3Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
ЗдравјеМЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 39 пациентиВкупно се лекуваат 510 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19.Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 510 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализирани на ОРЛ, тројца пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и по четири болни на очната клиника, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за дерматовенерологија Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 12 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 30 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 162 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 9 деца и 25 возрасни. Вкупно 510 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. Одделение за односи со јавноста Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден градСилен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Колумбија, а потресите се почувствуваа во градови низ целата земја. Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните информации, загинале најмалку 20 лица и причинета е голема штета. Manizales, Colombia. Terremoto. pic.twitter.com/BzKcaWIHm1 — Jupac (@Jupacg) August 10, 2026 Се шират снимки од урнати згради. Во градот Кали се урнаа 20 згради. Гувернерката на департманот Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврди дека од главниот град Кибдо пристигнуваат информации за повредени лица и „сериозни оштетувања на згради“. 🇨🇴 TERREMOTO EN COLOMBIA 🇨🇴 Daños enormes en Pereira y varias ciudades del país tras potente terremoto de magnitud 7,4. 🇨🇴 | COBERTURA ININTERRUMPIDA. 🇨🇴 | AHORA en @AlertaNews24. pic.twitter.com/PydNenQcVu — Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 10, 2026 Таа исто така предупреди на можноста од последователни потреси. 🇨🇴 | URGENTE: Momento del derrumbe de un edificio de 3 pisos tras el terremoto de magnitud 7,4 en Pereira, Colombia. pic.twitter.com/r3v2lW5pU3 — Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 10, 2026 Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноПолицијата речиси 24 часа го истражувала„телото“ пронајдено во куфер: Но, потоа е откриена бизарната вистинаАвстралиската полиција била повикана на патот Волгон во Оален, на околу 60 километри јужно од Гулбурн, нешто пред 13 часот во неделата, откако граѓани пријавија дека пронашле предмети што личеле на човечки останки во куфер. Полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс денеска соопшти дека „телото“ пронајдено во напуштен куфер покрај патот всушност не било тело, туку реалистична кукла за возрасни – факт што бил утврден дури по неколкучасовна форензичка анализа. Австралиската полиција била повикана на патот Волгон во Оален, на околу 60 километри јужно од Гулбурн, нешто пред 13 часот во неделата, откако граѓани пријавија дека пронашле предмети што личеле на човечки останки во куфер. На оддалечена локација, каде што во текот на ноќта кон понеделникот врнело силен дожд, полицијата воспостави место за истрага. Сигналот за мобилна телефонија во тој дел бил слаб, а немало ниту камери за видеонадзор. Сепак, во понеделникот наутро, полицијата потврди дека во куферот се наоѓала многу реалистична кукла, облечена во облека, со коса и пирсинг на носот. Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти – како што пренесе австралискиот јавен сервис ABC – дека по форензичката анализа е утврдено оти пронајдениот предмет не претставува човечки останки. „По извршените форензички анализи, полицијата потврди дека предметот пронајден во торбата е реалистична кукла, облечена во облека, со коса и пирсинг на носот“, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМелони и Фредериксен бараат центри за враќање на мигрантите надвор од ЕУИталијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија.Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија, со цел барателите на азил чии барања се одбиени да можат да бидат вратени во нивните матични земји. „Не ја прифаќаме неконтролираната имиграција во Европа и се залагаме за строги имиграциски политики, како во нашите земји, така и на европско ниво“, напиша денеска Фредериксен во објава на Инстаграм. „Никој не може да негира дека илегалната имиграција има негативно влијание врз нашите општества: зголемени стапки на криминал, поголем притисок врз јавните служби и нарушување на јавната доверба.“ „Особено е сериозно кога илегалните мигранти, кои немаат право на престој во нашите земји, вршат насилство и кривични дела, се вклучуваат во трговија со дрога или се одговорни за сексуално насилство“, додаде Фредериксен. Двете лидерки – единствените две жени што предводат влади во Европската Унија – инсистираа дека „мора да се воспостават центри за мигранти надвор од ЕУ за враќање во трети земји надвор од ЕУ, како и други иновативни решенија надвор од Европа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter