МЗ: Вчера се аплицирани 13.482 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 203.324 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.719 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.482 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 203.324 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Лагумџија: Конечниот предлог за Резолуцијата за Сребреница испратен до ОН

 Амбасадорот на БиХ во ОН Златко Лагумџија изјави дека „по неколку рунди инклузивни консултации, конечната нацрт-резолуција“ за Сребреница била испратена до претседателот на Генералното собрание на ОН и до сите постојани мисии во ОН.

„По неколку рунди инклузивни консултации, конечниот предлог на Резолуцијата „Меѓународен ден на размислување и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година“, од страна на „преку-регионалната основна група“, отиде до претседателот на Генералното собрание на ОН и сите постојани мисии во ОН“, напиша Лагумџија синоќа на мрежата Икс./МИА

Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија

Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ.

ИРМ информира дека се очекува на места да наврнат над 20 милиметри воден талог дожд за еден час, додавајќи дека во случај на пообилни врнежи можно е метео алармот да се подигне на портокалово ниво, пред се во најисточните делови на Белгија во близина на границата со Германија. /МИА

Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица

Полицијата заплени кокаин, хероин и канабис.

Во рамки на третата фаза од голема полициска акција „Храм“ (Темпули) полицијата во Тирана разбила група која дистрибуирала канабис, хероин и кокаин, во различни области на Тирана, во близина на училишта, како и во ноќни клубови.

-Акцијата следуваше по четиримесечна истрага, со посебни методи од страна на стручни лица за истраги за наркотици при локалната полициска управа во Тирана, под раководство на Обвинителството при Основниот суд на општата надлежност на Тирана. Обезбедени се правни докази за документирање кривични предмети на 35 граѓани, изјави Тонин Воцај, директор на полициската управа на Тирана.

Воцај додаде дека се уапсени 20 лица а по 10 други се трага, запленети се 3,5 килограми кокаин, 50 дози хероин, 100 дози канабис, 27 мобилни телефони и 5 автомобили.

Во рамки на првата и втората фаза од акцијата „Храм“, чија цел е сузбивање на дистрибуцијата на дрога пред училишта и угостителски објекти, уапсени се повеќе од 200 лица. /МИА

притисни ентер