ЗдравјеМЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 42 пациентиВо изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 499 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четири болни се хоспитализирани на ОРЛ, тројца пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и исто толку на очната клиника. По четири нови болни биле примени на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за неврологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 10 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 14 пациенти, а на ОРЛ 27 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 161 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 8 деца и 23 возрасни. Вкупно 499 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. Министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Прија ужива на јахтата на Лепа Брена Една од најпопуларните млади пејачки на Балканот, Александра Пријовиќ дефинитовно е во одлични односи со својата свркрва, Лепа Брена. Деновиве, популарната Прија ги полни батериите на црногорското крајбрежје, а на своите следбеници на социјалните мрежи им покажа дел од својот луксузен одмор, што предизвика лавина од коментари. Популарната ѕвезда објави фотографии од јахтата на Лепа Брена, каде што ужива во друштво на своите најблиски, далеку од деловните обврски и концертните гужви. Ова лето, Александра одлучи да си подари неколку дена целосно опуштање, а според објавите што ги сподели, очигледно е дека ужива покрај морето. Посебно внимание привлече фотографијата на која пејачката, облечена во костим за капење, позира покрај кормилото на луксузна јахта, со насмевка на лицето и поглед вперен кон морето. Луксузната јахта на Лепа Брена со години го привлекува вниманието на јавноста, а познато е дека фолк-дивата често ги собира семејството и блиските пријатели на неа за време на летните месеци. Овој пат меѓу гостите беше и Александра Пријовиќ, која со години негува близок однос со Брена, како на приватен, така и на професионален план. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДушан Влаховиќ желба на Атлетико М., Бешикташ му даде рок од 48 часа за одлукаСрпскиот репрезенативец Душан Влаховиќ би можел да направи голем трансфер ова лето и да ја продолжи кариерата во Шпанија, бидејќи Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за одличниот напаѓач. Атлетико сега води во трката за неговиот потпис, иако до неодамна во шпанските медиуми се пишуваше дека Реал е опција број еден. Според шпанските медиуми, мадридскиот клуб го разгледува Влаховиќ како потенцијална замена за Александар Сорлот, доколку Норвежанецот го напушти „Метрополитано“ и се пресели во Фенербахче. Според тие информации, Атлетико е подготвен да дозволи негово заминување, а како износ за обештетување се спомнуваат околу 40 милиони евра. Влаховиќ моментално е слободен играч по истекот на договорот со Јувентус, па Атлетико во неговиот случај не би морал да плаќа обештетување. Токму оваа околност би можела да биде многу важна за клубот од Мадрид, кој би можел да заработи значителна сума од продажбата на Сорлот, а потоа да го ангажира Србинот без обештетување за трансфер. Платата е дополнителен фактор. Сорлот имаше годишна плата од околу 7,2 милиони евра во Атлетико, додека Влаховиќ имаше договор вреден осум милиони евра годишно во Јувентус, со бонуси што можеа да ги зголемат приходите до 12 милиони. Според актуелните информации, Влаховиќ е заинтересиран за премин во Атлетико и чека конкретна понуда од мадридскиот клуб. Но, српските медиуми пренесуваат и дека Душан Влаховиќ денеска добил ултиматум од турскиот Бешикташ, кој бара напаѓачот во следните 48 часа да одлучи дали ќе се пресели во Истанбул. Според информациите од Турција, Бешикташ поставил ултиматум од 48 часа, бидејќи не планира повеќе да ја чека одлуката на српскиот фудбалер и неговиот татко Милош – кој, наводно, во овој момент има најголемо влијание врз изборот на новата средина за својот син. Познато е дека, засега, единствената конкретна понуда доаѓа од Бешикташ, но бидејќи на Турците им снема трпение со Влаховиќ – кој сака да почека до крајот на летото за евентуален повик од Барселона, Атлетико или Реал Мадрид – тие одлучија дека српскиот напаѓач мора да даде одговор што е можно поскоро. „Бешикташ сака да го реализира трансферот на Душан Влаховиќ во текот на наредните ден-два. Овој процес може да заврши или позитивно, или негативно. Операцијата околу трансферот ја води Сердал Адали, претседателот на Бешикташ, а Влаховиќ е играч што тренерот Винченцо Италијано го посакуваше во својот тим уште од првиот ден. Иако постои можност нешто да се промени, според информациите со кои располагам, понудениот договор е со важност од три години“, објави турскиот новинар Серџан Дикме. Што му нуди Бешикташ на Влаховиќ? На маса се две верзии од договорот. Според првата, Душан Влаховиќ би добивал по 10 милиони евра годишно, со важност на договорот до 2030 година. Покрај тоа, би добил уште десет милиони евра за потпишување на договорот, односно целиот аранжман би вредел околу 50 милиони – понуда каква што Влаховиќ не би можел да добие на друго место. Од друга страна, се спомнува и можност за потпишување тригодишен договор, со поголем износ наменет за „провизија“. Поточно, тој би добил 12 милиони евра, но исплатени во три рати – во текот на три години, односно по четири милиони по сезона. Во тој случај, неговиот договор би изнесувал 13 милиони евра годишно. Вкупно, Влаховиќ би добил 51 милион евра, но Бешикташ полесно би го „распоредил“ тој износ низ буџетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
БалканОткажан концерт на Јелена Карлеуша во Водице, ХрватскаКонцертот на српската пејачка Јелена Карлеуша, планиран да се одржи во клубот „Хасиенда“ во Водице, Хрватска на празникот Голема Богородица (15 август), е откажан. Одлуката уследи по неколкудневните негативни реакции во јавноста по повод најавениот настап, а клубот го објави откажувањето на социјалните мрежи. Од клубот соопштија дека одлуката е донесена бидејќи реакциите на најавата за концертот „далеку ги надминале рамките на музички настан во приватен клуб“. Тие особено нагласија дека безбедноста им е врвен приоритет. „Ниту еден изведувач и ниту еден настан не се поважни од безбедноста на нашите гости и вработени“, се наведува во официјалното соопштение. Тие им се заблагодарија на гостите за поддршката и разбирањето, додавајќи дека „Хасиенда“ „останува место за музика, забава и убаво дружење“. На откажувањето му претходеше изјава од градоначалникот на Водице, Анте Цукров, кој изјави дека настапот го смета за несоодветен. Тој истакна дека пејачката не е добредојдена поради нејзините претходни јавни настапи. Дел од граѓаните повикаа на бојкот, а на социјалните мрежи со денови се објавуваа критики и барања за откажување на концертот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18