МЗ: Значително подобрени условите во Клиниката за психијатрија - Канал 5

МЗ: Значително подобрени условите во Клиниката за психијатрија

Значително подобрени условите за престој на пациентите во Клиниката за психијатрија, првпат по 27 години.

МЗ: Значително подобрени условите во Клиниката за психијатрија

Во рамки на активностите на Министерството за здравство за унапредување на условите во здравствените установи, во Клиниката за психијатрија во текот на изминатите три години се направија повеќе реконструкции и унапредувања за подобрување на условите за престој на пациентите.

Од Клиниката велат дека исклучително е важно пациентите да имаат добри услови за престој, со оглед на тоа што дел од нив престојуваат и подолг временски период, а за подобрување на целокупната здравствена состојба тоа е од неизмерна важност.

Клиниката за психијатрија значително ги промени условите и истата е целосно реновирана во изминатите три години, со целосна дигитализација и климатизација, опремена е со нов мебел за пациентите и амбулантите. Целосно е реновиран и амбулантскиот дел и опремени се со нова опрема. Извршена е и реконструкција на покривот на болницата, а направени се и подобрувања во околината на клиниката.

За првпат од отварањето на Клиниката за психијатрија во 1993 година, по 27 години, старите рѓосани кревети се заменети со 45 нови со удобни душеци. Во текот на летниот престој на пациентите сега истите можат да го поминат времето и надвор на свеж воздух на неколку локации околу Клиниката каде се поставени нови клупи.

Дополнително, во изминатиот период воведени се нови методи за третман на пациентите и најсовремена антипсихотична терапија. Воедно, преку Европски програми (Horison 2020), Клиниката за психијатрија е вклучена и во научно истражувачки проекти.

Грижата за пациентите со апликација на подобар и посовремен третман е она што секогаш придонесува до успех во подобрување на добросостојбата на пациентите. Во изминатите три години Министерството за здравство ги унапреди условите на повеќе од 30 јавно здравствени установи со што пациентите добиваат подобри услови и здравствени услуги, а здравствените работници подобри услови за работа, соопшти Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар се шири во близина на Улцињ: Објектите се загрозени (ВИДЕО)

Пожарот на локалитетот Гач кај Владимир во општина Улцињ се прошири во текот на денот, загрозувајќи одредени објекти и маслинови насади, додека силните ветрови го отежнуваат гаснењето.

Пожар се шири во близина на Улцињ: Објектите се загрозени (ВИДЕО)

Дирекцијата за заштита и спасување е информирана дека пожар на локалитетот Гач во градот Владимир, во општина Улцињ, се проширил во текот на денот.

Пожарот во моментов се заканува на одредени објекти и маслинови насади, додека силните ветрови го отежнуваат гаснењето и го фаворизираат ширењето на пожарот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

Припадници на Службата за заштита и спасување на општина Улцињ, имено пожарникари и спасувачи со расположиви возила, се на местото на настанот.

Воздухоплови од Министерството за внатрешни работи се пренасочени кон оваа локација со цел пожарот да се стави под контрола што е можно поскоро.

Се очекува да пристигнат и членови на Службата за заштита и спасување на главниот град Подгорица за да пружат помош на местото на пожарот.

Министерството за внатрешни работи продолжува да ја следи состојбата на терен преку Оперативно-комуникацискиот центар 112 и им дава поддршка на надлежните служби.

Како што е наведено, Министерството за внатрешни работи ги координира и активностите за ангажирање на расположливи воздухоплови, во согласност со потребите на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски се сретна со Мат Киатипис кој деновиве престојува во Скопје

Зад неговата посета стои и една посебна лична приказна. Мат има македонски корени.

Муцунски се сретна со Мат Киатипис кој деновиве престојува во Скопје

„Денеска имав задоволство да се сретнам со Мат Киатипис, едно од најпрепознатливите имиња на глобалната 1-на-1 кошаркарска сцена, кој деновиве престојува во Скопје.

Зад неговата посета стои и една посебна лична приказна. Мат има македонски корени од страната на неговата мајка, а оваа посета е можност одблиску да ја запознае земјата од која потекнува дел од неговото семејство.

Разговаравме за спортот како мост меѓу луѓето, за моќта на новите дигитални платформи, но и за значењето на одржувањето на врската со новите генерации Македонци ширум светот.

Корените поврзуваат, без разлика каде сме родени и каде живееме.

Welcome Matt [🇲🇰] [🏀]“- стои во објавата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинение за Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“

Една недела пред истекот на крајниот рок за притворот на Артан Груби, Обвинителството поднесе обвинение против него и против уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“.

Обвинение за Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“

Меѓу обвинетите се и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, за кого, како првообвинет и недостапен за органите на прогонот, обвинителството бара притвор. За екс-вицепремиерот Груби, пак, како второобвинет е побарано да остане во куќен притвор.

Според обвинението, првообвинетиот предложил Државна лотарија самостојно да приредува електронски игри на среќа, иако тоа право во 2013 година го вложила во заедничката компанија со „Казинос Австрија“, за што добила 51 процент од уделот. И покрај тоа, во 2023 година била започната постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари. Информацијата стигнала до генералниот секретар на Владата, кој ја ставил како дополнителна точка на дневен ред, иако, според обвинителството, требало да ја упати до надлежниот орган. Со тоа, според обвинението, бил заобиколен пропишаниот начин на одлучување и била отворена патеката за набавката, со која според обвинителството, на Државна лотарија и била нанесена штета од околу 8,2 милиони евра.

-Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво. – соопштија од Обвинителството

За останатите шестмина обвинети, Обвинителството бара мерки на претпазливост, јавување во Судот, одсемање на патните исправи и забрана за приближување и воспоставување конракти со определени лица.

Инаку, Артан Груби беше недостапен за органите на прогонот од декември 2024 година, кога ја напушти земјава и по него беше распишана меѓународна потерница. По повеќе од 14 месеци бегство, на 23 февруари годинава се врати во Македонија преку Блаце и беше приведен. Иако претходно му беше определен притвор во отсуство, по враќањето мерката му беше заменета со куќен притвор, со 24-часовен полициски надзор, поради проценка дека не можела да му се гарантира безбедноста во затвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер