МЗ:Седум починати, 125 новозаболени

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-1 и Велес-4. Починаа 7 лица, тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-89, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-1, Струмица-2, Кичево-1 и Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-1 и Велес-4. Починаа 7 лица, тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Скопје е од Куманово. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1461, активни 844

• Куманово 573, активни 155

• Дебар 53, активни 2

• Штип 225, активни 186

• Прилеп 220, активни 26

• Тетово 312, активни 145

• Струга 109, активни 34

• Велес 145, активни 27

• Битола 30, активни 3

• Охрид 45, активни 28

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 52, активни 30

• Гевгелија 6, активни 2

• Струмица 7, активни 4

• Крива Паланка 7, активни 1

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 3, активни 0

• Кочани 53, активни 22

• Пробиштип 11, активни 9

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 2, активни 0

• Пехчево 3, активни 0

• Берово 2, активни 1

• Валандово 3, активни 2

• Виница 3, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 3, активни 2

• Кичево 4, активни 2

• Ресен 1, активни 1

• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1019 теста се преку: ИЈЗ –288 , ЦЈЗ Скопје-33, Авицена –116, Биотек -137 , Жан Митрев (Филип Втори) –213, Систина со PCR метода –80 и МАНУ -152. Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 35 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

• Чаир- 195

• Бутел- 72

• Центар- 71

• Аеродром- 67

• Гази Баба- 66

• Карпош- 64

• Сарај- 58

• Кисела Вода- 39

• Ѓорче Петров- 26

• Студеничани- 24

• Арачиново- 24

• Шуто Оризари- 21

• Илинден- 19

• Петровец- 6

• Чучер Сандево- 3

• Сопиште- 2

• Странец- 2

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада

Српскиот парламент претпладнево ќе ја продолжи првата вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на Влада и давање заклетва на претседателот и членовите. 

Се очекува дискусијата да продолжи, по што пратениците треба да гласаат, јавија српските медиуми.

Продолжението на првата вонредна седница на Националното собрание во актуелното свикување е закажано за девет часот. На седницата, која почна вчера, излагање поднесе претставникот за состав на новата Влада Милош Вучевиќ.

Во тричасовното обраќање пред пратениците, меѓу другото, тој истакна дека владата што ја предлага ќе биде влада на континуитет во најголема мера, како и дека полноправното членство во ЕУ останува стратешки приоритет на Србија. Тој наведе и дека најголемиот предизвик на новиот кабинет ќе биде одбраната на суверенитетот, ќе се предложи задолжителен воен рок од четири месеци. Вучевиќ порача дека членовите на Владата мора да бидат тим, дека секогаш мора да бидат подготвени да ги штитат националните и виталните интереси на Србија, а неговото прво и единствено барање е несомнената лојалност кон татковината. На Собранието му предложи 31 член на кабинетот, меѓу кои има осум нови личности. /МИА

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер синоќа го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.

Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес, објави Фокс.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита./МИА

Колумбија најави прекин на дипломатските односи со Израел поради војната во Газа

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави синоќа дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Појасот Газа. 

Петро претходно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.

„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има геноциден претседател“, нагласи синоќа Петро во Богота на собир по повод Меѓународниот ден на трудот. Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, нагласи тој. /МИА

притисни ентер