Трамп се врати на бината и ги исмеа новинарите: Кога ќе ме нема, ќе нема за што да известувате (ВИДЕО)
2Трамп се врати на бината и ги исмеа новинарите: Кога ќе ме нема, ќе нема за што да известувате (ВИДЕО)
ЗдравјеМЗ: Препораки за заштита на здравјето на населението од високите температури и висок УВ индексПоради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето.Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето. Во продолжение потсетуваме на општите препораки за заштита на здравјето: - Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. - Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. - Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. - При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени. На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Министерството за здравство заедно со Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството, во континуитет и на дневна основа ја следат состојбата и доколку има пораст на температурите согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат предложени соодветни превентивни мерки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Шоу бизПочина екс-Ју пејачката и актерка, Оливера КатаринаАктерката и пејачка Оливера Петровиќ, попозната по нејзиното уметничко име Оливера Катарина, почина на 87-годишна возраст, а сега се познати деталите за нејзиниот погреб.Семејството ја потврди веста за смртта на една од најважните уметници од поранешна Југославија, а таа ќе биде погребана во вторник, 28 јули 2026 година, објави Телеграф. Последното збогување ќе се одржи на Новите гробишта во Белград, со почеток во 12:30 часот. Оливера Катарина остави неизбришлив белег како актерка и пејачка, а во текот на нејзината кариера, која траеше повеќе од шест децении, го стекна статусот на една од најавтентичните и најхаризматичните уметници на домашната културна сцена. Патем, Оливера се повлече од јавноста пред неколку години, а последните денови ги помина сама во изнајмен стан во Белград. - Јас сум сама во моите четири ѕида, заборавена од повеќето мои пријатели и колеги. Сепак, го зачував моето достоинство и не сум депресивна. Нема никого да молам - изјави Оливера за медиумите во тоа време. Имала две имиња и две презимиња Родена е на 5 март 1940 година во Белград, од татко Будимир и мајка Катарина Петровиќ. Детството го поминала на улицата Поп Лукина. По завршувањето на Петтата белградска гимназија, на наговор на татко ѝ, се запишала на Правниот факултет, но набрзо ги напуштила студиите. Отишла во Париз, каде што поминала една година, а по враќањето во Белград, се запишала на Театарска академија во класата на професорката Огњенка Милиќевиќ, учејќи кај подоцнежните великани Петар Краљ, Милена Дравиќ, Станислава Пешиќ и Бранка Зориќ. Оливера го добила својот постојан ангажман во Народниот театар во 1962 година со улога во култната претстава „Коштана“. Таму го запознала својот прв сопруг, тогашниот театарски критичар Вук Вуч, со кого била во брак две години. По првиот брак, нејзина голема љубов бил и познатиот ватерполист Милан Гале Мушкатировиќ. Подоцна таа помина седум години во врска со моќниот Ратко Дражевиќ, а по нивната разделба се омажи за претседателот на Конфедерацијата на синдикати на Србија, Миладин Шакиќ, со кого го доби синот, Манет Шакиќ, кој сега е успешен сликар. Мајката на Оливера се викаше Катарина, а самата актерка се претставуваше јавно како Катарина, во нејзина чест. Покрај тоа, Оливера јавно користеше две презимиња. И двете се однесуваат на нејзините поранешни сопрузи, па Оливера во еден момент беше позната како Оливера Вучо, а во друг како Оливера Шакиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Подготвен сум да потпишам мировен договор со Русија во Белата куќа (ВИДЕО)Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да потпише мировен договор со Русија во Соединетите Американски Држави, или во Овалната соба или во Мар-а-Лаго, резиденцијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја даде изјавата во интервју со Лаура Лумер, американска десничарска блогерка и близок соработник на Трамп, пишува Украинска правда. Понуда до американскиот претседател Кога Лаура Лумер го праша директно дали е подготвен да потпише мировен договор во Овалната соба, Зеленски одговори потврдно. „Да, подготвен сум. Секогаш му велев на претседателот Трамп дека сум подготвен да дојдам во САД, во Овалната соба или во Мар-а-Лаго. Од претседателот Трамп зависи“, рече тој. „Не е прашање каде, туку кога“ Потоа претседателот додаде дека локацијата на потпишувањето не е клучот за мировниот договор, туку моментот кога тој ќе се случи. Laura Loomer: Would you be willing to sign the peace deal with Russia in the Oval Office? Zelensky: Yes, I am ready. I am ready to come to the Oval Office or Mar-a-Lago for the peace deal. It depends on Trump. Source: @LauraLoomer pic.twitter.com/7ysDmFCGzP — Clash Report (@clashreport) July 24, 2026 Пресвртна точка во Ватикан За време на разговорот, Зеленски исто така рече дека Трамп разбира оти Русија не е заинтересирана за прекин на војната. Во исто време, тој истакна дека пресвртницата во неговиот однос со Трамп била кратката лична средба во Ватикан. Таа средба се одржала во базиликата „Свети Петар“ во Рим во април 2025 година.Тагови: Володимир Зеленски русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСеверина позира во бикини (ВИДЕО)Северина објави фотографии од одмор на социјалните мрежи на кои позира во впечатлива зелена комбинација, која веднаш привлече внимание. Пејачката носи бикини и долго здолниште изработено од лелеав материјал во ист дезен, а целиот аутфит оддава летна, бохо атмосфера. Сетот се издвојува со светло зелен дезен што потсетува на крилја од пеперутки, црни детали и кроеви што ја следат линијата на телото. Се издвојува долга здолниште со шлиц и странични врвки што може да се носи на неколку начини, во зависност од стилот што сакате да го постигнете. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) Тагови: Северина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook