МЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. 

Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника исто така 5 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 15 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 79 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 11 пациенти.

Вкупно 274 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 123 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, информираат од Министерството за здравство.

Франција им нареди на трговците да ги означуваат производите, на кои им го намалиле пакувањето

Француските трговци ќе мора да ги известат клиентите за намаленото пакување на производите кое не е придружено со соодветно намалување на нивните цени, објави Министерството за финансии, сигнализирајќи нова мерка за борба против скриените поскапувања.

Тајното покачување на цените преку намаленото пакување на производите предизвикува главоболки и кај потрошувачите и кај владите, бидејќи ја инхибира потрошувачката во услови на послаба куповна моќ на домаќинствата под притисок на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Француските малопродажни компании од јули до септември ќе треба да ги информираат потрошувачите за храната и другите производи за широка потрошувачка чија цена не го следи намаленото пакување, соопшти Министерството. „Ќе ставиме крај на таквите практики. Сакам да ја вратам довербата на потрошувачите, а довербата оди рака под рака со транспарентноста“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Цените на храната станаа главно политичко прашање во Франција минатата година бидејќи цените на храната скокнаа за рекордни 16 отсто по редовните годишни преговори меѓу трговците на мало и компаниите за храна.

Владата со закон го регулираше одложувањето на датумот за преговори годинава и побара од компаниите да го ограничат поскапувањето. Минатиот септември ланецот супермаркети „Карфур“ прикажа предупредувања за цените на некои производи со цел да изврши притисок врз големите производители на стоки за широка потрошувачка, како „Нестле“, „ПепсиКо“ и „Унилевер“ пред преговорите.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

притисни ентер