3Зајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилниците
МакедонијаМЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителствотоПредлог законот за зашитта од пушење цигари не е удар по угостителството туку заштита на правото на здраво работно место – ова е ставот на министерството за здравство, како предлгач на законското решение. По празничниот продолжен викенд, се очекува на заедничка маса да седнат претставицните од министерството за економија и труд и Туристичко угостителската комора и да разговараат за предлогот, угостителите забелешки имаат, но засега јавно не се соопштуваат, од комората велат со став ќе излезат по средбата. Од министерството за здравство и денеска преку соопштение, посочуваат дека законот не уредува дали некој ќе пуши цигари или не, туку јасно определува каде тоа не смее да се практикува со цел заштита на здравјето на сите пристуни – потенцирајќи дека истиот е во согласност со сите препораки на Светската здравствена организација и европските стандарди. „Предлогот ја третира изложеноста на тутунски чад како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на животен стил. Во угостителските објекти, токму персоналот е најдолго и најинтензивно изложен на чад од цигари и други тутунски и никотински производи, поради што државата има јасна обврска да го заштити правото на вработените на здрава и безбедна работна средина.“ велат од - Министерство за здравство. Дел од граѓаните со поделени мислења околу законското решение, но согласни се дека доколку профункционира новиот закон мора да има строги контроли и истиот да се спроведува во целост. Велат добро е да се има одредени простории каде оние кои се пушачи ќе може да седат и да конзумираат цигари... „Не знам дали ќе им се намали но секако се согласувам....“ „Нема да биде цел ден забрането сигурно навечер ќе се пуши... Мене ми смета забраната затоа што не можеш да му наредуваш на кој како ќе живее а нема лекови за луѓето....“ „Сум за законот да се усвои не би требало да се намали угостителите да изгубат.... Треба да има простор некаде да човек може да запали ццигара да се осеќа лагодно, а не да се крие по ќошиња, но сум за да не се пуши јас бев пушач 20 години .... “ „Се согласувам сепак е поради здравјето на останатите луѓе кои исто така се во кафеани, ресторани треба да се збарани...“ „Па најверојатно не не најверојатно мислам дека е правилно....“ Со предлог законот, кој треба да стапи на сила на 1март, ќе биде дозволено пушење на летни тераси само доколку тие се отворени од најмалку три страни. Во спротивно се предвидуваат казни и до 5.000 евра. Дополнително ќе има целосна забрана за пушење во затворени јавни објекти, а се предвидува забрана за пушење и во сите видови јавен превоз, сите јавни, воспитно-образовни и културни институции, заеднички простории во стамбени згради, како и приватни возила кога во нив е присутно дете. Физичките лица кои нема да го почитуваат законот ќе се казнуваат со износи од 100 до 300 евра. Забраната покарај за цигарите ќе важи и за сите други никотински производи и уреди. Тагови: закон за пушење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈавна расправа за предлог-Кривичниот законикУтринава се одржа јавна расправа за предлог-Кривичниот законик, на која ќе се обрати министерот за правда, Јетон Шасивари.Тој рече дека новиот закон се подготвува од 2019 година, а за негова изработка биле вклучени еминентни експерти. Според него со тек на време криминалот добива нови облици особено финансискиот криминал и сајбер криминалот, од тука е и потребата за нов закон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрпски медиуми: Уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Ј. ВучиќевиќСрпските медиуми објавуваат дека е уапсен Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственикот на телевизијата „Информер“.Иако засега нема официјална потврда од државните институции во Србија, веста за неговото наводно апсење прв ја објави токму медиумот чиј сопственик е Вучиќевиќ – „Информер“. Според нивните тврдења, Вучиќевиќ бил пресретнат од припадници на органите на редот на околу 50 метри од зградата на телевизијата. Според наводите на „Информер“, како и на други српски медиуми, Вучиќевиќ бил однесен во полициската станица во Вождовац. Медиумите наведуваат дека наводно се товари за предизвикување паника и нереди во продолжено траење, како и за попречување на правдата. Засега нема официјална потврда за овие информации од надлежните институции во Србија. Повеќе информации наскоро. Извор: Блиц.рсТагови: Информер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаЗајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилницитеПратеничката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова утринава во емисијата Здраво Македонија рече дека 19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за вововедување електронски наракцици за насилниците. Образложението од власта било дека нема доволно финансиски средства за ваквиот начин на евиденција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook