МЖСПП: Повторен вонреден ненајавен надзор на Цементарница „Усје“

Повторен вонреден ненајавен надзор на емисиите во воздухот од емитерите на Цементарница „Усје“.

Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина согласно Акцискиот план реализираа повторен вонреден ненајавен инспекциски надзор над работата на правниот субјект Цементарница Усје, Групација ТИТАН.

Како што соопштуваат од МЖСПП, во фокусот на овој вонреден инспекциски надзор била проверка на емисиите во воздухот од три стационирани извори (емитери) во кругот на фабриката.

- Дел од надзорот беа и претставниците на Одделението-Централна лабораторија за животна средина при Управата за животна средина кои извршија индикативно мерење на емисии од емитерите, кои дополнително ќе бидат анализирани и во текот на наредната недела ќе бидат објавени резултатите, стои во соопштението од МЖСПП.

Оттаму дополнуваат дека министерството и Државниот инспекторат за животна средина и во наредниот период интензивно ќе продолжат со примената на мерките од Акцискиот план, кои на предлог на работната група составена од претставници на МЖСПП и ДИЖС ги донесе Владата, за краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции на воздухот.

Леброн: Лејкерси имаат огромен потенцијал за раст, во февруари или март ќе имаме поинаков тим

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ја сподели својата визија за составот на тимот во продолжение на сезоната во НБА-лигата.

Зборовите на Џејмс можеби навестија промени во составот пред истекот на рокот во февруари.

- Нашиот идентитет е во одбраната, каде сакаме да внесеме цврстина во играта, да се бориме, да ги тераме противниците да прават работи што не им се допаѓаат. Во нападот сакаме да ја движиме топката. Ние сме многу добри кога имаме повеќе од 20 асистенции по натпревар. Лејкерси имаат голем потенцијал за раст. Во февруари или март, претпоставувам дека ќе имаме поинаков тим. Ми се допаѓаат нашите шанси и мораме да продолжиме да работиме, изјави 40-годишниот кошаркар.

Лејкерс рано утрово загубија од Сан Антонио со 126:102.

Со биланс 20 победи и 17 порази, ЛА Лејкерс се на 7. место во Западната конференција на НБА-лигата.

СДСМ: Власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори

СДСМ го разбира револтот на работниците во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за покачување на платите кои се целосно оправдани. 

Владата има обврска да обезбеди услови за потпишување на колективните договори и зголемување на платите.

Платите стагнираат, куповната моќ на работнците се намалува, а политиките на Владата на Мицкоски се сведуваат на служење на тесни бизнис интереси на елитата.

Во изминатите седум месеци, минималната плата остана непроменета, додека просечната плата стагнира. Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ, беше целосно напуштен од актуелната власт, што резултираше со влошување на животниот стандард на работниците.

Последните податоци од Државниот завод за статистика го потврдуваат тежок економски контекст во кој се наоѓаат работниците. Во декември 2024 година, трошоците за живот пораснаа за 4,4%, цените на основните производи се зголемија за 4,3%. Ова значи дека месечните плати не се доволни ниту за основните потреби.

Дополнително спорно е тоа што вработените во дел од јавниот сектор и министерствата се дискриминирани во однос на нивните колеги во други институции како Министерството за финансии, Службата за општи и заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат во Владата, кои добиле покачувања на платите.

СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите како и да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор. Потпишувањето на колективните договори, согласно барањата на работниците, мора да биде приоритет.

СДСМ и во изминатиот период, но и како власт, покажа дека ги разбира потребите и докажа што значи вистинска грижа за стандардот на работниците. Со низа на мерки и политики кои успешно ги реализиравме платите системски се покачуваа во сите сектори, трудот на работниците се ценеше и почитуваше.

За период од 7 години СДСМ ја зголеми минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.

И како опозиција СДСМ предлагаше амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, за покачување на минималната плата, но власта тоа го одби.

Работниците заслужуваат власт која ќе го слуша нивниот глас, која ќе се грижи за нивните потреби и која ќе ги штити нивните интереси а не интересите на елитата.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Дел од јавната администрација денеска излезе на протест

 Вработени од јавната администрација  излегоа на протест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата.

Од Синдикатот на УПОЗ, кој ги обединува синдикалните организации на повеќе министерства и други јавни институции, велат дека на протест излегуваат осум министерства, Државниот завод за статистика и државниот архив.

Пред министертвото за животна средина и просторно планирање е Маја Стојановска.

Маја повели со информациите за протестот ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер