ЗдравјеМЗ: Се намалува бројот на жени со тешка форма на рак на грлото на маткатаПодатоците покажуваат дека се помал е бројот на жени со тешка форма на карцином, како што се плочестиот карцином суспектен за инвазија и инвазивниот плочест карцином.По повод одбележувањето на месец јануари како месец посветен на борба против ракот на грлото на матката, информираме дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во нашата држава на годишно ниво од овој тип рак заболуваат околу 150 жени, или 15 на 100.000 жени. Според податоците од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, на оваа Клиника во 2019 година се третирани 111 случаи на карцином на грло на матка, додека во 2020 година бројот е зголемен и изнесува вкупно 140 случаи. Министерството за здравство секоја година изготвува посебна Програма за рана детекција на малигни заболувања, во која е предвидено спроведување бесплатен скрининг за рано откривање на ракот на грлото на матката, со кој во период од три години се опфатени жени на возраст од 24-61 година, односно следните возразни групи: 24-35 години, 36-45 години, и 46-61 година. Во рамки на организираниот скрининг годишно се испраќаат во просек околу 53.000 покани, а процентот нa жени кои примиле покана изнесува околу 88,3%. Од нив, околу 60% жени се тестираат со ПАП тест или во просек годишно се прават по 24.000 ПАП тестирања, пришто се откриваат брисеви со околу 10% епителни клеточни абнормалности во вкупно цитолошки анализираните брисеви или во просек по 2.400 брисеви годишно се со позитивни наоди. Во 2020 година, во првите 3 квартали околу 12.000 покани се испратени од страна на гинеколозите кои се вклучени како извршители во Програмата, направени се околу 9.000 ПАП тестови при што откриени се околу 900 брисеви со одредени клеточни абнормалности, што исто така претставува 10% од вкупно цитолошки анализираните брисеви. Воедно, податоците покажуваат дека се помал е бројот на жени со тешка форма на карцином, како што се плочестиот карцином суспектен за инвазија и инвазивниот плочест карцином. Токму тоа е и целта на превентивната програма на Министерството, рано и навремено откривање на ова заболување, што придонесува за намалување на стапката на смртност од ова заболување. Од аспект на зајакнување на превенцијата од ова заболување, во 2019 година го осовременивме Календарот за имунизација со тоа што обезбедивме четиривалентна ХПВ вакцина, со која се замени дотогаш користената двовалентна вакцина. Оваа вакцина штити од 4 опасни типови на хуман папилома вирусот. Покрај превенција од предмалигни генитални лезии, предмалигни анални лезии, канцери на грлото на матката и анални канцери, дополнително превенира и генитални брадавци. Токму во 2019 година е зголемен опфатот со вакцинација со оваа вакцина во споредба со претходните години. Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
БалканЦрвен аларм во Грција поради шумски пожариДенес во Атика и неколку други региони во Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, а властите го кренаа нивото на подготвеност на највисоко ниво.Денес во Атика и други региони на Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, објави Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатска криза и цивилна заштита. Државниот апарат е ставен во висока оперативна подготвеност поради опасноста од пожари, објави „ERT News“. Црвената тревога за шумски пожари е издадена за регионот Атика, вклучувајќи ја Китера, како и регионалните единици Коринт, Арголис, Аркадија и Лаконија. Истата тревога е издадена и за регионот Крит и регионалните единици Беотија, Фтиотида и Евија. Во северниот Егеј, црвената тревога се однесува на регионалните единици Лезбос, Хиос, Самос и Икарија, како и на Кикладите во јужниот Егеј. Активирањето на црвената тревога за пожар значи дека националниот механизам за цивилна заштита е ставен во целосна мобилизација, со распоредување на потребниот персонал, опрема и ресурси за справување со потенцијални пожари. Фото: ВИТагови: грција пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзијаБрисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии.Екскурзија е организирано патување на група луѓе - најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување. Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски. Одвои осум дена. Остануваат уште седум. Четири дена Брисел - „стручна екскурзија“. Таму, како што доликува на сериозна стручна посета, ќе се запознава со фабрики, институции и, секако, со Европската комисија. За да стекне практични знаења за… францускиот предлог. Ќе почекаме да се врати. Па сите да научиме дека францускиот предлог воопшто не е лош. Исто како што од Мицкоски научивме дека НАТО не е лош - напротив, феноменален. Исто како што од Мицкоски научивме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата и многу други убави работи. Ќе треба само малку повеќе време гласачите на ВМРО да го сфатат тоа. Затоа што до вчера Мицкоски ги учеше сосема спротивно, додека клечеше и ветуваше само за да дојде на власт. Единствена трајна последица од тоа патриотско клечење во претходната кампања е што сега го болат колената. Затоа и го зеле седиштето 11D - да може да ги испружи. Со нетрпение го чекаме. Ќе имаме многу да учиме. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Струмица заврши 21. „Астерфест“Синоќа, со проекција на пет наградени филмa, заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“.По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“. Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската уметност, во преполниот Амфитеатар беа прикажани 20-тина кусометражни филмови. Покрај натпреварувачката, имаше и ревијална долгометражна програма во која специјални проекции имаа „Версус: филмовите на Кен Лоуч“ на Луиз Осмонд, „Железна тврдина“ на Митко Панов, „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ и „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски. Гостите имаа Тивериополска филмска посета на Манастирот во Велјуса, а се одржаа и промоција на филмска литература и авторска средба низ прашања и одговори од публиката. Жири-комисијата, составена од Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева, едногласно одлучи и ги соопшти наградите за најдобрите филмови. Гран прито за најдобар краток филм го понесе „Неми филмови“ на Крсте Господиновски, во македонско-романска копродукција. Златната потковица му припадна на „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, во чешко-македонско-британска копродукција. Сребрената потковица отиде во рацете на данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампан, а со Бронзената потковица се закити Маријам Бакачо Хачвани за грузискиот „Земјата на мажите“. За најдобар режисер со наградата „Ацо Алексов“ беше прогласена Елвира Барбоза за францускиот филм „Франсин, исток-запад“, а наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ отиде кај Бранко Костески за македонскиот краток филм „Остров“. Специјални признанија од жирито добија и јужнокорејскиот „Разденување“ на Хе-о Парк и бугарскиот „Оџачарот“ на Настимир Цачев. Најголем број гласови од публиката освои канадскиот оскаровец „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, а нововостановената награда за најдобра женска улога „Зора Георгиева“ ѝ припадна на британската актерка Софи Томпсон во филмот „Нешто бесмислено“. Фестивалот продолжува со намерата да го афирмира светскиот авторски филм, но и дела од македонската кинематографија. Овогодишниот „Астерфест“ беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Општина Струмица.Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15