3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
ЗдравјеМЗ: Вклучете се во меѓународното истражување „КОВИД-19 и ментално здравје“Грижата за нашето психичко здравство е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје. Клиниката за психијатрија е активно вклучена во справувањето во борбата со коронавирусот. Отворени се повеќе телефонски линии за психолошка поддршка, а во наредниот период ќе се организираат и повеќе активности и превенција за менталното здравје. Од установата, не информираат дека тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“ (веб psichiatriasociale.org), а истражувањето се спроведува во повеќе европски земји. Координатор за Македонија е токму Универзитетската клиника за психијатрија - Скопје. Оваа студија се спроведува со цел проценка на влијанието на пандемијата COVID-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции. Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони. Линк до истражувањето „КОВИД-19 и ментално здравје“: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd4AnzbOPFUz5oCh5c4ofXcFFKr_5wm8MMa77_x69fqH1bINA/viewform. Да ги почитуваме препораките за заштита од коронавирусот и да се грижиме за нашето ментално здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГрција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожаротДенес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“. Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација. Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога. Извор: Б92Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГруби останува во куќен притвор до 13 септемвриПоранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август. Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.Тагови: Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter