3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КошаркаМЗТ против стариот тренер ќе ја почне новата сезона во АБАВо Загреб денеска беше одреден распоредот за новата сезона од АБА лигата, во која што македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе стартува на домашен терен против составот на Унион Олимпија која ќе биде предводена од Алеш Пипан, порнешниот тренер на „аеродромци“. Овој дуел, како што јави МИА, е закажан за 5 октомври. Во овогодинешното издание на АБА лига натпреварувањето ќе учествуваат 14 тима кои ќе одиграат 26.кола, а единствената промена од минатата сезона е тимот на Мега Визура кој доби право на настап и ќе биде на местото од Сплит. Распоред на натпреварите на МЗТ Скопје во првата полусезона од АБА лигата: 1.коло МЗТ Скопје Аеродром - Унион Олимпија 05.10.2013 2.коло Шолнок - МЗТ Скопје Аеродром 08.10.2013 3.коло МЗТ Скопје Аеродром - Будуќност 12.10.2013 4.коло Цедевита - МЗТ Скопје Аеродром 19.10.2013 5.коло МЗТ Скопје Аеродром - Партизан 26.10.2013 6.коло Мега Визура - МЗТ Скопје Аеродром 02.11.2013 7.коло МЗТ Скопје Аеродром - Крка 09.11.2013 8.коло Задар - МЗТ Скопје Аеродром 16.11.2013 9.коло МЗТ Скопје Аеродром - Игокеа 23.11.2013 10.коло Цибона - МЗТ Скопје Аеродром 30.11.2013 11.коло Широки - МЗТ Скопје Аеродром 07.12.2013 12.коло МЗТ Скопје Аеродром - Црвена Звезда 14.12.2013 13.коло Раднички - МЗТ Скопје Аеродром 21.12.2013.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата носителот на студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.</Сега имаме голем број мандати во собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – рече Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој му ја честитал победата со надеж за продолжување, која според Срдановиж ќе биде конкретизирана по изборот на новата влада. Челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа. Србија може да почне ново поглавјхе порача еврокомесарката Марта Кос.Тагови: Срдановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУпад на Информер: Драма на телевизија, Вучиќевиќ повика полиција19:30Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
ЕвропаКрузер се судри со два товарни брода во северна Германија (ВИДЕО)Синоќа, крузерот „Mein Schiff 3“, управуван од германската компанија „TUI Cruises“, се судри со два контејнерски брода при испловување од пристаништето Бремерхафен во северна Германија.Според полицијата, крузерот удрил во два брода, иако од „TUI Cruises“ потврдија судир со само еден товарен брод, пренесува „Bild“. Во судирот, еден од товарните бродови претрпе оштетувања на страничниот дел. Нема повредени, но патниците мораа да ја поминат ноќта на бродот, кој утрово сè уште се наоѓаше во Бремерхафен. Планираното 20-дневно крстарење до Канарските Острови е откажано, а на патниците им е препорачано да се вратат дома, објави утрово германскиот јавен сервис „NDR“. Крузерот требаше вчера да исплови кон Канарските Острови. И покрај невремето, тој тргна од кејот „Колумбускаје“ околу 17:00 часот, со помош на влекачи. Сепак, набргу наиде на тешкотии во близина на контејнерскиот терминал. Според полицијата, силен налет на ветер околу 17:30 часот го турнал крузерот кон усидрените контејнерски бродови. И покрај помошта од влекачите, бродот не успеал да го задржи курсот. 🇩🇪 KAPAL PESIAR TABRAK DUA KAPAL KONTAINER DI JERMAN Di tengah badai hebat yang melanda Bremerhaven, kapal pesiar Mein Schiff 3 menabrak dua kapal kontainer. Kapal milik TUI Cruises itu berhasil kembali ke dermaga. Hampir 2.500 penumpang dan lebih dari 900 awak berada di kapal saat insiden terjadi. Tidak ada korban luka. — Sputnik Nusantara (@Spt_Nusantara) October 26, 2026 Во тој момент, во пристаништето бил усидрен голем контејнерски брод, „MSC Victorine“; крузерот удрил токму во овој брод. На фотографиите се гледаат значителни оштетувања на неговиот страничен дел. Според полицијата, во инцидентот бил вклучен и втор контејнерски брод. Полицијата потврди дека и крузерот и големиот товарен брод претрпеле значителни оштетувања, иако точниот обем на штетата сè уште не е познат. „Судир каков што никогаш претходно немале доживеано“ Кристијан Бреден, кој ги оставил своите родители – на возраст од 69 и 68 години – на крузерот, раскажа дека забележал проблеми уште при самото испловување. „Бродот стоеше во место неколку минути, на околу 30 метри од брегот. Не можеше да напредува против ветерот. Налетите беа навистина силни“, изјави Бреден. 🚨 BREAKING: Cruise liner Mein Schiff 3 has collided with two container ships while departing Bremerhaven, #Germany. One container ship suffered a massive 10-meter hull breach. 3,350 people were aboard the cruise liner. #esgq #Tatort #Eleições2026 https://t.co/7vE9rJ9mGa — Eyes on the Globe (@eyes_globe) October 26, 2026 Тој објасни дека пловилото потоа почнало бавно да се движи, а околу десет минути подоцна дошло до судир. Неговите родители биле во кабина на десната страна од крузерот – токму на онаа страна што удрила во товарните бродови. „Родителите ми рекоа дека ударот бил таков каков што никогаш претходно немале доживеано. Бродот се затресе и силно се заниша“, раскажа Бреден. По судирот, крузерот се вратил на пристаништето, што го потврди и компанијата „TUI Cruises“. Патниците останале на бродот преку ноќ додека експертите ја проценувале штетата. Според моменталните информации, нема повредени меѓу патниците или членовите на екипажот. Полицијата во Бремен продолжува да ги истражува околностите под кои се случил судирот. Извор: Индекс.хрТагови: Германија крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република КосовоНа 27.10.2026 (вторник) во официјална посета нa Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Н.Е. г-ѓа. Албулена Хаџиу.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.Тагови: режим на сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook