3Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
КошаркаМЗТ Скопје Аеродром домаќин на Фени ИндустриКошаркаскиот првак на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром вечерва е домаќин на Фени Индустри од Кавадарци.Ова е дуел од 11.коло од Првата кошаркарска лига, кој поради густиот календар на натпревари на првакот во АБА лигата не се одигра кога се играа и другите средби од таа рунда. Ова е всушност и најава за продолжување на сезоната во Првата лига бидејќи шампионатот со дуелите од 13.коло ќе продолжи во текот на викендот. Инаку МЗТ Скопје има 10 победи и се наоѓа на втората позиција на табелата, а Фени Индустри е на 5.место. Табела: Карпош Соколи 22 бода, МЗТ Скопје А. 21, Куманово 19, Кожув 18, Фени Индустри 17, Работнички 17, Струмица 15, Бест 12. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела МакедонијаДенес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години а денес гледаме разорена цела Македонија.Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува со системска непогода. Тогаш земјата се тресеше дваесет секунди. Денес, веќе повеќе од две години, се разоруваат довербата, институциите, економијата и перспективите. Повеќе од две години се трујат: водата, народот, медиумите, информациите, институциите. Иднината. Тогаш последиците беа урнатини и жртви. Денес гледаме разболени граѓани, празни фрижидери, задолжена и изолирана држава и млади што си заминуваат. Тогаш светот се солидаризираше со Скопје. Денес организирана криминална група криминална група и Христијан Мицкоски покажуват солидарност само кон сопствените интереси - криминалот и корупцијата. Разликата е една. Земјотресот беше сила на природата. Денешните проблеми се последица на политички одлуки и на начинот на кој се управува со државата. Последиците се видливи. Разорена доверба. Ослабени институции. Земја од која младите заминуваат,се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаФинишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината Клучката кај Момин поток влегува во завршна фаза, а пуштањето во употреба е најавено до крајот на годината.Градежните активности се реализирани околу 75%, а новата сообраќајна врска треба да придонесе за намалување на гужвите и побезбедно одвивање на сообраќајот. Увид во градежните активности денеска извршија градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и премиeрот Христијан Мицкоски, при што беше најавено дека Владата ќе продолжи со поддршка на општинските проекти. За клучката кај Момин поток обезбедени се 60 милиони денари од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-татаДенеска се навршуваат точно 63 години од најмрачното утро во историјата на главниот град, кога во 5 часот и 17 минути, силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала го разурна Скопје. За само неколку секунди, градот се претвори во урнатини.Катастрофата однесе 1.070 човечки животи, а над 3.000 граѓани беа повредени. Повеќе од 200 илјади скопјани во една секунда останаа без покрив над глава. Часовникот на Старата железничка станица, кој тогаш засекогаш запре, денес стои како нем сведок на трагедијата што го сопре времето, но и на болката која и по повеќе од шест децении не избледува кај постарите генерации.од пепелта на трагедијата се роди приказната за невидена хуманост. Скопје стана Град на солидарноста. 87 нации од целиот свет, подадоа рака. Помошта во лекови, храна, тимови за спасување и монтажни куќи почна да пристигнува од сите меридијани, испраќајќи порака дека човечноста нема граници. По земјотресот, почна масовната обнова. Полскиот урбанист Адолф Циборовски учествувал и ја надгледувал обновата на градот по препорака на Обединетите Нации. Во негова чест во Старата чаршија денска беше откриена спомен плоча а на церемонијата директно од Полска допатува неговата внука Јулија. Според визијата на јапонскиот архитект Кензо Танге, Скопје подоцна се трансформираше во модерен град на иднината. Утрината на гробишптата во Бутел во спомен на загинатите од земјотресот беше положено свежо цвеќе... Дел од граѓаните и денеска имаат силни емоции на оваа тема. Сепак постземјотресно Скопје има посилни градби а од 2014 сите градби законски мора да се и сеизмички отпочни вели поранешниот дирекр на ИЗИС Михаил Гаревски. Централниот дел од културната манифестација е предвидена за вечерва, кога во Музејот на Град Скопје ќе бидат отворени две мултимедијални изложби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47