МЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти - Канал 5

МЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. 

МЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти

Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, четири пациенти на ОРЛ, исто толку и на Клиниката за нефрологија и тројца на Клиниката за очни болести.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти, а 13 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 22 болни.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 4 деца и 30 возрасни.

Вкупно 443 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 50 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

На свеченото отворање на детската градинка „Фолеја“ во село Пршовце ќе присуствуваат и евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Копилотот од „Флајдубаи“ сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив

Копилотот од „Флајдубаи“  сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив. Тоа го планирал со месеци.

Копилотот од „Флајдубаи“  сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив

Копилотот кој минатата недела со секира го нападна капетанот на авион на „Флајдубаи“ (Flydubai) и се обиде да ја преземе контролата врз леталото, имал намера да го урне авионот врз меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на информации од истрагата.

Според извештаите на израелскиот Канал 12 и порталот „Ynet“, 29-годишниот државјанин на Оман, Хамам ал-Хамами, наводно им рекол на истражителите дека, откако ќе го елиминирал капетанот, планирал да го продолжи летот како ништо да не се случило. Израелските медиуми тврдат дека неговата намера била да ги добие сите неопходни дозволи за слетување и – дури во фазата на завршен пристап – да го урне „Боингот“ врз зграда или авион на аеродромот.

Со тоа, на израелските власти би им останало многу малку време да сфатат што се случува и да реагираат.

Според истите извештаи, истрагата открила дека Хамами не постапил импулсивно. Во последните месеци, тој повеќе пати слетал на аеродромот „Бен Гурион“ како член на екипажот; за време на една посета во јуни, наводно детално го проучил аеродромот и се подготвувал за напад.

Првично планирал да го изврши нападот уште во јули, но се откажал од идејата во последен момент бидејќи меѓу членовите на екипажот бил и еден негов пријател.

Одлучил да ја чека следната можност. Канал 13 објави уште еден детал од истрагата. Според нивниот извештај, Хамами им кажал на истражителите дека намерно барал работа во авиокомпанија што лета за Тел Авив и дека токму поради тоа ја избрал „Флајдубаи“ (Flydubai).

Израелските истражители сè уште лично не го испрашале Хамами. Канал 12 наведува дека информацијата му била пренесена на Израел од саудиски и емиратски истражители, па затоа деталите од неговата изјава сè уште не се официјално и независно потврдени. Тој побарал од пилотот да се помоли, а потоа го нападнал.

Нападот се случи на 30 септември, за време на летот FZ1073 од Дубаи до Тел Авив.

Капетанот на авионот, Смит Мачхар , Индиец, раскажал дека копилотот ненадејно го нападнал од зад грб, околу пет минути откако побарал дозвола да се помоли. Хамами го удрил со секирата за итни случаи што се чувала во пилотската кабина.

Иако тешко повреден, Мачхар успеал да ја отвори вратата од пилотската кабина. Тоа им овозможило на членовите на екипажот и на патниците да влезат и да го совладаат напаѓачот. За време на борбата, авионот преминал во стрмно понирање.

Според податоците од „Flightradar24“ анализирани од „Ројтерс“, леталото изгубило повеќе од 16.000 стапки – или речиси пет километри – висина за нешто повеќе од 30 секунди.

Откако капетанот успеа да ја отвори пилотската кабина, неколку патници го совладаа Хамами, а контролата врз авионот потоа ја презедоа двајца пилоти кои се наоѓаа во авионот како патници. Авионот беше пренасочен кон Табук, Саудиска Арабија, каде што безбедно слета. Во авионот имаше повеќе од 170 патници и членови на екипажот, главно Израелци. Никој од патниците не загина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши домаќин на поранешните собраниски спикери

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе одржи средба со поранешни претседатели на законодавниот дом.

Гаши домаќин на поранешните собраниски спикери

Поранешните собраниски спикери ќе го посетат Собранието, каде што средбата со Гаши е закажана за 13 часот во Охридската сала.

На средбата се очекува да бидат разменети искуства и ставови поврзани со работата и функционирањето на највисокиот законодавен орган.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер