МЗ: Вакцини против сезонски грип има за сите, системски се менаџираат термините за вакцинација - Канал 5

МЗ: Вакцини против сезонски грип има за сите, системски се менаџираат термините за вакцинација

Вакцини против сезонски грип има за сите. Секој петок од тековната недела се отвораат термините за вакцинација за наредната недела. 

МЗ: Вакцини против сезонски грип има за сите, системски се менаџираат термините за вакцинација

Годинава се набавени 40000 вакцини, што е најголем број досега, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Вакцините, како што посочуваат, се бесплатни за ризичните групи: лица постари од 65 годишна возраст, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до пет години, хронично болни лица, како и за здравствени работници во соодветни термини обезбедени за секоја категорија поединечно, со што ќе се задоволат потребите за имунизација на општото население.

– По спроведените анализи на начинот на закажување на термин за вакцинација против сезонски грип, не се утврдени недостатоци, туку станува збор за системско менаџирање на термините за вакцинација. Имено, се наоѓаме во период на вонредна здравствена состојба каде физичка и временска дистанца меѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето во овој момент. Системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор, нагласуваат од Министерството за здравство./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Кој ќе сноси одговорност за промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол?

Почитувани граѓани на денешен ден или во 1992 година, Македонија го усвои своето знаме и Македонија ја усвои својата химна.

Жерновски: Кој ќе сноси одговорност за промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол?

Ете точно кога Владата на Мицкоски го направи скандал, овој дебакл со нашето македонско знаме.

На нивната официјална организирана прослава по 35 години од независноста на државата, платена со милиони евра народни пари, Мицкоски и неговата Влада ги понижаа државата и ги понижија граѓаните.

И наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку пари чини ова понижување, и наместо да што е најважно да им се извинат на граѓаните што ги понижија нивните чувства, вчера се обидоа со едно таргикомично објаснување да се оправдаат дека всушност тоа што го видовме со така нареченото македонско знаме било, верувале или не, „уметничка инсталација“.

Значи за Мицкоски, за ВМРО, за Владата, државното знаме не е свет државен симбол, туку е цитирам „уметничка инсталација“.

И сега повторно, како рефлекс, се вратија на омилена тема - на народот, на СДСМ, односно на талогот. Кога ќе направат грешка, виновен е СДСМ, виновен е народот. Кога ќе понижат државата и државен симбол, повторно виновни се граѓаните и талогот. Кога немаат резултати, повторно некој друг им е виновен.

Тендер патриотите не знаат како изгледа знамето на државата, но многу добро знаат како изгледаат бугарските пасоши и како се прават фирми во Бугарија.

Тие многу добро знаат што е патриотизам, кога патриотското крадење на патриотските пари, преку патриотските тендери, си го организират перфектно.

Меѓутоа, она што сакаме денеска да го истакнеме на прес-конференцијата е следно. Додека Мицкоски една екскурзија се одвива едно срамно обележување на независноста на нашата држава, недостасуваат клучни факти.

Недостасува членството во НАТО, недостасува членството во ОН, недостасува кандидатскиот статус во Европската Унија.

Значи се прави ревизија на клучните историски факти, што е многу важно да го напоменеме. Зошто се прави оваа ревизија? Затоа што всушност ВМРО го нема во ниту еден од државните успеси кои што ги постигнала Македонија.

Напротив, токму СДСМ ги има направено сите најважни државнички чекори. И ова што беше објавено како спот и целиот тој проект е потврда за тоа што денеска го кажуваме.

Каде денес ќе беше Македонија, каде денес ќе беше нашата држава, ако ВМРО беше цело време на власт? Немаше да имаме држава. Да потсетиме дека токму тие го газеа македонското знаме на Мечкин Камен.

Значи, ова не е прв инцидент. Наназад се случува од патриотите да имаме такви инциденти. Или газење, или понижување на македонското знаме.

Она што сакаме денес кај исто така да го соопштиме и да го отвориме како тема е дека за ова мора да има последици. За срамната прослава со понижување на македонските државни симболи за знамето, законот јасно предвидува санкција.

Според член 4 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната, исто така јасно е наведено како може да се употребува државното знаме.

Има и казнени одредби, тоа е член 30, од овој закон за прекршочна одговорност доколку организаторот на јавен настан по грешка или незнање, истакне погрешно знаме.

Денеска бараме Владата да го прекине молкот и конечно да излезе пред граѓаните. Да каже, која фирма го направи погрешното знаме?

Кој беше задолжен за визуелниот перформанс?

Колку народни пари чини оваа прослава и кој ќе сноси одговорност за ова понижување на Македонија, на нејзините државни символи и на нејзините граѓани?

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари

Најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на Рустенбург, Јужна Африка. 

Трагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари

Причината за инцидентот засега е непозната.

Полицијата денеска соопшти дека најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на градот Рустенбург во Јужна Африка.

Телата на рударите се пронајдени во напуштен рудник во близина на Рустенбург, на околу 130 километри северозападно од Јоханесбург, пренесе АП. Засега, полицијата не соопшти повеќе детали за околностите на нивната смрт или за причината за инцидентот.

Во Јужна Африка, десетици илјади рудари работат нелегално во напуштени рудници за злато и платина што рударските компании престанале да ги користат.

Ваквите рудари често работат без соодветна заштитна опрема и во многу опасни услови. Рустенбург е еден од главните центри на индустријата за платина во Јужна Африка. Јужна Африка ги поседува најголемите познати резерви на платина во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Елизабет Харли воодушевува и во седмата деценија од животот

Британската актерка и манекенка 61 годишната Елизабет Харли уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните жени во светот на шоу-бизнисот. 

Фото: Елизабет Харли воодушевува и во седмата деценија од животот

Популарната кралица на бикини со серија фотки покажа зошто ја оправдува оваа титула.

Ѕвездата на бројни филмови ужива во летните денови, а своите следбеници ги воодушеви со нова објава на социјалните мрежи.

Познато е дека нејзината колекција на костими за капење и други додатоци за плажа секогаш привлекува внимание, а главна ѕвезда во секоја реклама е прекрасната Лиз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер