3ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
ЗдравјеМЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациентиВо изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 448 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за Нефрологија и тројца пациенти на Клиниката за Неврологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 5 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 27 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 132 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти. Вкупно 448 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршкаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
ЕвропаПутин рече „не“ Кремљ останува посветен на своите воени цели, додека Киев ги смета условите за неприфатливи, пренесува „Киев пост“. Русија ја отфрли секоја можност за замрзнување на војната против Украина доколку не се исполнат барањата на Москва, изјави висок руски дипломат. Кремљ останува посветен на своите воени цели, додека Киев ги смета условите за неприфатливи, пренесува „Киев пост“. Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин, изјави дека Русија нема да се согласи на замрзнување на војната доколку не се решат оние што тој ги нарече „основни причини“ за конфликтот. „Како што постојано изјавуваше рускиот претседател Владимир Путин, никакво замрзнување не е можно без отстранување на основните причини за оваа криза“, изјави Галузин за државната новинска агенција ТАСС. Неговите коментари укажуваат на тоа дека Москва и понатаму не е подготвена да поддржи обичен прекин на непријателствата без да ги обезбеди своите пошироки политички и територијални барања. Галузин понатаму го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „целосно ја изгубил врската со реалноста“ и дека се обидува да го ескалира конфликтот. Неговите коментари доаѓаат во момент кога Москва упатува критики поради украинските напади врз цели во внатрешноста на Русија, вклучително и врз енергетската инфраструктура и објектите поврзани со Конзорциумот на каспискиот нафтовод (CPC). И покрај тоа што одбива да го замрзне конфликтот, Москва сепак тврди дека е отворена за дипломатија. Галузин изјави дека Русија е подготвена да ги постигне своите цели земајќи ги предвид договорите од Анкориџ и дека дипломатското решение е можно доколку постои доволно политичка волја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаСДСМ: Гостивар отруен од вода, 4.700 граѓани во болница а нула одговорни од властаЦел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница.А бројот на одговорни до власта – нула. Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски. Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна“ и дека може да се користи. Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси“. Ако во водата имало многу различни бактерии и вируси, врз основа на која анализа Мицкоски тврдеше дека е технички исправна? Кој дозволил граѓаните да ја користат? Кој ставил потпис дека е безбедна? Каде е официјалниот извештај? Ниту една анализа со која би се потврдиле тврдењата на Мицкоски не беше објавена пред јавноста. Очигледно, за оваа власт не бил потребен документ, анализа или потпис. Доволно било „експертот“ Мицкоски да каже дека водата е исправна. Со здравјето на луѓето не смее да се игра. Не може 4.700 луѓе да завршат во болница, цел град да биде изложен на ризик, институциите да потфрлат, а никој да не одговара. Ова е здравствена катастрофа и целосен распад на институциите. Доста молчи Јавното обвинителство. Савески, наместо на екскурзија, веднаш да отвори постапка и да утврди кој во власта ќе одговара. За труењето на граѓаните мора да има одговорност. Скопје, 10.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕден од најбараните луѓе во светот е екстрадиран во ИрскаДаниел Кинахан, осомничен дека раководи со криминална организација и еден од најбараните луѓе во светот, се појави пред суд во Даблин откако беше екстрадиран од Дубаи. Тој е обвинет за раководење со криминална организација во периодот од 18 октомври 2015 година до 6 април 2017 година, пренесува Би-би-си. Авион на ирската влада со 49-годишниот Кинахан слета во Даблин нешто по 18 часот по локално време, а тој беше уапсен и обвинет веднаш по пристигнувањето. По 13-минутно рочиште пред Специјалниот кривичен суд – кој заседава без порота – му беше одреден притвор до 5 октомври. Кинахан е уапсен во Обединетите Арапски Емирати уште во април и во изминатите месеци неуспешно ја оспоруваше одлуката за екстрадиција. Националната агенција за криминал на Обединетото Кралство (NCA) претходно соопшти дека кланот Кинахан е одговорен за меѓународен шверц на тони дрога и огнено оружје, а групата се поврзува и со повеќе од десет убиства. Покрај ирските власти, за Кинахан се заинтересирани и Соединетите Држави; Министерството за финансии на САД го опиша картелот „Кинахан“ како еден од најопасните во светот. Владата на САД воведе санкции против Кинахан во април 2022 година, означувајќи го него и членовите на неговото семејство како водачи на група за организиран криминал. Кинахан се спротивставуваше на екстрадицијата во својата матична земја, каде што неговиот клан беше вклучен во долготраен судир што однесе 18 животи. Пред рочиштето во неделата беа воведени засилени безбедносни мерки, а Ирската затворска служба набави оклопно возило отпорно на куршуми и експлозии за транспорт на високоризични затвореници. Комесарот на ирската полиција („Гарда“), Џастин Кели, изјави дека ова апсење ја покажува решеноста на полицијата да се бори против транснационалниот организиран криминал. Тој ја истакна соработката со меѓународните партнери, вклучително и со полицијата во Дубаи. Додаде дека ова ја потврдува важноста на соработката со властите на Обединетите Арапски Емирати, правната соработка со ирското Министерство за правда, како и директната соработка меѓу полициските служби.Тагови: Ирска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05