Директорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари
1Директорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари
3ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
ЗдравјеМЗ: Вчера се аплицирани 6.940 вакциниВакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 224.336 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани. Со последните бројки 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат. Министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денариВо јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари - изградивме систем што испорачува резултати.Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. „Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат во последните две години ги надминуваме рекордите во наплатата на приходи на историско ниво - почнувајќи од над 12 милијарди денари во јули минатата година и сега над 14 милијарди денари не е самата бројка туку трендот што го отсликува. Ова е доказ дека успесите не се изолирани случаи, туку резултат на ефикасноста на системот што го градевме во изминатите две години. Ваквиот систем ни овозможува да генерираме повисоки приходи и да испорачаме подобри услови за живот за граѓаните“, потенцира Николовски. Согласно анализата на наплатата на приходите остварена во јули, зголемувањето во најголем дел се должи на зголемените набавки на опрема од страна на Министерството за одбрана, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати, како и на зголемениот увоз на тутун и тутунски производи. Кумулативно од почетокот на годинава заклучно со јули Царинската управа оствари вкупни приходи од 80,5 милијарди денари или 1,3 милијарди евра што е за 87,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Николовски додава дека како институција која собира милијарди денари приходи за државниот Буџет, нашата должност е да обезбедиме подобри услови за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија. „Нашата цел е јасна, градиме систем со кој безбедноста и полнењето на Буџетот не ја кочат економијата, туку се одвиваат паралелно преку модернизација и таргетирање на ризикот. Продолжуваме да градиме модерна, ефикасна и професионална Царинска управа која во континуитет испорачува резултати и придонесува за посилна економија“, истакна Николовски.Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалШпанците воведуваат нови правила во Ла Лига Шпанската Ла Лига влегува во новата сезона, која започнува на 15 август, со неколку нови правила чија цел е да се намалат прекините во играта и да се направи завршницата на натпреварите подинамична.Најзначајните промени се однесуваат на замената на играчи, повредите на голманите и прекините на играта. Според новите правила, фудбалерот што ја напушта играта ќе мора да го напушти теренот во рок од 10 секунди. Доколку не го стори тоа, на неговата замена нема да ѝ биде дозволено да влезе во игра сè до следната пауза меѓу полувремињата, кога судијата ќе ја одобри замената. Важната новина се однесува и на ситуациите кога голманот ќе се повреди при крајот на натпреварот. Во тој случај, тренерот ќе мора да одреди еден фудбалер од теренот кој исто така ќе го напушти теренот и нема да може да се врати во игра најмалку една минута по продолжувањето на натпреварот. Доколку тренерот не избере играч, капитенот на тимот автоматски ќе мора да го напушти теренот. Ова правило нема да се применува доколку судијата процени дека станува збор за сериозна повреда, потрес на мозокот или крварење. Промените се однесуваат и на изведувањето на прекините. Покрај при изведувањето на почетниот удар, тимовите сега ќе имаат на располагање пет секунди за изведување корнер, со цел дополнително да се забрза темпото на играта.Тагови: Фудбал Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: САД и Иран имаат „многу добри разговори“Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација имала „многу добри разговори“ со Иран за време на вчерашните целодневните преговори, поттикнувајќи ги очекувањата за крај на петмесечниот конфликт.Утринава цените на нафтата паднаа, со надеж дека наскоро би можел да се постигне договор за обновување на сообраќајот низ блокираниот Ормутски теснец. „Тие имаа целодневни преговори“, изјави Трамп за емисијата „ Night“ на Фокс њуз. Ормутскиот теснец „ќе биде отворен многу наскоро“, додаде Трамп. „Ако повторно се повлечат, ќе бидат силно погодени“. Трамп честопати се закануваше со масовни напади доколку Техеран не постигне договор, а потоа се повикуваше на напредок во разговорите кои досега не успеаја да ги прекинат непријателствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter