МЗ: Регистрирани 14 нови случаи на Ковид-19, починати се 13 лица

Во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а регистрирани се 14 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 10, Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 103 оздравени пациенти од:

Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци – по 7, Охрид и Виница – по 6, Прилеп и Кратово – по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3, Битола – 2, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица: по 3 лица од Скопје (61г,76г, и 86г) и Гостивар (63г,69г, и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г).

Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Направени се 1.489 тестови преку: ИЈЗ-76, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-28, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена -159, Биотек-345, Систина-121, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-30, Плодност–44, Генеа–0, Никоб лаб-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 568.

Досега во земјата се направени вкупно 779.581 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68413, Активни 1087

Куманово 8806, Активни 251

Прилеп 8283, Активни 117

Тетово 7207, Активни 103

Битола 6286, Активни 181

Велес 5466, Активни 65

Гостивар 5164, Активни 42

Кавадарци 5151, Активни 31

Охрид 4994, Активни 180

Штип 4956, Активни 49

Струмица 4106, Активни 68

Струга 2979, Активни 65

Кочани 2785, Активни 45

Кичево 2550, Активни 73

Гевгелија 2189, Активни 23

Неготино 2182, Активни 20

Свети Николе 1522, Активни 32

Ресен 1234, Активни 34

Крива Паланка 1219, Активни 6

Радовиш 1150, Активни 54

Берово 1027, Активни 1

Делчево 971, Активни 24

Дебар 939, Активни 5

Виница 881, Активни 41

Пробиштип 789, Активни 10

Валандово 665, Активни 3

Богданци 494, Активни 4

Крушево 489, Активни 22

Демир Хисар 397, Активни 18

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 373, Активни 16

Македонски Брод 359, Активни 3

Пехчево 268, Активни 1

Македонска Каменица 249, Активни 12

Дојран 132, Активни 0

Министерство за здравство

Во Аеродром симболично засадени 15 садници во чест на 15 загинати работници на работното место

Во чест на 15-те загинати работници на своето работно место во текот на 2023 година, а со цел подигнување на свеста за ова прашање, денеска симболично засадивме 15 садници во рамки на новиот парк во Аеродром.

Во чест на 15-те загинати работници на своето работно место во текот на 2023 година, а со цел подигнување на свеста за ова прашање, денеска симболично засадивме 15 садници во рамки на новиот парк во Аеродром, соопшти градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил.

Тој посочи дека оваа иницијативата е на Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија која се реализира со поддршка на општината.

- Општина Аеродром како партнер во оваа иницијатива ќе вложи напори за хортикултурно уредување на овој простор. Паралелно реализираме и набавка на сертифицирана опрема, изработена според потребните стандарди, преземаме конкретни мерки за подигнување на безбедноста при работа, на лицата кои се вработени во општината и комуналното претпријатие, рече Муцунски.

Бах: Повеќе од десет држави кандидати за организација на ОИ 2036

Шефот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах (ИОК) е убеден дека иднината на олимпиското движење никогаш не била посветла, бидејќи кандидатура за организација на Олимписките игри во 2036 година поднеле двоцифрен број држави.

Наспроти заканите предизвикани од климатските промени, допингот со помош на вештачка интелигенција или е-спорт натпреварувањата, шефот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах (ИОК) е убеден дека иднината на олимпиското движење никогаш не била посветла, бидејќи кандидатура за организација на Олимписките игри во 2036 година поднеле двоцифрен број држави.

Бах, 70-годишен поранешен германски олимписки мечувалец, го предводи МОК од 2013 година, кога интересот за организација на Олимписките игри беше на историски најниско ниво поради честите скандали околу трошоците и корупцијата.

Намалената привлечност на Игрите беше очигледна за време на кандидатурите за Летните игри 2024 и 2028 година, кога имаше само двајца кандидати, Париз и Лос Анџелес.

Игрите во 2032 година оттогаш се доделени на австралискиот град Бризбејн, а Бах во изјава за француските медиуми обелодени дека двоцифрен број земји се натпреваруваат за Игрите во 2036 година.

Според медиумите, меѓу земјите кандидати се и Саудиска Арабија и Катар, но Бах не сакаше да ги коментира амбициите на двете спортски сили од Персискиот залив.

„До овие игри има само 12 години, па рано е да се коментираат какви било интереси“, рече Бах.

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно

Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно.

“Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има слобода, има демократија и сигурна иднина, и токму тие граѓани се и наши најдобронамерни критичари, затоа што се демократи и затоа што имаат изградено граѓанска свест, за да биде подобро. Но во суштина тоа сме НИЕ, истите тие, што ја сакаме државата слободна, демократска, отворена, модерна, развиена. Исти вредности споделуваме, тие вредности секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно. Да не го потцениме моментот, сега е најважно. Важно е на 8 мај да покажеме дека сме обединети и дека заедно и подобро ќе продолжиме да работиме”, рече Сања Лукаревска, носителка во третата изборна единица.

СДСМ е одговорна партија. Ние не манипулираме, не продаваме бесперспективни илузии кои ја разградуваат државата од внатре, и и ја ослабуваат позицијата надвор. Тоа нема да го дозволиме и затоа ја бараме вашата поддршка на 8 мај, рече Лукаревска.

“Да не дозволиме она што го изградивме заедно, да се урне за само еден ден, да се вратиме назад - на поделбите на наши и ваши, на привилегирани и на казнети, на поттикнати внатрешни конфликти, а всушност сите изманипулирани, зашто тој концепт не нуди иднина. Се е јасно, се е веќе видено и чуено и тоа ни дава уште поголема верба дека сме на исправниот пат. И затоа не се откажуваме, веруваме во социјалдемократските вредности, веруваме во погресивните граѓани и веруваме дека на 8 мај можеме да продолжиме заедно”.

притисни ентер