МЗ: Заедно заштитени-вакцините делуваат - Канал 5

МЗ: Заедно заштитени-вакцините делуваат

Заедно заштитени - вакцините делуваат, Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата.

МЗ: Заедно заштитени-вакцините делуваат

Министерството за здравство, утре (среда, 19 октомври) со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО) ќе го отпочне караванот за информирање и вакцинација, кој ќе посети 24 заедници низ земјата.

Под слоганот „Заедно заштитени - вакцините делуваат“, караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за вакцините против КОВИД-19 и ќе овозможи вакцинација против КОВИД-19 на лице место.

Повеќе од два века вакцините им помагаат на луѓето да останат здрави - почнувајќи од првата вакцина за заштита од големи сипаници, па сѐ до најновите вакцини што се користат за спречување тешки случаи на КОВИД-19. Оттогаш, семејствата и заедниците веруваат дека вакцините овозможуваат заштита за сите - од новороденчиња до повозрасни лица.

Пандемијата КОВИД-19 предизвика огромен притисок кај здравствените системи и услуги, а нарушувањата го загрозија долгогодишниот тешко стекнат напредок во редовната вакцинација кај деца. На пример, процентот на деца кои ја примиле втората доза против сипаници опаднал од 93,4 отсто во 2019 година на 68,5 отсто во 2020 година, со покачување на 80,4 отсто во 2021 година.

Бидејќи караванот почнува во пресрет на сезоната на грип, тој ќе споделува информации за вакцинација против сезонскиот грип во контекст на КОВИД-19. Повторно ќе се истакне потребата од вакцинирање против КОВИД-19, бидејќи 46,7% од вкупното население во Северна Македонија се вакцинирани со две дози, а само 8,9% се вакцинирани со трета доза. Тимовите за имунизација кои патуваат со караванот ќе обезбедат вакцинација против КОВИД-19 на лице место.

За време на настаните ќе има на располагање и услуги за мерење крвен притисок, организирани во соработка со Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Во продолжение е списокот на времето и локациите кога караванот ќе ги посети заедниците низ целата земја:

• 19-ти октомври Плоштад Куманово [10:00-12:00 ч.]; Черкези, училишниот двор [12:30-14:30 ч.]; и Старо Нагоричане, пред Општината [15:00-17:00 ч.]

• 20-ти октомври Плоштад Струмица [10:00-12:00 ч.]; Ново Село, пред болницата [12:30-14:30 ч.] и Василево, пред Домот на културата [15:00-17:00 ч.]

• 21-ти октомври Велес, пред театарот [10:00-12:00 ч.]; Чашка, на Плоштадот кај Општината [12:30-14:30 ч.]; и Бузалково, до општината [15:00-17:00 ч.]

• 22-ти октомври Прилеп, пред Старата Чаршија [10:00-12:00 ч.]; Долнени, пред општината [12:30-14:30 ч.]; и Кривогаштани, пред Општината [15:00-17:00 ч.]

• 23-ти октомври Битола, Саат-кула [10:00-12:00 ч.]; Новаци, до пазарот Шик [12:30-14:30 ч.]; и Могила [15:00-17:00 ч.]

• 24-ти октомври Охрид, Плоштад Крушевска Република [10:00-12:00 ч.]; Мешеишта, до полигонот [12:30-14:30 ч.]; и Косел, [15:00-17:00 ч.]

• 25-ти октомври на Плоштад Тетово [10:00-12:00 ч.]; Боговиње, пред општината [12:30-14:30 ч.]; и Теарце, Училишниот двор на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ [15:00-17:00 ч.]

• 26-ти октомври Плоштад Скопје [10:00-12:00 ч.]; Сарај, пред основното училиште „Дитуриа“ [12:30-14:30 ч.]; и Ракотинци, пред Општината [15:00-17:00 ч.]

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година.

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

На 27 октомври (вторник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден.

Во таа насока, на 27 октомври (вторник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Трајче Попов од 1967 г., кој всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 г. Филмот беше дигитализиран во 2025 г. како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија. Во оваа пригода, на публиката ќе ѝ се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, м-р виш филмолог Александар Трајковски и м-р виш филмолог Дамјана Патчева, како промотори на изданието.

Истиот ден со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан ТЕТОВИРАЊЕ, со што ќе се одбележат 35 години од премиерата на филмот и 80 години од раѓањето на актерот Мето Јовановски.

Всушност цел октомври измина во знакот на заштитата на аудиовизуелното наследство со прикажувањето на наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година. Три и пол децении подоцна, УНЕСКО ја дополни и прошири таа првична препорака со нова и во 2015 година беше усвоена Препораката за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и она во дигитална форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска

Денеска во Собранието на македонија ќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска

Зад оваа интерпелација стои целокупна политика во која државниот енергетски систем се задолжува, приватните монополи профитираат, јавните ресурси се оставаат без заштита, а граѓаните ја плаќаат сметката, стои во соопштението

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер