МЗ: Вчера се аплицирани 10.065 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. 

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 254.154 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Министерство за здравство

Додека шведската репрезентација игра на Европското, Ибрахимовиќ „брои палми“ на Мајорка (ВИДЕО)

Шведска одлично се пробива на Европското без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од првите два натпревари, но нејзините играчи и навивачи би сакале со нов да биде и Златан Ибрахимовиќ.

Сепак, Златан за тоа време ужива во Мајорка. Тој на Инстаграм објави видео на кое тој е гол и без раце вози велосипед на патека покрај морето. Тоа видео доби милион лајкови.

За потсетување, стрелецот на 62 гола за Шведска се врати во репрезентацијата пред три месеци по скоро пет години.

На два квалификациски натпревари за СП, тој постигна два гола и стана најстариот (39) репрезентативец во историјата на неговата земја.

Ќе одеше на Европското првенство доколку не го повредише коленото додека играше за Милан непосредно пред објавувањето на списокот на репрезентативци.

Па така, наместо да оди на ЕП, тој тргна на крстарење по Медитеранот со својата јахта вредна 20 милиони евра.

Ferrari SF90 Stradale како инспирација за патики (ФОТО)

Puma и Ferrari имаат заеднички производ.

Неговото име е ION F, а станува збор за патики инспирирани од автомобил на Ферари. Некои делови од патиката ги имаат истите материјали, додека некои други детали се дизајнерски поврзани со Ферари. Така, задниот рефлектирачки панел TPU е опкружен со СТП пена, и е естетски дизајниран да наликува на предниот спојлер на хиперспортскиот автомобил.

Патиките имаат мрежен материјал во горниот дел и доаѓаат со интегриран плетен чорап. Наместо класичните патенти, инсталиран е магнетски механизам, кој треба да биде поврзан со G силите во Ферари, како што поминува на свиоци со полн гас. Секако, логото на Ферари јасно кажува за што станува збор.

Непотребно е да се каже, црвената боја доминира, но исто така е достапна и во црна боја. Цената е околу 400 фунти.

Мајкл Џордан е шампион и во риболов (ВИДЕО)

Ненормалната компетитивност што ја внесува во секоја борба,не само на кошаркарскиот терен,туку и на терените за голф, масите за покер или додека со неговиот чувар фрлале паричка што е можно поблиску до ѕидот, е главната карактеристика на Мајкл Џордан.

Сега тој ја однесе на морето.

Шесткратниот шампион во НБА лигата учествува втора година по ред на турнирот Big Rock Blue Marlin Tournament во Северна Каролина. Веќе на првиот натпреварувачки ден, неговиот осумчлен екипаж на јахтата Фати 23, именуван по неговиот број на дресот, улови 11,5 килограми тешка риба махи-махи, што е најтешкиот улов на денот во таа категорија.

Минатата година неговиот екипаж фати риба сабјарка тешка над 200 килограми, што беше четврти најголем улов на денот на натпреварот.

притисни ентер