3Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа
3Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
ЗдравјеМЗ: Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите 078 378 754Мобилни тимови составени од психијатри и психолози ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите од трагичната несреќа во Кочани. Сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка. Како што информира Министерството за здравство, мобилните тимови се формират во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија. - Како дел од оваа иницијатива, мобилен тим од двајца лекари и еден психолог ќе биде ангажиран во Кочани, со цел да се обезбеди навремена и соодветна психолошка поддршка на граѓаните, стои во соопштението. Министерството за здравство наведува дека останува посветено на унапредување на менталното здравје и обезбедување на соодветна грижа за сите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
СветХорор во Египет: Девет деца загинаа кога минибус падна во канал (ВИДЕО)Девет деца загинаа, а две беа повредени кога патнички минибус падна во канал во областа Абу Тиг во покраината Асиут во јужен Египет, соопштија денес локалните власти.Возилото паднало во водата на локација околу 320 километри јужно од Каиро, во покраина позната по своите историски места, пренесува АП. Локалните медиуми објавија дека дефект на управувачот предизвикал превртување на возилото во кое биле децата кои се враќале дома од работа на блиските фарми. مصرع 9 أطفال إثر سقوط تروسيكل كان يقلهم في ترعة على طريق النخيلة- أبوتيج أثناء عودتهم من العمل بالأراضي الزراعية وفرق الإنقاذ تواصل جهودها للبحث في موقع الحادث pic.twitter.com/e4Hf6DJHP7 — الجزيرة مصر (@AJA_Egypt) June 30, 2026 Локалниот информативен канал Каиро 24 соопшти дека децата биле на возраст меѓу 10 и 17 години. Фотографиите објавени од канцеларијата на гувернерот покажаа десетици луѓе собрани во близина на каналот и обучени нуркачи кои го пребаруваат каналот за тела. Гувернерот на Асиут, Мохамед Елван, им нареди на властите да спроведат безбедносни мерки, вклучително и поставување бетонски бариери по бреговите на каналот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожар во близина на Солун, евакуирано населениетоПожарот избувнал околу пладне по локално време во ниска вегетација во Дервени, а потоа се проширил на шумската област, според „Катимерини“.Телото на лице кое сè уште не е идентификувано е пронајдено денес во шумската област Дервени во близина на Солун, каде што се гаси голем пожар, додека една жена се здобила со изгореници, а на жителите на блиското село Лити им е наредено да се евакуираат, соопштија грчките власти. Пожарот избувнал околу пладне по локално време во ниска вегетација во Дервени, а потоа се проширил на шумската област, според „Катимерини“. Грчките служби за итни случаи испратиле две пораки до граѓаните преку системот за известување за итни случаи 112. Првата ги предупредила за пожарот, додека втората наредила евакуација на жителите на селото Лити. Пожарникарите евакуирале 40-годишна жена со изгореници од дворот на куќа, која потоа со брза помош била однесена во болница во Солун. Според грчките медиуми, жената се здобила со изгореници главно на рацете, како и на бутот и вратот, а нејзината здравствена состојба е стабилна и не е опасна по живот. Пожарникари, волонтери, припадници на грчката полиција и служби за итна медицинска помош се распоредени на местото на настанот, учествувајќи во гаснењето на пожарот и обезбедувањето на загрозеното подрачје. Во гаснењето на пожарот учествуваат и воздушни противпожарни хеликоптери, додека на местото на настанот се испратени и цистерни со вода од регионалните служби. Според дневната проценка на ризикот од пожар, областа моментално е во зона со висок ризик за појава и ширење на пожар. Извор: Б92Тагови: пожар солун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за ЕвропаПретседателката и Врховна командантка на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа.За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот. Елаборирајќи ја подготвеноста на македонските вооружени сили за справување со безбедносните предизвици, таа укажа на видливиот и ценет македонски придонес во рамките на НАТО одбранбениот систем. Соговорниците ја истакнаа важноста на изградбата на Коридорот 8, не само за регионалната отпорност, туку и за колективната одбрана. Генералот Алексус Грегори Гринкевич, како предводник на воените операции на НАТО, истакна дека SECEUR ја цени професионалноста и посветеноста на македонската Армија, потврдени преку учеството во бројните мировни мисии и сојузнички активности, оценувајќи дека македонската успешна приказна заслужува да биде претставена на претстојниот Самит на НАТО во Анкара.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook