МЗ: По 30 години извршена комплетна реконструкција на Итната медицинска помош во Македонски Брод - Канал 5

МЗ: По 30 години извршена комплетна реконструкција на Итната медицинска помош во Македонски Брод

Здравствениот дом во Македонски Брод, во изминатите две години, реализираше бројни инвестиции за унапредување на условите за работа и третман на пациентите.

МЗ: По 30 години извршена комплетна реконструкција на Итната медицинска помош во Македонски Брод

Министерството за здравство информира дека после триесетина години е извршена комплетна реконструкција на просториите на Итната медицинска помош, поставени се нови внатрешни ѕидови, врати, извршено е молерисување и поставена нова медицинска и немедицинска опрема. Комплетно е реновиран и влезот на оваа установа со ново осветлување на првиот кат во Здравствениот дом.

Оваа инвестиција е во вредност од 10 илјади евра, а средствата се обезбедени од оваа јавна здравствена установа.

Согласно планот за јавни набавки, до крајот на годинава се планира и реновирање на биохемиската лабораторија и санитарните јазли, во вкупна вредност од 15 илјади евра. Обезбедени се и средства за комплетно реновирање на амбулантите во општина Пласница.

Исто така, реализирани се активности за зајакнување на кадарот. За две и пол години се реализирани 20 нови вработувања, од кои дел на неопределено работно време, а дел со договор на дело, меѓу кои се: доктори по општа медицина, доктор по стоматологија, поголем број медицински сестри ангажирани во патронажната служба, како и рендген техничар, биохемиски аналитичар, информатичар, хигиеничар и возач за потребите на Итната медицинска помош.

Од Здравствениот дом Македонски Брод, информираат дека во текот на минатата и оваа година, првпат по 20 години се испратени пет доктори на специјализација од областа на интерна медицина, гинекологија, радиологија, офталмологија, детска и превентивна стоматологија. Во текот на оваа година, се планира на специјализација да заминат уште тројца доктори од областа на педијатрија, биохемија и ургентна медицина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Рекордните врнежи што во петокот го зафатија Јапонија предизвикаа сообраќаен хаос и оставија илјадници патници заглавени на аеродромот „Нарита“ во Токио. 

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи патишта и железнички пруги среде една од најпрометните празнични недели во земјата, пренесува Ројтерс.

Јапонските власти потврдија четири смртни случаи, вклучително и лице заглавено во потопено возило. По едно лице сè уште се трага. Поради обемот на штетите, испратена е војска да помогне во спасувачките и санациските активности.

Според податоците на компанијата „Токио Електрик Пауер“ (Tokyo Electric Power), во петокот наутро повеќе од 22.000 домаќинства останале без електрична енергија. Во градот Чиба, една од областите што претрпеа најголеми штети, стотици луѓе ја поминале ноќта во привремени центри за евакуација, поставени во јавни објекти.

Портпарол на аеродромот „Нарита“ изјави дека околу 7.000 луѓе останале заглавени во терминалот поради прекинот на сообраќајните врски. Тој додаде дека, сепак, се очекувало сите летови планирани за петок да полетаат навреме.

Од „Џапан ерлајнс“ (Japan Airlines) посочија дека се можни доцнења, но дека засега нема планови за откажување на летовите.

На снимките од јавниот радиодифузер NHK се гледаат стотици патници како спијат на подот од терминалот, покриени со ќебиња што им ги обезбедило аеродромското персоналот, заедно со храна и вода.

„Никогаш нема да го заборавиме ова патување“, изјави за NHK еден американски патник кој останал заглавен на аеродромот со своето семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Локализиран пожарот кај Лознани по 24-часовна интервенција на пожарникарите и населението

По 24-часовна интервенција, куќите во селото Лознани, помеѓу општините Могила и Прилеп, повеќе не се загрозени, информираа ноќеска директорот на Дирекцијата за спасување, Стојанче Ангелов, и командирот на битолските пожарникари, Христијан Тодоровски

Локализиран пожарот кај Лознани по 24-часовна интервенција на пожарникарите и населението

„Најпрвин имавме дојава за пожар во прилепско Маково. Почнавме таму да гасиме. Потоа имаше пожар во месноста Ергела накај селото Гнеотино, за во вечерните часови да се разгори пожар кај Лознани. Тој пожар го работиме цел ден денеска и го локализиравме дури вечерва. Имавме премногу тешка борба во Лознани во Новоселани беа загрозени куќи, успеавме да ги спасиме. Сега имаме активен пожар према селата Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани. Исто така, во текот на денот имаше и пожар кај селото Маково, о од друата страна на патот“, информираше Тодоровски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 14. август 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 14. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 14. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас.

Кариера

Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа.

Здравје и совет

Сите ќе ги победите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу.

Кариера

Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник.

Здравје и совет

Ослободете се од љубовните грижи.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг.

Кариера

На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено.

Здравје и совет

Дозирајте ја храната и пиењето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања.

Кариера

Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура.

Здравје и совет

Пијте повеќе течности.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани.

Кариера

Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став.

Здравје и совет

Претерувате во исхраната.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна.

Кариера

Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање.

Здравје и совет

Пораснете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени.

Кариера

Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред.

Здравје и совет

Денеска планетите се на ваша страна.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете.

Кариера

Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите.

Здравје и совет

Јадете пополека и доволно џвакајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. не форсирајте ништо.

Кариера

Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас.

Здравје и совет

Мали нервози.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок.

Кариера

Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат.

Здравје и совет

Слушајте ги луѓето во вашата околина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба.

Кариера

Вашата енергија ќе биде заразна за околината. на многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата.

Здравје и совет

Понекогаш земете си пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки.

Кариера

Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје и совет

Бариерите се уриваат сами од себеси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер