МЗ: Препораки за пациенти со бубрежни заболувања, пациенти на дијализа и пациенти со трансплантиран бубрег - Канал 5

МЗ: Препораки за пациенти со бубрежни заболувања, пациенти на дијализа и пациенти со трансплантиран бубрег

Коронавирус инфекцијата може да претставува сериозна закана за пациентите со бубрежни заболувања, особено за пациентите кои се на дијализа или се со трансплантиран бубрег. 

МЗ: Препораки за пациенти со бубрежни заболувања, пациенти на дијализа и пациенти со трансплантиран бубрег

За таа цел од Универзитетската клиника за нефрологија се изготвени препораки за пациентите со бубрежни заболувања, вклучувајќи ги пациентите на дијализа (перитонеална или хемодијализа) и пациентите со трансплантиран бубрег.

Сите пациенти треба да продолжат да ја земаат досега препишаната терапија во препишаните дози, вклучувајќи ги и антихипертензивните лекови од групата на АКЕ инхибитори, додека нивните доктори не препорачаат поинаку. Пациентите на хемодијализа може да развијат поблаги симптоми во однос на другите пациенти со корона вирусна инфекција. Трансплантираните пациенти треба да ги преземат и сите неопходни мерки за превенција дадени за општата популација.

За пациентите на хроничен хемодијализен програм се наменети следните препораки:

- Пациентите кои имаат треска, висока температура или респираторни симптоми (кашлица, отежнато дишење) претходно треба да се најават во нивните дијализни центри пред да пристигнат, каде ќе бидат прегледани во посебна просторија независна од салата каде се води дијализа. Земањето на анализи за COVID-19 инфекција е по стандарден протокол како и за општа популација. Овие пациенти се дијализираат во издвоена просторија од останатите пациенти во тек на 14 дена, до добивање на резултат од тестот за COVID-19.

- Во однос на местото за дијализирање, процесот на дијализирање на пациентите со суспектна корона инфекција треба да продолжи во истиот центар, односно да не се препраќаат во други центри

- Во однос на транспортот на пациенти со покачена телесна температура, сомнителни за корона вирусна инфекција, треба да дојдат со индивидуален транспорт, односно да не користат јавен транспорт заради намалување на ризикот од проширување на инфекцијата од евентуално заразен пациент со COVID-19. Сите пациенти потребно е да носат заштитна маска ( по можност хируршка), а исто така и возачот.

- За понатамошен третман, пациентите со потврдена COVID-19 инфекција ќе бидат упатени во специјализирана болница за третман на инфицирани пациенти.

За пациентите кај кои е извршена трансплантација се наменети следните препораки:

- Доколку трансплантираните пациенти почувствуваат симптоми како покачена температура, треска и кашлица, потребно е прво да се јават телефонски на Клиниката за нефрологија (контакт тел. 070 387 054), со цел да се избегне контакт со други пациенти и да се спречи потенцијалното ширење на инфекцијата.

- Пациентите со трансплантиран бубрег кои се вратени од странство, треба да поминат 14-дневна изолација, како што важи и за општата популација.

- Пациентите со трансплантиран бубрег на Клиниката за нефрологија кои ќе имаат потреба од друг каков било третман ќе бидат сместени во соба за изолација, независно од останатите пациенти.

- Пациентите кои треба да се јават во болница или институт за каков каков третман или земање брис за COVID-19, потребно е да носат заштитни маски.

Во услови на прогласена пандемија со вирусот COVID-19, научните сознанија покажуваат дека одредени групи пациенти со придружни заболувања (дијабет, хипертензија, кардиоваскуларни, бубрежни заболувања) се почувствителни на COVID-19 инфекција и можат да развијат посериозно заболување. Токму затоа, од исклучителна важност е почитувањето на стручните препораки за заштита и превенција од вирусот:

- Мијте ги рацете почесто користејќи сапун, најкратко 20 секунди

- Користете средство за дезинфекција со 60 % алкохол доколку немате сапун

- Не ги допирајте носот, очите и устата

- Држете дистанца од другите луѓе од најмалку 1,5 - 2 метри

- Кога кашлате или кивате, користете марамче или во свиткан лакт

- Не допирајте предмети кога се движите надвор

- Излегувајте само по неопходни работи и кратко

- Останете дома и заштитете се себеси и останатите во заедницата.

Според досегашните сознанија, од пациентите кои развиваат сериозна инфекција со корона вирус и имаат потреба од хоспитализација, бубрежни нарушувања се регистрирани кај 25-50% од нив, а се манифестираат со поголема екскреција на протеини и црвени крвни клетки во урината. Само мал процент од пациентите (<15%) развиваат намалување во функцијата на бубрезите, односно акутно бубрежно оштетување. Досега не е евидентирано долгорочно оштетување кај пациентите кои се излечиле од тешка форма на корона инфекцијата со последици на бубрежната функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер