МакедонијаМЗ:Постигнат договор за намалување на цената за акредитација на приватните здравствени установиСоопштение до јавноста од Министерство за здравство.На денешниот работен состанок одржан во Министерството за здравство, помеѓу директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи Мерал Исмаили, претставникот Лирим Исахи и заменик министерот за здравство Доц. д-р Владимир Рендевски, на кој учествуваше и директорката на Државниот санитарен и државен инспекторат д-р Ирина Бухова, е постигнат договор за намалување на цената за акредитација на приватните здравствени установи. Ова решение беше резултат на согледувањето на актуелната економска криза во екот на Ковид пандемијата, како и се поголемите сметки за електрична енергија што во последните месеци ги плаќаат здравствените установи. На состанокот исто така беше констатирана важноста на процесот за имплементирање на акредитацијата на установите во здравството, со крајна цел подигнување на нивото на здравствените стандарди и пружање на поквалитетни здравствени услуги. Од Министерството за здравство исто така соопштуваат дека првиот работен состанок со приватните лекари, стоматолози и гинеколози е закажан за петок 25.02. во 14:30 часот. Работните групи ќе ги води Заменик министерот Владимир Рендевски, претставниците од 3-те сегменти на приватните здравствени установи, претставник од Фондот за здравствено осигурување и претставник од Лекарската комора на Република Македонија. Дополнително во работниот процес ќе бидат вклучувани и други експертски тимови. Министерство за здравстоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПроизводството на „Fiat 500“ продолжува: „Stellantis“ најде делови за каросеријата„Stellantis“ објави дека ќе го продолжи производството на електричните и хибридните модели на „Fiat 500“ во Торино, по петнеделен прекин на работата во одделот за каросерија поради недостиг на компоненти.Во целиот производствен комплекс „Мирафиори“ во Торино се вработени околу 1.400 работници, а повремените прекини во производството влијаеја и на други оддели, пренесува „ANSA“. Синдикатите „FIM-CISL“ и „UILM“ претходно предупредија дека зачестените прекини во производството поттикнуваат растечко незадоволство и несигурност кај вработените, кои со месеци се соочуваат со прекини во работата и неизвесност во однос на иднината на фабриката. Оваа година, „Stellantis“ најави намалување на бројот на вработени за 175 лица во Мадрид, додека во фабриката во Тихи, Полска, се планира укинување на 740 работни места по укинувањето на третата смена. Во Италија е најавено намалување на бројот на вработени за 485 лица, главно преку доброволно заминување и предвремено пензионирање. Извршниот директор на „Stellantis“, Антонио Филоса, предупреди дека производителите на автомобили и нивните добавувачи ќе се соочат со значителен пораст на трошоците за суровини и електронски компоненти – вклучувајќи мемориски чипови, печатени плочки и полупроводници – во текот на 2027 година, а веројатно и во 2028 година. Говорејќи на годишното собрание на италијанското здружение на производители на автоделови, „Anfia“, во Милано, Филоса изјави дека инфлаторните притисоци во овие категории ќе претставуваат трошок за „Stellantis“ во износ од милијарди евра, пренесе Ројтерс. Според Филоса, компаниите и добавувачите ќе мора да одговорат на овие притисоци преку зголемување на својата конкурентност. Сепак, ќе биде потребна и поддршка од италијанската влада и од Европската унија. Извор: Б92Тагови: Fiat 500 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаПросечната нето-плата во септември достигна 49.141 денарПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 49.141 денар и бележи растод 8,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.Реалниот раст на просечната нето плата, изнесувал 5,2%. На врвот на листата на исплатени плати се наоѓа и натаму ИТ секторот со просек од 88.787 денари, а на дното од листата се е сместувањето и услужните дејности со храна со 35.447 денари, со што највисоката просечна плата во земјава е два и пол пати повисока од најниската просечна плата за над 50 илади денари Државниот просек од 49.141 денар го земаат вработените во образованието каде што просечната нето плата изнесува 48.946 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
МакедонијаЃорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека по години негрижа, темелно е исчистен подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“.- Чистиот коловоз значи побезбедно возење за секој што минува оттука. Доволно е една кеса да заврши на шофершајбната или едно шише да се стркала пред мотоциклист за нечија неодговорност да загрози друг човек. Затоа, апелирам до возачите и сопатниците да не фрлаат отпад од прозорците. Тоа е мал гест со кој покажуваме почит и кон оние што возат зад нас и кон луѓето што секојдневно ги чистат нашите улици. Грижата за Скопје е секојдневна. Ние ќе продолжиме да го чистиме. Да го чуваме заедно – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook