Ферати: Околу триесет проценти од вработените во министерството за политички систем немаат основна опрема
2Ферати: Околу триесет проценти од вработените во министерството за политички систем немаат основна опрема
ЗдравјеМЗ: Вкупно се аплицирани 1.624.729 дози вакциниВо текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2.293 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 3 ноември вкупно се вакцинирани 807.528 граѓани, ревакцинирани се 778.482 а трета доза примиле 38.719 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина. Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Фудбал Душан Влаховиќ во плановите на Мурињо и Реал Мадрид?! Според дел од српските медиуми, старо-новиот предводник на Реал Мадрид, Жозе Мурињо лично му се јавил на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ и му понудил плата од 8.000.000 плус бонус за потпис.Фудбалска„бомба“ – Душан Влаховиќ е на чекор до потпис со Реал Мадрид! Српскиот ас е голема желба на Жозе Мурињо, пишува шпанскиот портал „Defensa Central“. Португалецот Мурињо наводно смета дека на тимот му е потребен силен, физички доминантен центарфор, односно класична „деветка“, а во Влаховиќ гледа играч кој може да ги исполни сите тие барања. Односот на Жозе Мурињо кон Душан Влаховиќ претставува спој на голема тренерска почит, медиумски провокации и постојана желба да го доведе во својот тим. Додека Португалецот ја водеше Рома, Србинот блескаше во дресот на Фиорентина, а потоа премина во Јувентус. Мурињо постојано го опишуваше Душан Влаховиќ како „идеален и модерен центарфор“ – физички доминантен, агресивен и смртоносен во шеснаесетникот. Римските медиуми пишуваа дека Мурињо побарал од раководството на Рома да стори сè за да го доведе, но Јувентус бил финансиски недостижен. За време на натпреварите меѓу Рома и Јувентус, Мурињо честопати фрлаше предмети кон Влаховиќ од техничкиот простор, но по натпреварите јавно го фалеше: – Душан е фантастичен напаѓач. Ги поседува сите квалитети за да биде меѓу најдобрите во светот. Интересно е што, кога пред две години Жозе Мурињо стана тренер на Фенербахче, тој исто така побара од раководството на турскиот клуб да го ангажира Душан Влаховиќ. Едноставно кажано, Португалецот е воодушевен од Србинот во фудбалска смисла. Турските и италијанските медиуми тогаш известуваа дека Мурињо лично стапил во контакт со Влаховиќ и неговиот агент Дарко Ристиќ за да ја испита можноста за евентуален сензационален трансфер во Истанбул.Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомвриБугарскиот парламент денеска гласаше претседателските и изборите за потпретседател на Бугарија да се одржат на 25 октомври, додека евентуалниот втор круг да се одржи на 1 ноември.За одлуката гласаа вкупно 138 пратеници од партиите прогресивна Бугарија, движење за права и слободи и преродба, никој не беше против, додека седум пратеници од движењето „промените продолжуваат“ се воздржаа од гласање. Во согласност со Уставот на Бугарија, доколку ниту еден кандидат не го освои потребниот број гласови во првиот круг, вториот круг ќе се одржи седум дена подоцна, а силите ќе ги одмерат двајцата кандидати со најголема поддршка.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФерати: Околу триесет проценти од вработените во министерството за политички систем немаат основна опрема„Околу 30 проценти од вработените немаат ниту основна опрема за работа“, порача министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати на брифинг со новинарите, на кој ги презентираше првичните наоди од анализата на работењето на министерството.Ферати рече дека во институцијата има 139 вработени, но дека човечките и материјалните ресурси не биле целосно искористени. Ферати посочи дека при увидот не биле утврдени индиции за незаконско финансиско работење, но како сериозен недостаток го издвои недостигот од долгорочно стратешко планирање. Министерот најави нова систематизација на министерството и формирање оддел за стратешко партнерство, меѓународна соработка и односи со Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08