Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања
1Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника
2Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања
МакедонијаМЗ: За три години, скок од 43 места на Индексот за активна транспарентност, во највисоката категорија во рангирањетоСпоред Индексот на транспарентност за 2020 година кој го прави Центарот за граѓански комуникации, Министерството за здравство е институција чија активна транспарентност е рангирана во категоријата „многу добра“ со високи 81,3 процентни поени.Споредено со Индексот од минатата, 2019, година кој изнесува 77,5 процентни поени во истата категорија, Министерството за здравство бележи раст од 3,8%. Во 2017 година, активната транспарентност на Министерството за здравство била рангирана во категоријата „слаба“, а за само три години министерство бележи скок од 43 места. За три години министерството бележи поместување од категоријата „слаба“ во „многу добра“ што е практично и највисоката категорија во рангирањето и рекорден скок од 43 места. Ова е огромен напредок за нас како институција и резултат на нашата посветеност кон целосна транспарентност во објавување на информациите. Инаку под „активна транспарентност“ се подразбира објавување на информации по сопствена иницијатива од страна на институцијата. Центарот за граѓански комуникации го спроведува истражувањето врз основа на методологија и структурирани прашалници за исполнетоста на обврските за активно објавување на информациите на интернет-страниците на институциите. Одделение за односи со јавноста Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паникаНеколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС.Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните. За водата во Скопје се пласираа тврдења кои надлежните институции веднаш ги демантираа. За Гостивар, последните испитувања покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење. Наместо овие информации да бидат поздравени, СДС продолжува со обиди да создава сомнеж. Прашањето е едноставно, а тоа е зошто на СДС му пречи кога институциите ќе покажат дека системот функционира и дека проблемот е решен? Очигледно е дека освен вештачко создавање на криза, страв и паника, немаат што да понудат. Додека Филипче одмора со Заев на јахтата во Паљури, неговите пајташи се обидуваат од секоја тема да создадат какафонија. Граѓаните заслужуваат факти, а не сценарија за создавање страв и паника. Водата во Гостивар е безбедна за пиење, институциите ја следат состојбата, а СДС треба конечно да разбере дека со ширење паника не се гради доверба кај граѓаните. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамФолксваген има план за преживување: Еве што ги очекува клиентите во наредните годиниКрај на познатите модели? Фолксваген се впушта во најголемата реорганизација во последните децении.Групацијата Фолксваген продолжува со својата голема деловна трансформација, а нов интерен документ открива како германскиот гигант планира да ги намали трошоците и да остане конкурентен во ерата на електрификација и зголемената кинеска конкуренција. Компанијата веќе објави дека ќе ја намали својата гама на модели за дури 50 проценти на долг рок, додека бројот на различни верзии и конфигурации би можел да се намали за 75 проценти. Според списанието „Automobilwoche“, целта е да се поедностави развојот и производството, а истовремено да се забрза лансирањето на нови модели на пазарот. Финансискиот директор Арно Антиц нагласи дека Фолксваген продолжува да инвестира повеќе од повеќето конкуренти, но дека долгорочната конкурентност бара пониски трошоци по возило. Сличен став изрази и директорот за развој Вернер Тих, кој нагласува дека компанијата ќе ја намали сложеноста на платформите и модулите, ќе ги забрза процесите на развој и ќе ја користи вештачката интелигенција сè повеќе. Според достапните податоци, првичниот инвестициски план од 180 милијарди евра за периодот 2024–2028 година веќе е намален. Најновите проценки зборуваат за околу 160 милијарди евра инвестиции помеѓу 2026 и 2030 година, додека на долг рок оваа сума би можела да падне на нешто над 130 милијарди евра по петгодишен циклус. Сè уште не е познато кои модели ќе бидат прекинати. Потврдено е дека „Volkswagen T-Roc Cabriolet“ ќе исчезне од понудата до 2027 година, додека „Touareg“ постепено ќе биде повлечен без директен наследник. Во исто време, Фолксваген ја разгледува и можноста за понуда на одредени модели развиени за кинескиот пазар на европските клиенти, што би можело дополнително да го забрза развојот и да ги намали трошоците. Извор:Б92Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаОпштина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувањаОвој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања.Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања. Соработката предвидува широка палета на хуманитарни, едукативни и превентивни активности кои ќе се реализираат во директен интерес на граѓаните. Особено е значајно што претставници на Здружението „ХЕМА-ОНКО“ активно ќе бидат вклучени во консултативните процеси и работните групи при подготовката на локалните програми поврзани со здравството и социјалната заштита во општината. -Здравјето и добросостојбата на граѓаните секогаш се во фокусот на нашата локална самоуправа. Борбата со малигните заболувања не е товар што треба да се носи поединечно, туку колективна обврска во која институциите имаат должност да бидат најсилен потпирач. Со овој Меморандум со „ХЕМА-ОНКО“, ја зацврстуваме рамката за континуирана едукација и превенција, но пред сè, испраќаме силна порака до пациентите и нивните семејства: не сте сами. Нашата цел е преку заеднички активности да обезбедиме уште поголема поддршка и конкретна помош за нашите сограѓани- истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. Партнерството меѓу Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ќе се реализира преку заедничко планирање и организација на едукативни трибини, работилници, јавни дебати и кампањи. Дополнително, документот отвора можност за здружено аплицирање на домашни и меѓународни повици за финансирање проекти кои се од заеднички интерес. Општина Кисела ВодаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter