МЗ: За 3 години реализирани капитални инцестиции во реконструкции и инфраструктура - Канал 5

МЗ: За 3 години реализирани капитални инцестиции во реконструкции и инфраструктура

Во изминатите 3 години Министерството за здравство интензивно работеше на подобрување на условите во јавно здравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници.

МЗ: За 3 години реализирани капитални инцестиции во реконструкции и инфраструктура

Реализирани се капитални инцестиции во реконструкции и инфраструктура во 32 здравствени установи ширум земјата.

Со планот беа опфатени: Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Клиниката за дигестивна хирургија, за хематологија, за пластична и реконструктивна хирургија, за неврохирургија, за ендокринологија, за психијатрија, за торакална и васкуларна хирургија, за очни болести, гинеколошко акушерската клиника, Заводот за слух, говор и глас, за детски болести, Институтот за трансфузиона медицина, Специјализираната болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок, Поликлиниката Железара, како и болничкиот оддел на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Реновирани се двете гинеколошки операциони сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Во Здравствениот дом во Велес, Битола и Македонски Брод целосно се обновени Службите за итна медицинска помош.

Во 2019 година, отворен е новиот Ургентен центар во Куманово, новиот Кардиоваскуларен центар во Градската општа болница „8 Септември“, нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар во Охрид, како и новото одделение за акутни состојби во Психијатриската болница-Негорци. Изграден е и нов машки павилјон во Психијатриската болница во Демир Хисар.

Во три јавно-здравствени установи, во Општата болница во Куманово, Клиниката за гинекологија и акушерство и во Клиничката болница Тетово се отворија три центри за упатување на жртви од сексуално насилство, како и шест Роса школи за родителство во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид.

Во поликлиниките „Чаир“ и „Ѓорче Петров“, вакциналните пунктови се комплетно реновирани.

Завршена е првата фаза од реконструкцијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и изградено е ново крило во Општата болница во Струмица.

Во 2019 година се отвори „Родителска куќа“, наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница, а не живеат во Скопје.

Здравството е еден од клучите столбови во државата. Корона кризата само го потврди тоа. Инвестициите во сите сегменти во здравството се највиоск приоритет за градење на одржлив и квалитетен здравствен систем за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Богојески во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Петар Богојески.

Петар Богојески во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.

МНРиТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“

Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.

Никол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“

Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог.

Брак на 22 години

Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа.

За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“.

Кариера и љубов

Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа.

Деценија брак и развод

Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“.

„Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време.

Нов живот и поглед назад

Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз.

„Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер