3Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага
ЗдравјеМЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациентиВо изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 307 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки. Вкупно 307 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 44 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураХоландска вечер и разговор со Никола Ристановски на четвртиот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“.Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 15 часот во Europe House Struga со разговор со Никола Ристановски, каде публиката и авторите ќе имаат шанса да зборуваат на тема „Дали ги поставуваме вистинските прашања?“ и да ги анализираат филмовите од програмата Студенти во фокус. Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за четвртиот фестивалски ден. Програма за 8 август (сабота) Локација: Europe House Struga 20:00 Проекции на холандска програма, селектирана од фестивалот Go Short How to catch a Butterfly, режија: Kiriko Mechanicus Anna's Freezer, режија: Jetske Lieber Water Girl, режија: Sandra Desmazières kiss kiss bang bang, режија: Ollie Launspach Heaven Will Wait, режија: Silver Tjepkema Локација: Парк на поезија 20:30 Проекции на студентска натпреварувачка програма Меѓународна програма Free Drum Kit, режија: Carmen Leroi Регионална програма Welcome Home, режија: Filip Jembrih Jandras The Cow, режија: Pavo Marinković Специјална програма „Соочување со минатото“ Memories of Occypation-Pyrgi, режија: Dimitris Argyriou Национална програма Mushrooms Grow in Memory, режија: Hanis Bagashov По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори. По филмската програма следува музичката ОФФ програма со диџеј сет на Костадин Шурбановски. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен. Со почит, тимот на Дрим ШортТагови: Никола Ристановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаМанасиевски: Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС исплива на површинаДецата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина.Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните. Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина. Христијан Ефтимов внук на Заеви, и Илија Стојанов негов другар, се лица кои се условно осудени на година и пол условна казна затвор, затоа што тепале странски државјани во Струмица, мислејќи дека можат што сакаат да прават затоа што се деца на Заеви. Истите овие деца Филипче ги претставува како жртви. Талогот на СДС не може и не смее да биде иднината која сите ние ја заслужуваме. Катаклизмичните 7 години на власт на СДС, со Заев и Филипче не смеат никогаш повеќе да се повторат. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМладите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрагаДенес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички.Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица. Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика тоа е кривично дело. Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против: • Полициски службеници од Полициската станица Струмица, кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци, • Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, кој како прв човек на МВР сноси одговорност за злоупотребата на полицијата, • Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч врз младите. Истовремено бараме Внатрешната контрола на МВР итно да утврди кој им овозможил пристап на функционери на ВМРО до службена тајна и кој ставил потпис. За што ќе бараме и посебно вештачење. Ако институциите не постапат, ние ќе поднесеме кривична пријава. За сите. Погрешивте што дигнавте рака на младите. Погрешивте што направивте уште едно кривично дело за да нè замолчите. Не успеавте во Ново Село. Нема да успеете ниту сега. Ние не се плашиме. Вистината е на наша страна. И доаѓа време кога сите ќе одговарате. Центар за комуникации на СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook