Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
ЗдравјеМЗ: За една недела починале 26 пациенти од Ковид со примени две дози вакцина Министерството за здравство соопшти дека неделно ќе информира за починати лица со Ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани.Министерството за здравство неделно ќе информира за починати лица со Ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена. Во период од 8 до 14 октомври починале 105 пациенти со Ковид-19, од кои над 75 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти од Ковид-19 во период од 8 до 14 октомври само 26 биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години. Од 26-те починати лица, двајца биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер", тројца со „Астра Зенека", четворица со „Синовак", а 17 со „Синофарм". На 8 октомври пријавени за починати се 16 пациенти со Ковид-19. Од нив пет биле вакцинирани: тројца на возраст од 84, 62 и 78 години имале кардиолошко заболување, а двајца на возраст од 63 и 73 години имале кардиолошко заболување и дијабетес. На 9 октомври пријавени за починати се 18 пациенти, од кои само еден бил вакциниран, имал 80 години и две хронични заболувања дијабетес и кардиолошко заболување. На 10 октомври пријавени за починати се 14 пациенти. Од нив тројца биле вакцинирани: еден на возраст од 64 години имал кардиолошко и малигно заболување, еден на возраст од 59 години имал кардиолошко заболување и еден на возраст од 68 години имал кардиолошко заболување и дијабетес. На 11 октомври пријавени за починати се 18 пациенти. Од нив шест биле вакцинирани: еден на возраст од 72 години имал кардиолошка и белодробна болест, еден на возраст од 69 години имал кардиолошка болест, еден на возраст од 81 години имал кардиолошка болест и дијабетес, двајца на возраст од 56 и 76 години имале кардиолошко заболување, и еден на возраст од 64 години имал белодробно заболување. На 12 октомври пријавени за починати се шест пациенти од кои само еден бил вакциниран, имал 80 години и немал нема хронично заболување. На 13 октомври пријавени за починати се 20 пациенти. Од нив осум биле вакцинирани: четворица на возраст од 48, 77, 78 и 80 години имале кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабетес, еден на возраст од 61 година имал кардиолошко заболување и хипотироидизам, еден на возраст од 72 години имал кардиолошко заболување, дијабетес и бубрежно заболување, еден на возраст од 77 години имал кардиолошко и белодробно заболување и еден на возраст од 71 година имал кардиолошко заболување. На 14 октомври пријавени за починати се 13 пациенти. Од нив четворица биле вакцинирани: двајца на возраст од 64 и 74 години имале кардиолошко заболување и дијабетес, еден на возраст од 75 години имал кардиолошко заболување и еден на возраст од 77 години имал невромускуларно заболување, информираат од Министерството за здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МетеоСончево со мала до умерена локална облачност и температура до 24 степениУтрово е биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
ХороскопДневен хороскоп за 23. септември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 23. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите. Кариера Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место. Здравје и совет Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10. Љубов Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило. Кариера Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени. Кариера Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата. Здравје и совет Ќе бидете меланхолични. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки. Кариера Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења. Здравје и совет Не се натпреварувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома. Кариера Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе. Кариера Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. затоа ќе бидете многу задоволни. Здравје и совет Верувајте во подобри денови. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни. Кариера Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни. Здравје и совет Треба повеќе да се рекреирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете. Кариера Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате. Здравје и совет Служете се со интуицијата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце. Кариера Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок. Здравје и совет Бидете подготвени на соработка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава. Кариера Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега. Здравје и совет Имате право на одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери. Здравје и совет Добро е што не ги комплицирате работите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени. Кариера Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни. Здравје и совет Читајте меѓу редови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Благојче Атанасовски и Умејер Мухамеди во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Благојче Атанасовски и Умејер МухамедиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25