МЗ: Оздравени се 38 пациенти, потврден 21 нов случај на Ковид 19, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 493, Куманово - 384, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –147, Тетово – 76, Струга – 66, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш - 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -7, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница - 2.

Направените 279 теста се преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода -12 и МАНУ - 8. Досега во земјата се направени вкупно 16050 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на ковид-19.

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања, кои истите ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.

Во Битола одбележан денот на пожарникарството

Општина Битола и Територијалната противпожарна единица, традиционално го одбележаа 20 мај – Денот на пожарникарството во Македонија. 

Општина Битола и Територијалната противпожарна единица, традиционално го одбележаа 20 мај – Денот на пожарникарството во Македонија. По овој повод, пред спомен плочата кај противпожарната зграда, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски и претставници на Советот на општина Битола.

Градоначалникот Коњановски, заблагодарувајќи им се за успешната работа на пожарникарите, потсети дека, оваа локална самоуправа започна со реализација на проектот кој е долгогодишна потреба на ТППЕ Битола, а се однесува на изградбата на нов противпожарен дом. Исто така, годинава за првпат беа доделени златни плакети за посебен придонес, посветеност и професионалност во работењето на двајца пожарникари кои заминуваат во пензија и една златна плакета на пензиониран командир за неговиот посебен придонес во развојот и напредокот на ТППЕ Битола.

„ Дозволете во мое лично име и во име на вработените во локалната самоуправа, да го честитам 20 Мај – Денот на пожарникарите на Македонија. Славиме исклучителен јубилеј, 188 години од првата противпожарна единица на Балканот, формирана 1836 година во Битола. Тоа е голем јубилеј и во таа насока како локална самоуправа сакаме да оддадеме почит на сите оние кои се вложиле во чувањето на нашите добра, на нашите животи. Ова е многу значајна институција, во која ние навистина сакаме да дадеме придонес, но и да ги подобриме услоовите за нивното работење. Во таа насока, покрај повеќегодишните напори да се направи нешто во тој однос, за подобрување на стандардот и условите во кои работат овие наши херои, оваа година, веќе отпочнавме со работите на терен за изградба на новата зграда на ТППЕ Битола. Ќе добиеме нов објект, на површина од 1600 метри квадратни, во вредност од над 52.000.000 денари, активностите се веќе започнати и до крајот на годината објектот треба да биде до карабина завршен, при што ќе почне втората фаза за внатрешно уредување, со доволно простор и услови за она што тие го заслужуваат, за овој стар објект во центарот на Битола да добие адекватна замена и нова локација, во нов објект во поранешната касарна. Од друга страна, заедно со општините Новаци и Могила, правиме се и во делот на опремувањето со нова опрема, нови одела, следејќи ги новите стандарди, имаме доволно возила и правиме се што е во нашите можности за да овозможиме достојни услови за работа. Во знак на благодарност за посветеноста и пожртвуваноста, од оваа година воведуваме и нова пракса на доделување на благодарници на пожарникарите кои се пензионираат, а тоа оваа година се Јоше Влинтовски и Марјан Гиновски, но и благодарница во форма на златна плакета за лица кои во својот работен век, со својата посветеност и ангажираност дале посебен придонес во развојот и напредокот на ТППЕ Битола. Оваа година, на предлог на вработените во ТППЕ Битола, таква плакета му доделуваме на Владо Наумовски“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Помошник командирот на ТППЕ Битола, Горан Димковски, нагласи дека со нетрпение го очекуваат новиот објект, кој ќе им ги овозможи условите за непречено функционирање.

„После 34 години мое работно искуство, го очекувам тој момент. Се надевам дека ќе успеам да влезам во тој објект кој ќе ни биде од исклучителна важност, зошто е на доста добра локација, која ќе ни овозможи градот да ни биде на располагање да тргнеме во сите 3 страни: кон исток, запад или кон центар на градот. Моментално ТППЕ има 41 вработен, но според стандардите треба на 1500 жители да има 1 пожарникар, што би значело 60-65 пожарникари за да се комплетира. Имаме одлични возила со кои можам да се пофалам, 14 на број, сите се исправни. Имаме добри теренски возила кои ги набавивме од Франција, заедно со градоначалникот, 5 теренски возила кои можат да донесат вода на било која локација од градот“, изјави Димковски.

Украина со шест беспилотни летала погоди руска рафинерија

 Руската нафтена рафинерија во Славјанск, Краснодарската територија, беше оштетена по напад со беспилотно летало кон крајот на минатата недела, изјави денеска безбедносниот претставник на компанијата, Едуард Труднев.

Според локалните власти, шест беспилотни летала ја погодија областа на нафтената рафинерија во Славјанск во раните утрински часови во неделата.

По нападот, рафинеријата престанала да работи. „Причинета е штета. Ќе се утврдат нејзиниот обем и големина“, рече Труднев.

Рафинеријата во Славјанск е приватен објект со капацитет од околу 100.000 барели дневно. Произведува гориво за домашни потреби и за извоз.

Русија бележи зголемување на бројот на украински напади откако нејзините сили отворија ново бојно поле во североисточната украинска област Харков претходно овој месец.

Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на Нетанјаху и на лидерот на Хамас

Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводни воени злосторства.

„Постојат разумни основи да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече обвинителот на Меѓународниот суд на правдата.

Судот бара налог за апсење и на лидерот на Хамас , Јахја Синвар.

притисни ентер