2Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026
ЗдравјеМЗ: За првпат во поново време во нашата држава на ГАК извршен Екстраперитонеален царски резЕкстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на царски рез која е однапред позната пред 70 години и во поново време првпат е реафирмирана во Франција.На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје во петокот за првпат беше изведен екстраперитонеален царски рез врз трудница, а министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска на одделот пуерпериум при ГАК-Скопје ја посети родилката и нејзиното новородено. Екстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на царски рез која е однапред позната пред 70 години и во поново време првпат е реафирмирана во Франција. Ваков вид на породување со царски рез освен во Франција се изведува во Брисел – Белгија, во Загреб - Хрватска, но и во Тунис во Северна Африка. На ГАК-Скопје на 8 октомври овој вид на царски рез беше изведен врз 23-годишна пациентка, која претходно имала три големи хируршки адоменални операции заради повреди на внатрешни органи. Постоеја индикации нејзиното породување да заврши со царски рез, кој требаше да се направи во интерес на бебето. -Првпат во Македонија во петокот беше извршено породување со екстраперитонеален царски рез, со што ГАК-Скопје стана и прва клиника во регионот каде се примени оваа невообичаена техника. Среќен сум што по 30-годишно работно искуство на нашата клиника се роди бебе со екстраперитонеален царски рез, нешто за што сме слушале од повозрасните колеги. Пациентките со овој тип на царски рез побрзо и полесно се враќаат во нормален живот, нешто слично како после вагиналното породување. Бенефитот од екстраперитонеалниот царски рез е што родилката само неколку часа по операцијата може да се движи, да јаде, да пие и да му се посвети на своето новородено. Со оваа техника, се намалува и ризикот од внесување на интаабдоминални инфекции и намалување на сраслини на внатрешните и на репродуктивните органи, со што се намалува и можноста од постоперативен стерилитет - изјави доц. д-р Игор Самарџиски, кој го изведе оперативниот зафат во петокот. Доц д-р Самарџиски неодамна се врати од едукативен престој – активен курс во болница во Ница, Франција каде учествуваше во изведување на екстраперитонеални царски резови. Инаку, техниката за екстраперитонеалниот царски рез е специфична, започнува во исти стил како и клисичниот царски рез, но кон местото на сечењето на матката и вадењето на плодот се пристапува со посебна техника на странично избуткување на бешиката од местото каде што треба да се направи екстараперитонеалниот царски рез. Потоа следува специфично кружно шиење на отворот на матката, што исто така придонесува за намалување на времетраењето на интервенцијата и за подобро зараснување на местото каде е пресечена матката. Одделение за односи со јавност Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЗапален автомобилот на познат српски пејач Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип. Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец. Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.Тагови: пожар Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 процентиЈануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година. На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица со шункаВо вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.Состојки за денешниот рецепт: 1 готово тесто за пица 100 гр. доматен сос 150 гр. шунка 150 гр. кашкавал 150 гр. печурки 50 гр. маслинки без семка малку оригано и др. зачини по избор. Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook