МЖСПП: Нула толеранција за загадувачите, новиот Закон за контрола на емисии носи построги правила за индустријата - Канал 5

МЖСПП: Нула толеранција за загадувачите, новиот Закон за контрола на емисии носи построги правила за индустријата

Справувањето со аерозагадувањето и воспоставување на модерен регионален систем за управување со отпад се двата клучни приоритети на кои ќе се фоксуира Министерството за животна средина и просторно планирање. 

МЖСПП: Нула толеранција за загадувачите, новиот Закон за контрола на емисии носи построги правила за индустријата

На денешниот брифинг со новинарите министерот за животна средина и просторно планирање Муамед Хоџа најави „нула толеранција“ за загадувачите и имплементација на новиот Закон за контрола на емисии.

-Во справувањето со аерозагадувањето сакам да напоменам неколку важни чекори третирање на аерозагадувањето кое доаѓа од индустријата, институциите и домаќинствата, како и во делот на сообраќајот. Третирање кое се сведува на нула толеранција на загадувачите. Тука имаме еден краткорочен акциски план на Министерството за животна средина и просторно планирање и една долгорочна програма која е усвоена од страна на Владата на Република Македонија, нагласи Хоџа.

Посочи дека станува збор за .Програмата 2024–2030, а тука го спомена и Законот за контрола на емисии, кој е усвоен во септември 2025 година, но стапува на сила септември 2027 година, оставајќи двегодишен простор за адаптација на индустријата.

Новиот закон, како што беше посочено на денешниот брифинг, предвидува повеќе измени и построги правила за издавање и контролирање на А и Б еколошките дозволи, но и обврска за институцијата, односно индустријата, да користи најдобри достапни техники, како и финансиски товар доколку се утврди прекршување.

-Овој закон е според ЕУ директиви, а за неговиот квалитет ни помогнаа ЕУ експерти, но и инклузивноста, бидејќи е донесен со јавна расправа. Потенцирам дека законот е усвоен септември 2025 година, има две години период за адаптација и влегува на сила септември 2027 година. Јас веќе од следната недела започнувам со средби со претставници на индустријата кои имаат А-еколошки дозволи, за да го искористам периодот за адаптација поефективно, бидејќи сите нови дозволи кои ќе ги издаваме, ќе ги издаваме врз основа на овој поригорозен закон. Па колку побргу го завршат адаптирањето, тоа за годините што треба да се адаптира на новите построги услови, толку ќе биде подобро за сите, рече министерот.

Во однос на цементарницата „Усје“, чија дозвола истекува на крајот на 2026 година, беше појаснето дека постапката за обновување ќе започне во март годинава, а за тоа дали новата дозвола ќе ја добие според новите критериуми или според старите, министерот рече дека во тој правец ќе се разговара со сите индустриски капацитети, да почнат со адаптација на новите услови, односно условите кои се бараат со новиот закон.

-И во врска со УСЈЕ, постапката за обновување треба да почне во март и тоа право на Министерството може и да го искористиме за иницирање на јавна расправа за текот или постапката за добивање на дозволата, каде јавноста ќе биде информирана за целата постапка. И УСЈЕ и сите други треба да го почитуваат законот и законот влегува на сила 20-ти септември, додаде Хоџа.

За разликите во стариот и новиот закон во однос на добивањето дозволи, од МЖСПП појаснија дека најголемата измена е што сите услови мора да се базираат на најдобрите достапни техники, што, како што посочија претходно не било случај.

-Најдобрите достапни техники, односно референтните документи постоеја, но имплементацијата не беше толку строга, како што фактички би била со новиот закон. А ова го донесе новата директива на индустриски емисии која што е во сила во сите европски земји од 2010 година. Ова значи построги услови, построги гранични вредности, енергетската ефикасност има голем акцент на тоа, добро управување на отпадот, управување со суровини, со вода и така натаму, посочуваат од Министерството.

Во периодот од две години не само од УСЈЕ, туку од сите индустрии ќе се бара да се прилагодат на новите услови, во новиот закон, кој стапува во сила во 2027, но како што велат од Министерството станува збор за една година и тоа и за самите нив ќе биде поекономично, велат од МЖСПП.

Покрај индустријата, во долгорочниот план МЖСПП, како што беше наведено на брифингот има серија мерки, кои се однесуваат на институциите и домаќинствата, кои произлегуваат од долгорочната програма на Владата 2024-2030.

- Го зголемуваме капацитетот за мерење преку зголемен број на мерни станици и лабораториските капацитети. Но, за институциите, што е многу важно, започнуваме со прва фаза на проект за замена на системите за греење кои користат мазут и цврсти горива. Ќе дефинираме кои се најприоритетните и од каде треба да почнеме. Но, немам дилема дека во борбата со аерозагадувањето мора да започнеме од индустријата и институциите. Пред да бараме од граѓаните да ги менуваат навиките и системите за греење, институциите мора да водат со пример, рече Хоџа.

Во однос на граѓаните и домаќинствата, како што беше нагласено на брифингот предвидени се долгорочни: гасификација, односно проширување на мрежата на централно греење во урбаните средини и субвенции за централните системи на природен гас, вклучително и субвенции за самиот приклучок.

-Оние кои немаат пристап до централното греење ќе бидат субвенционирани со топлински пумпи или котли на гас, субвенции за замена на котли, печки и ќумбиња во домаќинствата со високоефикасни котли и печки. Нашата цел е следната грејна сезона дел од овие мерки да се имплементирани во домаќинствата. Во акцискиот план со краткорочни мерки, тие се стандардни и се течат како редовна работа на Министерството, а се во главно зајакнатите инспекциски контроли, нагласи министерот, кој најави дека следната недела ќе почне со координација на институциите кои се задолжени за имплементација, особено на долгорочниот план усвоен минатата година, за што подетално ќе ја информира јавноста.

На прашањето поконкретно да каже кога Скопје би се тргнало од мапата на најзагадени градови, министерот рече дека во моментов е тешко да се одговори на тоа прашање, но, напомена дека тие како Министерство ќе ги преземат сите мерки кои се во краткорочниот шестмесечен план и во долгорочниот шестгодишен план.

Во врска со вториот приоритет, создавање на модерен, регионален систем за управување со отпад, Хоџа информираше дека тече процесот за идниот регионалниот центар во Новаци и претоварните станици во Прилеп, Охрид, Кичево и Дебар, со кој треба да се стави крај на депонијата во Мегленци. Центарот ќе опслужува 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион, а опремата веќе била доделена на 5 јануари.

-Тоа значи дека селекцијата на мокра и сува фракција отпад ќе започне од домовите на над 400.000 граѓани од овие 18 општини, односно од овие два региони, нагласи Хоџа.

Додаде дека 2026. ги опфаќа и Полошкиот регион во Русино, како и Североисточниот и Источниот регион со регионалната депонија во Свети Николе.

На брифингот беше соопштено и дека Владата го усвоила Законот за климатска акција, кој воспоставува координативен механизам за интегрирана климатска акција. Законот претставува правна основа за воведување и спроведување на пакетот за следење, известување, верификација и акредитација за емисиите на стакленичките гасови од стационарните извори на емисии. Ова, како што рече Хоџа, е обврска и од Реформската агенда и Планот за раст.

Меџити упати повик за соработка до граѓанските организации, академската фела и општините, нагласувајќи дека животната средина е колективно прашање кое бара партнерски пристап.

-Аерозагадувањето и отпадот се работа која се имплементира на локално ниво од локалните самоуправи. И затоа ќе се залагам за соработка со општините, бидејќи животната средина е наше заедничко колективно прашање и без да соработуваме сите заеднички, тешко дека ќе можеме да покажеме резултати за нашите граѓани. Како што напоменав за локалната самоуправа и потребата од заеднички и партнерски пристап, истото го повторувам и за меѓународните организации и за нашите домашни граѓански организации и академската фела, нагласи Хоџа.

Во врска со тоа како ќе ги зајакнуваат контролите, кога се соочуваат со недостиг на инспектори во Инспекторатот за животна средина и дали нешто преземаат во врска со тоа, на брифингот беше посочено дека оваа година ја започнале со двајца инсектори помалку поради заминување во пензија. До Министерството за финансии е испратено дека има потреба од нови вработувања и сега оттаму чекаат колку финансиски средства ќе им бидат одобрени за таа цел. Но и откако ќе се одобрат, новипримените инспектори, не можат веднаш да започнат со работа и контрола, да влезат во големи субјекти, туку треба да почнат според коефициентот на сложеност на работа.

Лани со околу 15 инспектори на располагање направиле 1.772 надзори, издале 530 решенија, седум кривични и 32 прекршочни пријави и иницирале казни од над 600.000 евра. Во систематизацијата имаат предвидено 50 вакви работни места, моментално се пополнети 25, но во просек пораки боледувања, одмори дневно на располагање имаат околу десет инспектори. Повеќе големи градови во државата, како Куманово, Битола, Прилеп немаат ниту еден инспектор, а во градот Охрид, кој е заштитено подрачје на УНЕСКО има само еден и тој ги покрива и Струга и Ресен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. 

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит.

Трамп ја опиша Куба како пропадната држава.

„Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој.

Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида.

„Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“

На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“.

Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“.

„Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот.

Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“.

За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите.

На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Франција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0.

Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот.

Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути.

Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот.

Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“.

Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1.

На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер