МЖСПП: ЕУ усвои нова регулатива за пратки на отпад - Канал 5

МЖСПП: ЕУ усвои нова регулатива за пратки на отпад

МЖСПП: ЕУ усвои нова регулатива за пратки на отпад

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека Европската Унија усвои нова Регулативата (ЕУ) 2024/1157 на Европскиот Парламент и на Советот од 11 април 2024 година за пратките на отпад (увоз, извоз и транзит на отпад), која влезе во сила на 20 мај 2024 година и со која се менува Регулативата (ЕУ) бр.1257/2013 и (ЕУ) 2020/1056 и се укинува Регулативата (ЕС) бр.1013/2006.

- Целта на новата Регулатива е да се зајакне спроведувањето на законодавството во насока на спречување на илегален извоз на отпад од земјите членки на ЕУ и во трети земји, а со цел да се осигура еколошки здраво управување со пратките на отпад во ЕУ и надвор од ЕУ. Регулативата наметнува нови правила за увоз/извоз/транзит на отпад и за земјите кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која група припаѓа Република Македонија, стои во соопштението.

МЖСПП потсетува дека почнувајќи од 21 мај 2027 година, Европската Унија воведува построги правила за извоз на неопасен отпад. Извозот на неопасен отпад или познат како отпад од „зелена листа “, генерално ќе биде забранет во земјите кои не се членки на ОЕЦД. Исклучок од ова правило би биле земјите, кои иако не се членки на ОЕЦД, имаат капацитети кои ги исполнуваат условите за заштита на животната средина за преработка на овој отпад. Сите земји кои сакаат да увезуваат неопасен отпад од ЕУ потребно е да ја известат Европската Комисија за нивната подготвеност и да ја потврдат нивната способност да го управуваат отпадот на еколошки здрав начин согласно правилата на ЕУ законодавството.

Иако новата Регулатива стапи на сила на 20 мај 2024 година, повеќето одредби ќе се применуваат од 21 мај 2026 година, а повеќето правила за извоз ќе се применуваат од 21 мај 2027 година.

- Согласно регулативата почнувајќи од 21 ноември 2026 година, ќе има целосна забрана за извоз на отпад од пластика до 21 мај 2029 година, вклучувајќи го и неопасниот отпад од пластика (B3011). B3011 е специфичен код за отпад според Базелската конвенција што класифицира одредени видови na отпадна пластика за рециклирање [2]. По овој период (21 мај 2029 г.), земјите кои не се членки на ОЕЦД, заинтересирани за увоз на отпад од пластика, ќе бидат поканети да ја известат Европската комисија и да го покажат својот капацитет да управуваат со таков отпад на еколошки здрав начин, со цел да бидат вклучени во листата на земји кои не се членки на ОЕЦД, а во кои отпадот од пластика ќе може да се извезува од ЕУ.[3] Ова Барање за увоз на отпад од пластика од ЕУ ќе може да го опфати само неопасниот отпад од пластика (B3011), се вели во соопштението.

Согласно новата Регулатива, за да може да се увезува отпад од ЕУ, Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија како надлежен орган за увоз, извоз и транзит на отпад информира дека го пополни Барањето кое е дел од Прилогот 8, кој е составен дел од новата Регулатива, во соработка Државниот инспекторат за животна средина, Царинската управа на Република Македонија и Министерството за економија и труд и се подготвува (преку Владина процедура) да го достави до Европската Комисија најдоцна до 20 февруари 2025 година (како е побарано од страна на Европската комисија). Врз основа на ова Барање Европската комисија ќе одлучи дали Република Македонија ги исполнува условите за управување со отпад и во зависност од тоа ќе одлучи дали земјата ќе биде дел од Листата на земји кои ќе можат да вршат увоз на отпад од ЕУ.

Видовите на неопасен отпад за кои Република Македонија и ќе бара да се дозволи увоз од ЕУ, се дадени во Табела 1. Табелата е изготвена врз основа на податоците за увоз на отпад во земјата за изминатите години, а со кои располага Министерството за животна средина и просторно планирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска.

Кариера

Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина.

Здравје и совет

Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета.

Кариера

Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат.

Здравје и совет

Сѐ ќе ви биде интересно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба.

Кариера

Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле.

Здравје и совет

Бидете малку поскромни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно.

Кариера

Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа.

Здравје и совет

Ќе истражувате интересни работи .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи.

Кариера

Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности.

Здравје и совет

Не сте сами на светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската.

Кариера

Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете.

Кариера

Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа.

Здравје и совет

Верувајте во поубаво утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер.

Кариера

Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина.

Здравје и совет

Потрудете се да се храните здраво.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното.

Кариера

Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите.

Кариера

Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно.

Здравје и совет

Размислувајте во тишина.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење.

Кариера

Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите.

Здравје и совет

Подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Арсовски и Иван Анастасовски во „Само вистина“

Петар Арсовски и Иван Анастасовски  во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски и Иван Анастасовски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер