МЗ: Поддршка за отворање на нови здравствени центри за рана интервенција кај деца со атизам - Канал 5

МЗ: Поддршка за отворање на нови здравствени центри за рана интервенција кај деца со атизам

Меѓународен ден на аутизам, МЗ дава целосна поддршка за реформирање и отворање на нови здравствени центри за рана интервенција кај децата со аутистичен спектар на нарушувања.

МЗ: Поддршка за отворање на нови здравствени центри за рана интервенција кај деца со атизам

Министерството за здравство согласно своите приоритетни задачи за унапредување на здравственета заштита на децата со попреченост, дава целосна поддршка за реформирање и отворање на нови здравствени центри за рана интервенција во кои од најраната возраст ќе се следи развојот на децата кај кои постојат и најмали индикации за постоење на болести поврзани со попреченоста на децата и конкретно со аутистичкиот спектар на нарушувања. Потребно е да бидат отворени неколку Центри за рана интервенција за деца со попреченост и поддршка и нивните семејствата. Со намера за обезбедување на средства за отворање на ваквите центри за рана интервенција се обрати до претставништвото на ЕУ во Скопје со првична намера за обезбедување на средства за изработка на физибилити студија преку механизмот на Европската унија (EU Integration facility (EUIF).

Министерството за здравство во изминатиот период во рамките на отворената соработка со граѓанскиот сектор а на барање на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет" од Скопје излезе во пресрет, им даде поддршка и им овозможи користење на дел од неискористениот простор на ЈЗУ во Здравствениот дом Скопје, во Општата болница во Охрид, во Специјалната болница Св.Еразмо и во Клиничката болница во Тетово за отворање на центри за давање на широк спектар на услуги кои можат да им помогнат на децата на кои имаат задоцнување во развојот или специфични здравствени состојби. Во овие центари е овозможено давање на потребна поддршка на децата од различни видови професионалци на околу 200 деца (без центарот во Тетово кој сеуште не ги примил своите корисници) во кои ќе им се помогне да го достигнат максималното можно развојно ниво со што им се зголемуваат шансите за успех во подоцнежните години. Како карактеристично мора да се напомене дека покрај вообичаената форма, за прв пат центарот во Тетово ќе се карактеризира со дополнителна форма на Мултиетнички центар за третмнан на деца со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром. Отворањето на овие центри е во рамките на промоцијата на развојната соработка во областа на социјалната структура на децата и младите со попреченост по иницијатива и соработка на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје која преку граѓанскиот сектор најде начин како да го финансира реновирањето и опремувањето на дел од наведните центри како и финансирањето на годишните третмани за деца од ранливи категории со аутисични нарушувања од социјално ранливи семејства.

Покрај планирање на овие активности, Министерството за здравство и понатаму ќе вложува напор за подигање на свеста на здравствените работници и за зајанување на капацитетите на јавно здравствените установи како одговор на потребите на лицата со попреченост.

Главната цел на овие центри е да се занимаваат со обезбедување на превентивни прегледи на новороденчиња и доенчиња, превентивни дијагностички процедури за рано откривање, и нивно навремено и соодветно лекување. Сето ова има за цел да го зачува и подобри здравјето на детето, да го спречи заболувањето како и појавата на нивните развојни нарушувања.

Во работењето во овие центри треба да се промовира Трансдисциплинарниот пристап во работењето со деца со попреченост и нивните семејства, од причина што во нашата земја до сега не бил дел од праксата во доменот на раната интрвенција како пристап е базиран на тимска работа помеѓу стручни лица од различни профили, како услугата на рана интервенција и поддршката на семејството од примарен давател на услугата, односно од едно стручно лице кое може најдобро да ги пресретне потребите на детето и неговото семејство.

Ваквите центри треба да создадат услови за рана интервенција и рехабилитација на последиците со што ќе се создадат поволни услови за елиминирање или надминување на последиците по здравјето на децата во подоцнежната возраст. Веруваме дека на овој начин, даваме допринос конкретно да му овозможиме на секое дете да се развие правилно, да има рана интервенција при рано дијагностицирани нарушувања во развојот, да ги спречува или ублажи пречките и да им се обезбеди психо-социјална поддршка на неговите родители, како легитимно право на секое хумано општество.

Аутизмот или аутистичниот спектар на нарушувања (autism spectrum disorderѕ, ASD), претставуваат широк спектар на состојби кои се карактеризираат со предизвици во социјалните интеракции, говорот и невербалната комуникација, како и повторувачки однесувања. Иако аутизмот, како термин е дефиниран пред повеќе од 50 години, веројатно оваа состојба била дел од човечката состојба низ историјата.

Како термин, Аутизмот е дефиниран пред повеќе од 50 години а веројатно и многу повеќе од тоа. Статистиката вели дека аутизмот се појавува на 5 од 10.000 деца, но за жал последните истражувања покажуваат дека преваленцата е уште повисока (91 на 10.000), а кај машките деца се појавува четири пати повеќе отколку кај женските а покрај тоа многу луѓе со поблага форма на аутистичен спектар можат да живеат без дијагноза. Поставувањето на дијагнозата на аутизмот може да одземе доста време поради комплицираната природа на аутистичната состојба. Во таа смисла раната дијагноза е од голема корист и овозможува да се превземе соодветна активност.

Здравствениот систем на РМ е основниот систем кој е од примарно значење за добробитот на децата со попреченост во што секако припаѓаат децата со Аутизмот или аутистичниот спектар на нарушувања. Министерството за здравство во изминатите неколку години редовно ги спроведува, одржува и унапредува општите и посебни мерки и активности од делот на Програмата на Владата на РМ со кои се овозможува на лицата со попреченост да ги користат истите права со останатите граѓани во државата и особено на исполнувањето на правата кои се однесуваат на исполнување на правата пропишани со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Министерството за здравство од самите почетоци на идејата, активно се вклучи во интерсекторскиот проект за подготовка на новиот модел на функционалната проценка за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете или младинец, базиран на Меѓународната Класификација на Функционалности (МКФ) како значајна реформа базирана на светските текови за давање на потполна поддршка на најмладата популација во општеството подготвен од Светската здравствена организација, со активна поддршка при спроведување од организацијата на УНИЦЕФ во земјава.

Во овој поглед, започнувањето со работа на новата Служба за функционална проценка на деца и млади во рамките на Службата за ментално здравје на деца и младинци „Младост" при Здравствениот дом- Скопје е доказ дека националната здравствена политика ја призна важноста на ваквите глобални напори.

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. 

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози.

Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност.

Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни.

„Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. 

Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Крива Паланка, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето, Горан Минчев, потпретседателката на Собранието и потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска, како и директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на Движењето, Злате Мехмедовиќ.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека резултатите од работата на функционерите на Движењето се видливи преку конкретните законски и институционални промени, кои сега се нотирани и потврдени и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година.

„Во изминатите две години ЗНАМ презеде одговорност за суштински промени во два значајни ресори, во Министерството за правда и во Министерството за јавна администрација. За таа работа, за конкретните резултати и промените што ги спроведуваме во институциите, даваме отчет пред граѓаните низ целата држава. Денес, тие резултати се нотирани и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Тоа е важна потврда дека она за што зборуваме и за што преземаме одговорност, не се само ветувања и политички пораки, туку конкретна работа препознаена и од нашите европски партнери“ истакна Димитриевски.

Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија нотира конкретни поместувања во правосудството, особено во донесувањето на новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка. Во јавната администрација, Европската комисија нотира умерен напредок, зајакнување на институционалните капацитети за координација и следење на управувањето со човечките ресурси, донесувањето на новите системски закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор, Законот за високите раководители, како и воспоставувањето на Академијата за јавна администрација.

Во однос на европската интеграција, Димитриевски порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел, но дека е потребно поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.

„Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и ние сме подготвени да продолжиме по тој пат, но очекуваме и Европската Унија да преземе поактивна и посуштинска улога во процесот. Потребна е поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, со јасна заложба за надминување на отворените прашања и спречување на нови билатерални блокади и условувања. Нашиот став е принципиелен и непроменет, уставните измени треба да имаат одложено дејство и да стапат во сила по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. Бугари во устав без гаранции нема да се случат. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме.“ истакна Димитриевски.

Движење ЗНАМ ќе продолжи да работи со истата определба со која ја презеде одговорноста пред граѓаните, да ги менува работите, да ги зајакнува институциите и да ги исполнува преземените обврски. Отчетноста не е само осврт на сработеното, туку и обврска за она што следува, бидејќи довербата на граѓаните се оправдува со дела, а не со зборови.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер