КошаркаМЗТ подготвен за успешен старт во АБА лигатаМакедонскиот кошаркарска шампион МЗТ Скопје в петок ја започнува новата сезона во која ќе настапува на четири фронта, во регионалната АБА лига, во Еврокупот, во домашното првенство и куп. Тренерот Влада Вукоичиќ на денешната прес-конференција ги презентираше очекувањата за средбата со Унион Олимпија и амбициите за новата сезона. - Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број, бидејќи се наоѓаме во период кога кај играчите постои една позитивна трема што е вообичаено пред секоја нова сезона. Противникот е спој на талентирани и неколку искусни играчи. Тие се предводени од екс-тренерот на МЗТ Скопје, Алеш Пипан. Ако играме како што трениравме во подготвителниот период, верувам во добар настап и оптимист сум дека ќе забележиме победа, изјави Вукоичиќ. За амбициите на македонскиот првак зборуваше центарот Тодор Гечевски кој посака неговиот тим да ги повтори добрите игри од минатата сезона. - И годинава наша примарна цел е обезбедување место кое ќе обезбеди настап во Еврокупот, но доколку се укаже шанса ние ќе се бориме и за влез на „фајнл-фор“. Очекувам поддршка од нашите верни навивачи кои ни се од голема помош. Ние ќе дадеме сто проценти од нас за успешно да ја отвориме сезоната и покрај проблемите и отсуствата на повредените Чековски и Николовски, рече Гечевски. За него мал проблем може да претпоставува Пипан кој добро ги познава играчите, но како што рече, со максимално залагање познавањето на Пипан нема да биде доволно за МЗТ да биде победен. Гечевски смета дека оваа година „аеродромци“ имаат поквалитетен состав и со малку подобро воигрување и повеќе среќа, ќе се постигнат зацртаните цели. Што се однесува до здравствениот билтен, Ѓорѓи Чековски заврши со терапијата поради повредата и од утре почнува со подготовки и се очекува по две недели да му биде на располагање на тренерот целосно подготвен, додека Кире Николовски ќе има подолга пауза и тој се очекува во составот да се врати во декември. Натпреварот со кој стартува новата сезона од АБА лигата ќе се одигра в петок во СЦ Борис Трајковски со почеток во 20 часот и 30 минути. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаВо јуни намалување на бројот на странски туристи за 13%Летната турстичка сезона е во полн ек, но статистика регистрира значително намалување на бројот на странски туристи во јуни годинава, во однос на истиот месел лани.Годинава во јуни имало 87.618 странски туристи што е за 13% помалку во однос на јуни лани, кога имало над 100.000. Просечно тие остануваат во земјава по две ноќевања. И натаму најбројни се туристите од Турција, околу 25.000, а потоа следат Србија со 8.500, Германија нешто на 4.000 и Бугарија со 3.200 туристи. Вкупно, во првите шест месеци од годинава, во земјава дошле 396.633 странски туристи што е за 0.3% повеќе во однос на првото полугодие лани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
ФудбалПо 18 години Алексис Санчез ја напушта Европа!По речиси две децении на највисокото ниво на европскиот фудбал, легендарниот чилеански напаѓач Алексис Санчез ја продолжува кариерата во американската МЛС-лига, откако потпиша двегодишен договор со Монтреал. 37-годишниот Санчез пристигнува во Канада како слободен играч, откако му истече договорот со Севиља. Иако раководството на шпанскиот клуб му понудија продолжување на соработката за уште една година – откако тимот успешно избегна испаѓање од елитната лига – Чилеанецот одлучи да ја одбие понудата и да побара нов предизвик преку Атлантикот. Со преселбата во Монтреал, Санчез станува дел од лигата која што доживува неверојатна експанзија и привлекува се поголем број на светски фудбалски ѕвезди. Во МЛС-лигата, Санчез го очекуваат поранешни соиграчи и ривали како Лионел Меси, Луис Суарез, Хеунг-мин Сон, Томас Милер, Роберт Левандовски, Касемиро и Антоан Гризман. Европската авантура на Санчез започна уште во 2006 година кога потпиша за Удинезе, по што следеа позајмици во Коло-Коло и Ривер Плата. По враќањето во Италија, тој прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, што му донесе трансфер во Барселона под водство на Пеп Гвардиола. Во текот на својата блескава кариера, тој настапуваше за Арсенал, Манчестер Јунајтед, Марсеј, Интер Милано и Севиља, освојувајќи вкупно 16 трофеи. Меѓу значајните успеси се вбројуваат титулата во шпанското првенство и Светското клупско првенство со Барселона, двата трофеја во ФА Купот со Арсенал, како и двете титули во Серија А (Скудето) освоени со Интер Милано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
ЕкономијаЦентрална банка со важно предупредување: Не потпирајте се само на картички – чувајте готовина домаШто ако престанат да работат картичките? Шведска им даде совет на граѓаните.Шведската централна банка упати важно предупредување до граѓаните – сите полнолетни жители би требало дома да имаат доволно готовина за да ги покријат основните трошоци во текот на една недела, за да можат да купат храна, лекови и други неопходни производи во случај на војна или друга сериозна криза. Препораката ја издаде „Sveriges Riksbank“, централната банка на Шведска, а ја пренесува „Блумберг“. На граѓаните им се советува дома да имаат околу 1.000 шведски круни по возрасен, што е приближно 110 долари. Освен готовина, се препорачува поседување банкарски картички од различни издавачи, како и користење на локалниот систем за електронско плаќање „Swish“. Ова се првите насоки што шведската централна банка директно им ги упати на граѓаните кога станува збор за начините на плаќање во вонредни околности. „Граѓаните се важен дел од целокупната одбрана на Шведска и се клучни за зајакнување на националната подготвеност. Пристапот до различни начини на плаќање ја зголемува способноста на населението да врши трансакции во случај на привремени нарушувања, кризи или, во најлош случај, војна“, порачаа од Sveriges Riksbank. Препораките се дел од пошироката стратегија на шведските власти за подготовка на населението за можните последици од воени или сајбер-напади, во период на зголемени безбедносни ризици. Владата и претходно на секое домаќинство му испраќала брошури со инструкции како да се подготви за кризни ситуации. Во нив, меѓу другото, е наведено колку вода за пиење треба граѓаните да имаат во резерва, како и на кој начин можат да ги следат вестите доколку дојде до прекин на електричната енергија. Посебна ранливост претставува фактот што шведскиот систем за плаќање е еден од најдигитализираните во светот. Само приближно една од десет трансакции во земјата се врши со готовина, поради што евентуалните прекини во функционирањето на електронските системи би можеле да предизвикаат сериозни проблеми во секојдневниот живот. Токму затоа, Sveriges Riksbank побара и донесување нов закон со кој би се заштитил статусот на готовината како средство за плаќање, но таков пропис сè уште не е усвоен. Слични препораки до граѓаните веќе упатија и централните банки на Финска и Норвешка. На жителите им се советува дома секогаш да имаат одредена количина готовина, но и повеќе банкарски картички, за да имаат алтернатива во случај на проблеми со еден од системите за плаќање. Извор: Бизпортал фото: Engin_Akyurt/ PixabayТагови: банкарска картичка готовина кеш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter