции да имаат сигурна дигитална инфраструктура. 

ДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложение

Но, потребата од Национален дата-центар не е одговор на прашањето како е избрана локацијата и дали се разгледани сите релевантни аспекти пред да се донесат следните одлуки.

Според информациите објавени на 8 октомври, локацијата е избрана, додека урбанистичката документација и финансирањето сè уште се во подготовка. Министерот најави дека пред изградбата ќе бидат изработени студија за влијанието врз животната средина и социјална студија.

За ДОМ, клучно е овие постапки да не се сведат на формално исполнување на условите за изградба, туку да обезбедат реална основа за оценување на проектот и неговите последици.

Затоа бараме Владата и Министерството за дигитална трансформација:

• Да ги објават образложението и критериумите врз основа на кои е избрана конкретната локација, вклучително и дали биле разгледани алтернативни локации.

• Да го претстават проектот со неговите основни технички параметри, колкав капацитет ќе биде во MW, како и планираното решение за функционирање на центарот.

• Да обезбедат соодветни процени на влијанијата врз животната средина и локалната заедница, во согласност со законските обврски, пред носењето на конечните одлуки.

• Да овозможат навремено информирање и учество на јавноста во сите постапки во кои тоа е предвидено, со пристап до релевантната документација.

Јавноста не треба да биде информирана за вакви проекти дури откако ќе бидат исполнети условите за нивно официјално претставување. Информирањето и учеството на граѓаните треба да бидат дел од процесот на планирање, а не негов завршен чекор.

ДОМ ја поддржува потребата од сигурна дигитална инфраструктура, но одлуките за нејзината изградба мора да бидат образложени, проверливи и во интерес на граѓаните, се наведува во парттиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил.

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил

Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските.

Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па се друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија.

Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот.

Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија.

Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување.

Почитувани граѓани,

Замислете на што се е спремен Филипче за пуста власт да направи. Од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија.

Затоа, претседателот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тони Крос ја започнува својата тренерска кариера – тесно поврзана со Реал Мадрид

Легендарниот германски фудбалер, 36 годишниот Тони Крос се подготвува за ново поглавје во својата кариера.

Тони Крос ја започнува својата тренерска кариера – тесно поврзана со Реал Мадрид

По завршувањето на фудбалската кариера, поранешниот ас на Реал Мадрид сака да се испроба во тренерската улога, а враќањето на „Сантијаго Бернабеу“ е една од можните опции.

Според шпанскиот весник „АС“, Крос ја известил Шпанската фудбалска федерација за својата намера да се вклучи во специјализирана тренерска програма за поранешни професионални фудбалери во сезоната 2027/2028.

Иако неговото играчко искуство му овозможува одредени тренерски ангажмани во Шпанија, Германецот сака да се стекне со УЕФА А-лиценца и постепено да се подготвува за работа во професионалниот фудбал.

Во моментов тој е ангажиран во развојот на млади фудбалери во својата фудбалска академија во близина на Мадрид, но неговите амбиции полека се насочуваат кон сениорскиот фудбал.

Реал Мадрид веќе ја разгледуваше можноста Крос да ја продолжи соработката со клубот преку некоја од улогите во тренинг-центарот „Валдебебас“.

Сепак, тогаш не беше пронајдено соодветно решение, бидејќи ниту клубот, ниту поранешниот играч од средниот ред не сакаа да ја форсираат соработката само поради неговото име и статусот на легенда.

Односите меѓу Крос и раководството на Реал останаа одлични, па неговото враќање во мадридскиот клуб во иднина не би претставувало изненадување.

Германецот ја заврши својата играчка кариера во 2024 година, по Европското првенство, оставајќи зад себе импресивна колекција на трофеи. Тој освои вкупно шест титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и Баерн, а во 2014 година стана светски првак со германската репрезентација.

Заедно со Лука Модриќ и Касемиро, тој го сочинуваше еден од најдоминантните средни редови во историјата на европскиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер