МЗ:Зголемен број на реинфекции со Ковид 19, расте процентот на заразени со Омикрон - Канал 5

МЗ:Зголемен број на реинфекции со Ковид 19, расте процентот на заразени со Омикрон

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно анализите на Институтот за јавно здравје, во период од една седмица за 51%, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2.

МЗ:Зголемен број на реинфекции со Ковид 19, расте процентот на заразени со Омикрон

Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27%), 20-29(24%) и 40-49(17%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2%). Најголемо зголемување на заболени е кај возрасната група од 20-29 години како и кај возрасната група од 30-39 години. Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05- 10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив(68%) е детектирана Омикрон варијантата. Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Според извештаите од болниците моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пацинети, 156 се во Скопје на КИБФС, ТБЦ и ГОБ 8 Септември. Во останатите болници низ државата хоспиталзиирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица. Зголемен е бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти.Според епидемилошките анкети најголем дел од пацинетите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Министерството за здравство, апелира граѓаните кои чуствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се излоираат како би спречиле ширење на вирусот.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни градоначалникот на Њујорк не може да си дозволи влезница за Никси?!

Градоначалникот на Њујорк и голем навивач на  НБА тимот „Никс“, Зохран Мамдани, нема да присуствува на историскиот натпревар поради високите цени на билетите. 

Дури ни градоначалникот на Њујорк не може да си дозволи влезница за Никси?!

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, нема да биде на трибините во „Медисон Сквер Гарден“ на 20 октомври, кога „Њујорк Никс“ ќе го подигнат шампионскиот банер по повеќе од половина век чекање.

Причината? Цената на билетите!

На Мамдани, кој е голем навивач на „Никс“, му беше поставено прашање дали ќе присуствува на натпреварот против „Филаделфија 76ерс“, но неговиот одговор беше краток и многу директен.

„Брат, немам подготвено 2.000 долари за таа влезница“, рече Мамдани во интервју за „NBC New York“.

Кога новинарот потоа му предложи дека може да седне на една од највисоките трибини, градоначалникот со насмевка одговори: „Па, токму за тоа зборувам!“

Претходно, Мамдани се осврна на прашањето дали „Никс“ можат да ја одбранат титулата. Тој ги вкрсти прстите и рече: „Ајде де, се надевам – но со поевтини влезници.“

А цените навистина предизвикаа бура меѓу навивачите. Според податоците објавени од „Ројтерс“, цената на најевтината влезница за отворањето на сезоната достигнала 1.251 долар, додека во еден момент изнесувала дури 1.408 долари.

„TicketData“ забележала и претходен скок на 1.962 долари.

Сепак, подоцна се случил целосен пресврт.

Компанијата „Madison Square Garden Sports“ соопшти дека дошло до грешка во одредувањето на цените, поради што продажбата на поединечни влезници била привремено стопирана.

Компанијата најави враќање на минатогодишните цени со просечно зголемување од 12 отсто, а на навивачите што веќе купиле влезници по повисока цена ќе им биде вратена разликата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дедо Мраз гласаше на изборите за Руската дума

Во Нижни Новгород – Дедо Мраз „Јушто Кугиза“ пристигна да гласа на изборите за Руската државна дума во својот роден крај во руската Република Мари, соопшти регионалната изборна комисија.

Дедо Мраз гласаше на изборите за Руската дума

„Својот избор го направија претставници на најнеочекувани професии. На пример, марискиот Дедо Мраз, Јушто Кугиза – име што на мариски јазик се преведува како ‚Ладен Дедо“.

Тој не ја чекаше зимата и дојде лично да гласа“, изјавија од Изборната комисија на Република Мари, како што пренесе агенцијата РИА Новости.

Резиденцијата на марискиот Дедо Мраз се наоѓа во селото Кукнур во областа Сернур – најсеверната точка на републиката – каде што тој живее со својата внука, Лумудир.

„Јас, Јушто Кугиза, марискиот Дедо Мраз, денес лично дојдов на избирачкото место. Гласањето од далечина е добра работа, но личното присуство е нашиот начин – марискиот начин.

Ве повикувам да ни се придружите, било лично или од далечина. Најважно е да го направите својот избор“, рече тој вчера во обраќањето до жителите на републиката. Заклучно со 1 јули 2026 година, бројот на гласачи во оваа руска република изнесува 520.714, а низ регионот се отворени 495 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренерот на Севиља: Како Равиња не е меѓу номинираните за „Златната топка“?

Капитенот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Бразилецот, Рафиња е во неверојатна форма, но сепак неговото име изостана од списокот со 30 номинирани за „Златната топка“ (Ballon d'Or).

Тренерот на Севиља: Како Равиња не е меѓу номинираните за „Златната топка“?

Бразилецот во последно време е еден од најважните фудбалери на Барселона, што го потврди и со брилијантниот настап во победата од 3–1 над Севиља.

Капитенот на Барселона постигна хет-трик, продолжувајќи ја сезоната во која речиси сè што ќе допре го претвора во гол.

По натпреварот, тренерот на Севиља, Луис Гарсија, не го криеше своето чудење што Рафиња не е номиниран за оваа престижна награда.

„Постојат работи во фудбалот што не ги разбирам. Конкретно, како е можно Рафиња да не е меѓу 30-те номинирани за ’Златната топка‘? Тоа ми изгледа апсурдно.“

Рафиња постигна 12 гола на своите први седум првенствени натпревари оваа сезона, а додаде уште два во Лигата на шампионите.

Вкупно, тој запиша 14 гола и три асистенции на осум натпревари. Веќе одигра три натпревари со најмалку два постигнати гола, а против Севиља го оствари својот втор последователен хет-трик. Интересно е што Бразилецот не се најде ниту на потесниот список од 30 кандидати за „Златната топка“, кој беше објавен на почетокот на септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер