МакедонијаМЖСП: Со реформите во секторот води ќе се подобрат услугите за граѓаните Подобрување на квалитетот на услугите од секторот води коишто граѓаните ги добиваат од јавните комунални претпријатија, а со тоа и зголемување на ефикасноста на истите претпријатија, е целта на реформите во секторот води на централно ниво за кои денеска информираа од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).Според Јадранка Иванова раководител на Сектор ЕУ во Министерството, меѓу другото, реформата подразбира и зголемување на ефикасноста на јавните комунални претпријатија, односно во трошокот кој што го плаќаат граѓаните да бидат вклучени трошоците кои што се директно поврзани со давањето на услугата. - Сегашната методологија која по која работат јавните комунални претпријатија не е обврзувачка, треба да ја применуваат, но не постои инструмент кој ќе ја надгледува нивната примена. И од таа причина претпријатијата остануваа на иста цена на наплата, освен со мали мерки на корекции во одредени места, рече Иванова. Појасни дека проектот ќе придонесе секоја нова пречистителна станица финансиски да биде самоодржлива, за да не се дојде во ситуација да се изгради таква станица, а да не може да биде пуштена во функција. Во моментов во Македонија има осум пречистителни станици. Во однос на цената на водата која граѓаните треба да ја платат, Иванова рече дека само доколку некои претпријатија ги намалат трошоците од загубите нема да имаат потреба од зголемување на цената. Во рамки на сеопфатна реформа во секторот за вода што ќе се спроведува во следните години во Македонија, МЖСПП утре во хотелот Холидеј Ин ќе одржи конференција на тема „Водата и отпадните води“. Главните цели на овој настан се зголемување на свеста за важноста на одржливиот начин на искористување на водата како скапоцен ресурс, намалувањето на употребата и повторната употреба на отпадните води, како и подобрување на животниот циклус на водата за секое живо суштество. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter