Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
КошаркаМЗТ недофатлив за Куманово во домашниот КупМЗТ Скопје покажа зошто во моментов е најдобриот кошаркарски тим во Македонија. Ниту забревтаниот Куманово, максимално наелектризиран по емотивните победи над Лирија и Кожув по кои дојде до првото финале во Купот во својата историја, не успеа да ја урне домашната доминација на штрковите, и покрај тоа што повторно како и во претходните две рунди се надмина себеси.Куманово беше повеќе од достоен противник во текот на целиот натпревар за тимот кој годинава заврши седми во Јадранската лига. Предводен од МВП кошаркарот на турнирот, Александар Костовски и центарот Урош Лукович, кој полека се промовира во екстра играч, условниот гостин постојано одржуваше резултатска неизвесност, доволно за да го исполни условот Куп финалето да биде кошаркарски спектакл, но сепак не и за да дојде во позиција за победа. Кошаркарите на Љубислав Лукович водеа единствено во првата четвртина, но откако МЗТ го презеде водството, беше постојано во улога да го брка противникот, а никогаш да не го стигне. Актуелниот шампион беше за нијанса подобар тим, што на крајот се одрази на резултатот. Конечни 79-71, во извонредна атмосфера во салата Борис Трајковски, која навивачите од скопската населба Аеродром по завршувањето ја претворија во славеничка. МЗТ сепак во своите редови ги има најдобрите македонски кошаркари – Дамјан Стојановски имаше 20 поени, Ѓорѓи Чековски 16 а Тодор Гечевски 11, а ѕвездите на спротивната страна иако претендираат на нивното ниво, сепак уште не се во тој ранг. Костовски имаше 16 поени но и шест изгубени топки, Лукович 22 со 14 скока но личните грешки значеа клучни периоди поминати на клупата, а Ивица Димчевски оствари само 10 коша, со шут од поле 3 од 13. Со таков распоред на силите, јасно беше дека на Куманово му недостасува малку за сериозно да го загрози МЗТ, па така штрковите во своето гнездо го однесоа шестиот трофеј од јубилејното десетто финале во Купот, додека кумановци ќе мораат да бидат задоволни со првиот пласман во финалето во еден епски одигран турнир од нив, кој беше одличен вовед за возбудувањата кои следуваат во завршницата од кошаркарската сезона. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter